Не е проблем (во моментов) Галијани, туку Берлускони и недостаток на чувство за реалност кај него. Берлускони мисли дека Галијани и било кој тренер се алхемичари и од железо сака да му направат злато, од ништо тим, од слепци да направат шампиони кои ќе освјат ЛШ и ќе доминираат во Европа. Дури и спремен е да прекине и нешто добро што се случува, а не сум сигурен дека има некоја јасна визија за тоа што понатаму. Сега Галијани добро си ја туркаше работата, сигурен сум во тоа, затоа и дојде до судир со Берлускони.
Што ќе направи Малдини? Тој сака да работи со пари, кога нема пари, кога се во прашање финансии и работа во вакви услови Галијани сигурно повеќе ги разбира работите. Да не збориме за преговори, тука Галијани е цар. Ги имам читано скоро сите интервјуа на Малдини што ги даваше во меѓувреме. Ништо посебно, обични фрази. Ќе биде штета губење на Галијани... Малдини сака многу значајни функции, а тешко дека е спремен за нив.
За ова што сака да го направи Берлускони потребни се пари од негов џеб. Тој изгледа не е свесен, поточно не сака да прифати дека се други околности од пред 10, 15 20 години. Ниту Милан има финансиска моќ, ниту тој сака да го помага клубот. Ако треба клубот сам да се издржува, со вакво размислување на Берлускони не сум сигурен дека тоа сценарио ќе успее. Многу подобро ќе беше да го остави Галијани со одврзани раце, а тој да си гледаше политика. Сега без добри инвестиции од негова страна не сум многу сигурен дека ќе биде ншто добро. Се поставија основи и кга се во прашање финансиите и кога е во прашање тимот. Наредниве две години требаше да се оди по таа линија и само да се надоградува.