- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Ова е стара акција, не е новата која почнува од понеделник.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ова е стара акција, не е новата која почнува од понеделник.
а баш вчера си викам...абе коа ќе биде...фала многу
Хобитот е веќе преведена на македонски одамна. Минимум 2 изданија има. Едното што го имам дома е од Феникс, а другото не ми текнува од кој издавач е , ама е со кафеава корица и Билбо на неа со качулка и стап во рацете.Уште пред 10тина дена изгуглав да видам на кои дати ќе е саемот.
Очигледно хит ќе се конечно преведените делови Game Of Thrones . Ја би си ја купил попрво Хобит ако КОНЕЧНО ја превеле на македонски .
Втора опција со мерак да си купам 3-4 книги од различни автори . Без претходна припрема и размислување . На лице место . Цел ден има да го утепам внатре. Не за џабе ќе платам влез![]()
Хобитот е веќе преведена на македонски одамна. Минимум 2 изданија има. Едното што го имам дома е од Феникс, а другото не ми текнува од кој издавач е , ама е со кафеава корица и Билбо на неа со качулка и стап во рацете.
Па една книга е Хобитот, не е во делови.Пишува на фб страната на Феникс во еден пост : Хобитот 300ден. Не вика прв дел/втор дел. Битно добро е што ја има.
Да, Хобитот е една книга, не е во делови. Првото издание на Феникс излезе во 2007, и јас го имам, а вториот превод, ако не се лажам, беше на Икона пред неколку години. Инаку, мојот впечаток е дека книгата е досадна во споредба со филмовите. Претпоставувам дека македонскиот превод си го има уделот тука. Се сеќавам дека додека ја читав и не уживав баш, иако веќе одамна беше.
Прво филмовите ги изгледавте, па книгата ја прочитавте?За Хобитот и јас ќе кажам дека ме разочара, очекував многу повеќе, но не ми одеше читањето. Не ја ни дочитав, што ретко се случува. Ако случајно в раце ми падне англиска верзија би се обидела пак да ја читам и баш да видам дали овие нашите со преводот ептен ја утнат работата. Инаку уште не сум видела што понуди ќе има на саемот ама има време ќе се информирам.
Не, книгата ја читав уште во 2007. Тогаш абер немаше од никаков филм. И едно другарче што обожава фантастична литература и за кој ASOIAF е врв ја читаше, и многу се изненадив кога ја остави. Мислам дека никогаш не ја дочита. Ти велам - можно е да е проблемот до македонскиот превод, не велам дека книгата е лоша.Прво филмовите ги изгледавте, па книгата ја прочитавте?
Мене преводот ми е ок. Проблемот најверојатно е во тоа што, првенствено е книга за деца, Толкин ја има пишувано со таа намера, па откако станала популарна, решил да ја напише ЛОТР во многу помрачен стил. Мислам дека и таму може да се забележи се помрачно и помрачно дејство од една кон друга книга. Всушност, на почетокот на издавањето на Хобитот се срамел од неа и не сакал неговите колеги писатели да дознаат дека толку реномиран професор нашипал детска книга.Не, книгата ја читав уште во 2007. Тогаш абер немаше од никаков филм. И едно другарче што обожава фантастична литература и за кој ASOIAF е врв ја читаше, и многу се изненадив кога ја остави. Мислам дека никогаш не ја дочита. Ти велам - можно е да е проблемот до македонскиот превод, не велам дека книгата е лоша.
Moжеби тука лежи зајакот, во право си. Само сепак, лани ги прочитав сите 7 делови од „Историјата на Нарнија“ на К.С.Луис и далеку поинтересни ми беа од Хобитот, иако и тие се детска литература. Хобитот ми беше досадна, навистина!Мене преводот ми е ок. Проблемот најверојатно е во тоа што, првенствено е книга за деца, Толкин ја има пишувано со таа намера, па откако станала популарна, решил да ја напише ЛОТР во многу помрачен стил. Мислам дека и таму може да се забележи се помрачно и помрачно дејство од една кон друга книга. Всушност, на почетокот на издавањето на Хобитот се срамел од неа и не сакал неговите колеги писатели да дознаат дека толку реномиран професор нашипал детска книга.