Barclays Premier League Season 2013 - 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои Премиер Лигата?

  • Вкупно гласачи
    289
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Сега ќе биди интересно со Ливерпул, Роџерс изиграва некој каубоец, барал да се извини Суарез, Суарез несака да се извини и од целата ситуација Ливерпул пак ќе си остани со прстот в уста.
Значи дури не се извини Суарез тој нема да заигра пак, то ќе се пролонгира максуимум до на зима и на суд ќе добие Суарез и ќе замини за ниска сума.
Друго сценарио, намерно го држат Суарез, за да на 31 Август го продадат и автоматски тој станва предавник, затоа што си заминва во 5 до 12, навивачите го плукат него, а газдите си тријат раце со 50м, кои нема време да се потрошат за замена.
Далеку е Ливерпул од топ 4.

Дури немаше одговор од Роџерс и Ливерпул не чинеше така, многу лабаво го држат, прај шо сака, сега кога го стегнаја, пак не чини....ех на опозицијава не му се наоѓа крајот :D :D
 
Тие филмој вие си ги прајте шо живејте во заблуда. Ко ќе останиме и без Суарез и без пари и без топ 4, тогаш ќе ве видам :D
 
То ти е исто ко на ВМРО сега да му речат ќе останите без Груевски, без споменици, и без влез во ЕУ :D :D
 
ВМРО неможи да остани без Груевски, зато шо секоја сезона освојват титула, Ливерпул можи да остани без Суарез зато шо секоја година освојват 8мо место. Не мешај поќе глупости :D
 
Нема апликација на smartфонот за да му кажи како треба :)))))))))))
 
Дури немаше одговор од Роџерс и Ливерпул не чинеше така, многу лабаво го држат, прај шо сака, сега кога го стегнаја, пак не чини....ех на опозицијава не му се наоѓа крајот :D :D
Роџерс шо и да направи, и Меси и Роналдо да ги земе, луѓе ко него никад нема да го оправдаат. Не им се секирај ти нив, секад ќе најдат нешто шо не им чини...
 
Што Роналдо бе? Кој Роналдо? Тој за Манчестер што играше? Пари да ми дадат не го зимам.

Меси? Абе каков Меси, не се будали. Пројде неговото време. Сега сите кога го бараат Фалкао-Малкао, Хулк-Мулк...ние по Меси ќе одиме.:facepalm:
 
Густаво е многу потценет играч,само тоа ќе кажам.
Да дојде,и те како ќе ги исплати до последен цент парите:)
 
Гледам многумина како главни конкуренти ги ставаат Сити и Челзи, а за Јунајтед сметаат дека ќе биде „позади“. За Челзи и јас се согласувам, но чуму толкава предност на Сити во однос на Јунајтед?

Некои викаат, Сити добиле јак тренер. Но во што е тој јак тренер појак од Мојс? Во титули? Да, ама за една, Интертото куп во 2004. Во надминување на очекувањата во просечни екипи? Па тоа го правеше и Мојс во Евертон. Пелегрини веќе имаше една неуспешна приказна во клуб кој имаше голем број на ѕвезди.

Нормално, можеби научил од таа приказна, а најверојатно тука во Сити и нема да има притисок од „горе“ во клубот при кроењето на составот, но според мене, Сити не добива апсолутно ништо повеќе од Манчини во Пелегрини. Мислам дека Сити мораше да го следи потегот на Челзи и да ја искористи пензијата на САФ доведувајќи „проверено“ име. Пелегрини е далеку од тоа.

Е да, Сити има предност пред Јунајтед во однос на играчкиот кадар. Јаки индивидуалци наспроти големиот број на „просечни“ (!?) во Јунајтед. Но таа предност ја имаа и минативе три сезони, па само во една им донесе титула и тоа во последните секунди од сезоната. Сега го нема Ферги да го вади максимумот од играчи како Смолинг и Валенсија, но можеби Мојс ќе успее во тоа, и според мене има такви предиспозиции.

Зошто? Погледнете го Евертон. Кој освен Фелаини, Бејнс и Јелавиќ ви изгледа како натпросечен играч? Мене речиси никој. Но Мојс тие просеци успеа да ги вклопи во јака целина која Евертон го направи редовен тим во горниот дел од табелата, со неколку излези и во Европа. Мислам дека Ферги особено го имал и ова во предвид бирајќи го наследникот. Секако, првата сезона ќе му биде претешка. Постои некој вид на ментален блок кај играчите сигурно. Не е лесно да свртиш нов лист без проблеми, кога пред тоа 25 години еден човек бил на тоа работно место...

Друго, ист е муабетот и со Арсенал и Ливерпул. Оти Арсенал толку понапред од Ливерпул? Ако одговорот е Суарез, да. Суарез е играчиште и Ливерпул многу зависи од него. Исто, ќе значи и премногу за Арсенал ако замине таму, слично на значењето на Ван Перси во Јунајтед. Искрено не сум во тек минатиов период со сите шпекулации и не знам дали има шанси Суарез да остане во Ливерпул, но ако остане, а притоа Арсенал не се засили, моја прогноза е дека Ливерпул ќе најмногу едно место поназад од Арсенал, а ако не се десеше ова со Суарез ќе реков дека и Ливерпул сигурно ќе гризе за ЛШ до крајот. Но колку еден играч од таа класа може да влијае врз тимот да оди нагоре/надолу видовме и лани. Така и со Арсенал сега, доколку го земат Суарез, тоа ги сместува цела скала погоре. Со Јаја Саного тешко леб вадење.

Тотенхем е јак тим, и се засили одлично со Паулињо и Солдадо. Ако Бејл остане сигурно ќе бидат (пак) во директна битка за ЛШ и мислам дека годинава ќе изборат. Лани им фалеше егзекутор во нападот, сега во Солдадо го имаат тоа. Паулињо ќе биде еден од најдобрите на неговата позиција во ПЛ според мене. Сепак, многу зависи од Бејл.

Така според мене Челзи се убедливи фаворити оваа сезона. Им се врати миленикот, склопија јак тим, покриен на секоја позиција, освен можеби нападот кој пак може да чкрипи. Од Де Бруин очекувам да биде откровение на сезоната, играчот е страшен, со Мурињо зад него ќе ора по крилата.

Тоа е еден мал осврт од мене, како неутрален фан, со одредена доза на симпатии кон екипите на Мурињо и Лаудруп. :noze:
 
Ова ти е исто ко јас да ги споредвам Милан и Фиорентина или Атлетико Мадрид и Гетафе. Слично некако. Ќути барем, не кажвај.

Јас до вчера не знаев дека Матри играл за Јувентус и дека бил добар играч, од проста причина шо не гледам Италијанско и Шпанско, а не се осудувам да коментирам тим кој не го знам,

Али да ми солиш памет за Премиер Лига, кога сакаш. Од историја, тимој, играчи, тренери, судии. Не сум арогантен, али напрсти се бројат тие на форумот што знаат повеќе од мене ПЛ.
 
Абе зашто го терате муабетов? Ако сум фан на екипа од друга лига тоа не значи дека пратам ПЛ? Па нели беше најдобрата и најпопуларна лига да го ебам?! :D

Мислам дај, без вакви постови сеа. Премиер Лига пратам можеби веќе 10 години активно. Од тие првите 3-4 стај ги кај шо сум бил копиљ па не сум разбирал ај, ама понатаму пратам паралелно со Шпанската, дури и повеќе.

Ако не се согласуваш со тоа шо си го болдирал од мојот пост, пиши зошто и со што не се слагаш, не вака, без никакво објаснување...
 
Работата е ако пишеш Ливерпул е подобар од Арсенал или ако кажеш дека се тука негде ти автоматски си неписмен за фудбал и несмееш да коментираш у темава више. Тоа е логиката на навивачите на Арсенал на форумов(y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom