Едноставо проста е математиката,мора да се добие Чешка денес,мора....
Настрана се,после она нивно издание со Австрија мора да ги тепаме....
Имаме се на тацна,бавен противник,вакви бараме

...
Брз проток на топка немаат,бекови како шлепери,десен бек воопшто и немаат....
Одат на бавно завршување на нападите,пред се индивидуално ги решаат акциите..
Едноставно треба да се примени рецептот на Австријците:
ЗГУСНУВАЊЕ НА СРЕДИНАТА,ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ЈИХА И ХОРАК И ДА СЕ ОЛАБАВИ МАЛКУ КАЈ КРИЛАТА..
Барем за ваква игра сме махери,посебно шо последните години Ацо и Велко се покажаа како еден од најдобрите тандеми во одбраната....
Нема од шо да се плашиме,нема шо да понудат,само да се излегува навреме на Јиха и Хорак,да се внимава да не им се остави простор за скок шут,да ги натераме да бијат од неизградени позиции,да бијат од место,преку рака,,,ако успееме да ги затвориме немаат решение,сами ќе се распаднат...
Не треба да познаваш ракомет за да го увидиш ова...
Плус,евидентно беше дека
се многу психички слаби..
На првото водство на противникот од неколку гола се распаѓаат,не знаат шо да прават...
Мора да се искористи ова,ако наметниме добар ритам,од самиот почеток да го преземиме водството и нема кај да ни бегаат...
Па после ќе си го толчиме на контри...
Е сега,за да се оствари вакво сценарио ќе ни треба добра одбрана,и пред се голман..
Борко е во топ форма,да се надеваме дека денес ќе биди во елемент....
Ако тој фаќа топки и да ги толчиме на контри еве ја победата..
Чесите се тешки,не се враќаат брзо на контра и полуконтра,тука ни е шансата,ако имаме брз проток на топка ќе ги разбиеме....
Колку повеќе брзи голови,толку побрзо ќе се изгубат Чесите..
Според мене клучот е во првото полувреме,ако тогаш успееме да направиме позитива,после ќе биди полесно...
Чесите имаат огромен императив пред себе,ќе мора да тепаат,ова им е меч на одлука,од Данска ќе изгубат како Грција....
Мора да го искористиме ова...
Да успееме да го задржиме Јиха,да нема свој ден и половина од работата е завршена...
Хорак е класичен шутер,нема кај него мислење,за него ќе ни треба добар голман..другите бекови не се ништо посебно,Бабак има некоја техника,би можел да прави некои проблеми,ама ако таа средина е доволно густа нема кај да оди,Скленак е бавен тежок,го играат на десен бек,а е десничар,нема од него шо да стравуваме,повеќе оди кон средина...за првиот десен бек шо го имаат,еден со реп,нема шо да се трошат зборови за него,послаб десен бек немам видено...

...
Тоа е рецептот,одбрана и контри,и секако расположен голман...

Одиме со победа,денес нема кај да бегаат....слободно пишете си ја Македонија в кладилница...