Евролига 2012-2013

Статус
Затворена за нови мислења.

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.970
Поени од реакции
7.101
Ауу 100-че падна, поштено ги исплескаја ;) како и во ЛШ и овде ништо од Ел класико или барем шпански освојувач. Ако ако .....:D
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.633
Поени од реакции
10.353
Реал лузеришта .. исти ко ЦСКА ...

Оли , чоече капа симнувам !!!! Мора да има дуел меѓу Оли и шампионот од НБА :D Тоа сакам да го видам :D
па има скоро секоја година пријателски, што тимовите од нба најчесто не ги сфаќаат сериозно... лејкерс пред некоја година изгубија од барса...

иначе овие ејси ло и спанулис ти беа едни од најслабите играчи во нба кога играа...
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.970
Поени од реакции
7.101
Не се палете одма, ќе играле Олимпијакос со Мајами на пример...:LOL: можат само посилен отпор да им дадат иначе можат вода да им носат :D
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не се палете одма, ќе играле Олимпијакос со Мајами на пример...:LOL: можат само посилен отпор да им дадат иначе можат вода да им носат :D
Па у право си бидејќи Америте отсекогаш играат различна кошарка од остатокот од светот не изедначена ни по правила ниту физички. Со новиве правила и изедначувањето и те како во следнава деценија Евролига ќе биде конкурентна.
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Секоја чест! И лани и годинава се вратија од -17, какво тимиште! :cuc:

Браво за Перо, со него на терен +29 за Олимпијакос. Кога не играше лесно примаа кошеви, тоа ти се вика влијание во играта! :cuc:
Како го израчуна ова жити очите ? :D

Инаку Василије машина.:icon_mrgr:
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Ајде да бидам фер барем до крај со темата...е сега кој сака нека си отвори сезона Евролига 2013/14 :)

Евролига: Антиќ останува владетел на Европа (100:88)
Во финалето на Фајнл фор турнирот во Лондон во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата, грчкиот клуб на Олимпијакос ја одбрани титулата од лани совладувајќи го шпанскиот состав на Реал Мадрид со 100:88.

Свој придонес во успехот и победата имаше македонскиот интернационалец Перо Антиќ кој за 24:59 мин. изминати на паркетот имаше 10 поени (3/5 за два поени, 1/4 за три поени, 1/2 од слободните фрлања), додаде шест дефанзивни скока, две асистенции и заработи три лични грешки.
Мечот започна со фуриозна игра на Реал. Олимпијакос не играше воопшто лошо на стартот, но “Кралевите“ едноставно делуваа незапирливо. Мирза Бегиќ ги затвораше сите приоди кон кошот (три блокади во првите пет минути), а на спротивната страна, многу лесно поентираа Фернандез, Љуљ и Миротиќ, па Барцокас мораше да побара тајм-аут во шестата минута (13:5).
Тоа не помогна, бидејќи Шпанците ја решија првата четвртина убедливо со резултат 27:10. Во продолжението, тимот од Пиреа покажа никогаш не се откажува. Перо Антиќ и Кајл Хајнс ги предводија “црвено-белите“, се направи серија од 8:0 (27:18 во 12-та мин.).
Грците го подигнаа интензитетот на одбраната на завидно ниво, па Реал во втората четвртина постигна само 14 поени. Пред финишот на првото полувреме, Олимпијакос имаше и шут за израмнување, но противникот ја задржа предноста после 20 минути (41:37).
Благодарение на најкорисниот играч во Евролигата за оваа сезона, Василис Спанулис се разигра во вториот дел, уфрли три тројки по ред, ја подигра арената на нозе и донесе предност за својот тим (48:45).
Имаше грчкиот претставник нешто подоцна во два наврати и шест поени предност, но Реал не се предаваше. Се вратија во игра, Слотер и Фернандез ја носеа екипата во тие моменти и после 30 минути, резултатот беше израмнет – 61:61.
Во последната делница, Олимпијакос едноставно како “силен ветер“ го разби Реал Мадрид, реализирајќи вкупно 39 за една четвртина, доволно да се стигне до 100-ка на крај за големо прославување на трофејот.
Олимпијакос-Реал Мадрид 100:88 (10:27-27:14-24:20-39:27)
“О2“ Арена – Лондон, Судии: Г. Церебуч (Италија), И. Белошевиќ (Србија), Б. Рижик (Украина), Гледачи: 15.000
Олимпијакос: Хајнс 12, Ло 20, Антиќ 10, Спанулис 22, Перпероглу 10, Шермандини 3, Слукас 11, Пауел 2, Гечевичиус, Принтезис 5, Папаниколау 5, Кацивелис.
Реал Мадрид: Дрејпер, Фернандез 21, Суарез 5, Рејес 4, Миротиќ 7, Родригез 17, Хетшајмер, Бегиќ 6, Керол 5, Љуљ 14, Слотер 9.
Евролига, сезона 2012/13
Фајнл фор турнир, Лондон (10-12 мај 2013 год.)
Финале: Олимпијакос-Реал Мадрид 100:88
Меч за трето место: ЦСКА Москва-Барселона 74:73
Конечен пласман:
1. Олимпијакос
2. Реал Мадрид
3. ЦСКА Москва
4. Барселона

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.538
Поени од реакции
17.952

А зошто се откажуваш?баш добро ја ажурираше темава.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Во темава да ги испоштувам:

Олимпијакос :cuc: :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
иначе овие ејси ло и спанулис ти беа едни од најслабите играчи во нба кога играа...
Law подпросечен да,но еден од најслабите не баш......има со лопата да ги ринташ такви како него таму.
А Спануслис не можеш тек така да го отпишеш после само една сезона изигра и во таа има играно по 3-4 минути.Да останел 2-3 години и да бил на исто ниво ок,ама типот никогаш нема добиено права шанса.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.907
Поени од реакции
7.471
Како го израчуна ова жити очите ? :D

Инаку Василије машина.:icon_mrgr:
Па ваљда од -17 до +12 е 29?:D

Секоја чест! И лани и годинава се вратија од -17, какво тимиште! :cuc:

Браво за Перо, со него на терен +29 за Олимпијакос. Кога не играше лесно примаа кошеви, тоа ти се вика влијание во играта! :cuc:
Лани од -19:P
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom