Јас не велам дека се на различно ниво. Напротив - и Хобитот, и Нарнија се книги за деца, ама Хобитот не ми го направи меракот како Нарнија серијалот. А „Игрите на гладните“ ќе ги читам откако ќе ги изгледам и последните два дела од филмскиот серијал. Некако не ми иде - на средина сум со филмовите, а да го дознаам крајот преку книгите.[DOUBLEPOST=1395859375][/DOUBLEPOST]
„The Chronicles of Narnia“ кај нас на македонски од АЕА издавачи е преведена како „Историјата на Нарнија“. Според мене, не менува многу во суштината на насловот, „Хроника“ е некој вид синоним на „Историја“.
А за тоа која е прва книга, нема збунки, туку дејствијата во книгите не се случуваат хронолошки. Прва книга е „Лавот, вештерката и ормарот“, но дејството во „Внукот на маѓесникот“, што е шеста книга по редослед на издавање се случува пред првата. Затоа постојат два начини на читање на книгите:
1.Според хронологија на дејствието:
- Внукот на маѓесникот
- Лавот, вештерката и ормарот
- Коњот и неговото момче
- Принцот Каспијан
- Патешествието на бродот „Мугра“
- Сребрениот стол
- Последната битка
2.Според редоследот на издавање на книгите:
- Лавот, вештерката и орманот
- Принцот Каспијан
- Патешествието на бродот „Мугра“
- Сребрениот стол
- Коњот и неговото момче
- Внукот на маѓесникот
- Последната битка
Кога јас ја читав, го одбрав вториот начин, зошто прочитав дека и К.С.Луис препорачувал книгите да се читаат по тој редослед, а не според хронологија на дејствието, и не зажалив. Напротив, мислам дека многу повеќе збунки ќе има кога ќе се чита доколку се избере првиот начин.