- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 532
- Поени од реакции
- 614
Преобрзаба миљарда посто ја видов денес на нивниот штанд. Два пати ја имаат Темплум изадено, еднаш само како Преобразба и уште еднаш Преобразба и други раскази. Таа првата ја имаше сигурно.
Од тој штандот 3 за 100 можеше да ги земеш и останатите, добри книги се и двете на Бруно Травен, особено Даблинци на Џејмс Џојс е книга што не се пропушта и покрај тоа што во оргиналот се 15 раскази a во македонското издание само 7, а и Островот на пингвините од нобеловецот Анатол Франс е одлична книга, Genesis ако ти фалат страни можеш да си ја купиш на тој штанд ќе те фати 30тина денари. Бронзената птица е интересна приказна повеќе е детска литература со соцреалистички СССР бекграунд ама е добра за мозок пасење и ако сте љубите на Том Соер и Хаклбери Фин, би требало да ви се допадне. Иначe таа едиција на светска книжевност е првата моја комплетирана колекција на книги и иако не е најквалитетна ни по кориците и страните, нити по печатените букви, нити по многуте печатни грешки, сепак ми е омилена колекција. Само небо зна со колку мака, труд, и магии сум ја комплетирал. Прво дур да дознаам колку вкупно наслови се, па да ги најдам во добро сочувано издание, па некои беа невозможно да се најдат, па таман ја комплетирав, не знам ни сам како едната книга ја изгубив, па дур да ми текне кој е тој наслов што ми фали, па дур го најдов. Цело патешествие. Моментално таа едиција и ја читам, ми останаа уште од прилика 10 недочитани. Уште еднаш, топла препорака од мене да ги земете сите книги од таа едиција на штандот, и така се по 30 денари, дефинитвно вреди, а ако имате прилка комплетирајте ја цела збирка, има одличен избор.
Бев во петокот (претпладне) и штандот на Темплум беше полупразен. Имаа само два примероци од „Америка“, а за „Преобразба“ типот што продаваше ми рече дека е распродадена. Инаку знам дека постојат две изданија од книгата.
Да, не е баш добар преводот на таа едиција, поточно забележав во „Херој на нашето време“.
Прво посегнав по „Даблинци“, но ми текна дека одамна ја имам земено „Портрет на уметникот во младоста“ во издание на Магор и дека се' уште не ми е прочитана. Затоа се предомислив.
А „Островот на пингвините“, за жал, ми беше целосно непознат наслов, авторот исто така.