Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.653
- Поени од реакции
- 31.884
- Возраст
- 34
Znam Darling, ja sum die-hard fan na Sherlock Holmes i mene mi e teshko da go napisam toa, ama za zal taka se cuvstvuvam.
Aj да пробам да опишам кај се разочаруваш. Претходно пиша дека го имаш гледано оној со Џереми Брет, го гледав и јас, и бев заразен едно време, дури и низ форумов од таа моментална фасцинација имам делкано дека таа Шерлок е најдобрата серија ever (што не мислам така во моментов, после стабилизирање на мислите).
Тука имаш случај, замрсен случај кој цело време го погодуваш и на крајот си пак заебан.
НО, едно огромно НО, тој случај е правен строго по книгата, со ептен минимална игра на експериментирање од продуцентите, што значи, целта е да се истакне она Шерлоковското, непредвидливото, детективското.
Е тука имаш спојка на модерно време со староото време преку огромна игра на експериментирање на екипата која ја работи серијата. Немаш строги црти по книгата, имаш сосем нови приказни, и целта не им е една и единствена, откривање на еден случај во една епизода, со сите замрсености и непредвидливости.
Целта им е да внесат забава, да внесат хумор, да внесат драма елементи, покрај случаите кои се развлекуваат од епизода во епизода.
Што значи поентата ми е дека ако очекуваш нешто слично на она со Џереми Брет, само во ново време, си ја утнал поентата на серијата, бидејќи тогаш немаше да правиме муабет за нешто ново, оригинално, туку за некое си продолжение на нешто започнато од дамнешни времиња.
Пробај да го прифатиш концептот на серијата како што е, модерен, својствен за себе, таков каков што е.
