ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.973
- Поени од реакции
- 57.795
- Возраст
- 34
Оти Арсенал толку понапред од Ливерпул е прашањето, прост е одговорот и не е Суарез, само погледни ја табелата од минатата сезона (да таа иста сезона во која Ливерпул го има Суарез а Арсенал не), погледни ги табелите и од минатите сезони и се ќе ти е јасно, последен пат завршиле во топ 4 во 2009 год (тој тим тогаш и овој сега составен од играчи од типот на Аспас, Ален, Хендерсон, Даунинг и сл. е разлика како земја и воздух)
Океј, лани имаа нов менаџер (кој по се изглед не знаеше што прави на почетокот па после малку се среди) и зимата добија добро засилување во Стариџ. А и Аспас е сосема солиден играч и повеќе „би се крстел“ во него отколку во ланските „феномени“ на Ливерпул: Џонџо Шелви и Сусо.
Според мене нема многу разлика кај Арсенал и Ливерпул, и ако Суарез остане и игра ко лани, и разликата на табелата нема да биде голема.
Но, чудна сезона не очекува барем според вас фановиве на премиерлигашките тимови. Никој не се става самиот во фаворитска улога. Чудно.
