Нишо не сум читал од то се што сте изнапишале, ради спојлери. Толку многу ме страв од истите, шо еве сеа ви пишам покриен со ќебе, нуму да ме познаете, па да ми ја сполните по прајват.
Бидна пилотот. Најмногу од се ме бендиса метаболизмот на музиката. Додуша ми ја дизбалансира малку секрецијата на сивоќа кон дарк, али ми го сотре и целулитот таму кај шо се таложат чувствата. Ми напрае и некој окер немир пропратено со редукција на дишењето.
Крикот на таткото е издркан у прав момент. Тежината која ја осетив кратер ми напрае у мојов пивски стомак!
Линден, не е да речиш да си облизиш усни од шо е секси. Не! Машка паца, со два броја поголеми кошули и засукани ракави, али ми влева некоја сигурност. Не брини, дада е тука.
Клецачот и ме нервира нешо. Не можам да објаснам, али ме нервира.
Партнерот, демек излезен од рикот на улицата, само ја избрал добрата страна? Бетон фраер, али типувам дека ќе ја плесни Линден, нели?
Многу бајата, досадна и дежаву ми е на почеток таа приказната со градоначалникот ебачиште, али ај да видам до кај се спремни да идат.
Камерчето милина. Како го циркумизира кадарот на време, астралната проекција која ми ја нуди, како лизгаше по косата од која се цедеше животот мх,мх,мх...
Ме уби и реума од дождот. Шо се дош че падвит?
Прашањата се реторички
Io Sono Interista и
Zlatikevichius, аман!
Тргнав некако. Се надевам дека серијава ќе биди мојот нов наркотик.