The Killing

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.358
На сцената кога го обесија ликот на Питер Сарсгард? И кога истиот лик бараше прошка во сцената кога го пуштија надвор со другиот затвореник што се молеше на господ?
:) Јас на овие испуштив понекоја емоција...
Веројатно не бев доволно приврзан за ликот, штом не ме погодија толку тие сцени.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Да некако малку ми се чинат 6 епизоди за нов случај, не знам што планираат да прават ама после тоа што Нетфликс го направи со Хаус оф Кардс немам сомнежи дека ќе биде и ова добро.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Изгледа јас сум меѓу последните кои сега прв пат ја гледат серијата :D

Само што ја изгледав првата сезона, крајот богами и ме изненади, некако ни нудеа повеќе можни убијци, но очигледно ниту еден не беше доволно уверлив дека може да биде. Уште на почетокот од сезоната, мене професорот Бенет ми беше сомнителен, и сигурен бев дека тој ќе испадне, али пак од друга страна имав сомнежи дека толку рано убиецот нема шанси да се открие кога се сомневаа на него. Тој дечкото што и беше на Роси, Џаспер мислам беше исто ми беше непотребен лик, целата таа ситуација ми беше ептен клише и предвидлива до немај каде.

Е сега околу Ричмонд - последните епизоди малку повеќе откривање, на крајот се шокирав со откритието дека всушност Холдер ги лажирал снимките, што се уште не ми е јасно која е причината, и ужасно ме интересира кој беше со него во колата, првен мислев дека е оваа љубовницата на Ричмонд плавата но потоа ја дадоа нејзе во друга сцена и ја елиминирав сега не знам кој би можел да биде.

Некако ситуациите со семејството на Роси ми се најглупави, не знам зошто ама ептен ме иритираше ликот на Мич, мајка и, ајде татко и до некаде интересно беше сите тиа расплети, но Мич, посебно кога беше готова да се самоубие во кадата, па јебига како да нема други деца за кои треба да се гриже, а на почетокот изгледаше тотално незаинтересирано за тоа каде е ќерка и пред да ја најдат, bullshit ми беше сето тоа.

Очекувам уште поодлична втора сезона, ми се допаѓа тоа што ќе ме држат во неизвесност кој е убиецот. А да и не знам зошто секоја серија ја споредувам со Bron па изгледа ќе треба да ги намалам очекувањата за серии слични на неа, бидејќи откако ја изгледав таа сите други ми изгледат послаби напсрема неа, и се ми е веќе видено, но ете The Killing успеа да ми го задржи вниманието и да ме забавува, втора сезона веќе е при крај со симнување.:cool:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Не ми ја спомнувај мајка и на Рози. Еден од најнапорните ликови у сите серии заедно, само се среди колку-толку у втора сезона...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Кога ќе ми текне дека јас го знаев убиецот пред да почнам да ја гледам серијата, ми се упропасти феноменално финале !
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Исто! Мене ми се деси Плух. Тебе?
Чисто случајно ми беше пуштен телевизорот на E! и идиотите наредниот ден кога се прикажало финалето во Америка без спојлер алерт кажаа кој е, тогаш немав ни план да ја гледам :)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Супер, мене ми е сосема океј серијава, спора и полна со пресврти баш каква што сакам(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom