Оваа година ги купив:
-„Херои и гробови“ од Ернесто Сабато (Табернакул)
-„Фикции“ од Хорхе Луис Борхес (Табернакул)
-„Бесмртност“ од Милан Кундера (Табернакул)
Намерата ми беше да ја земам „Неподнослива леснотија на постоењето“, но книгата била распродадена. А сакав уште некоја после „Книга за смеата и заборавот“ да прочитам и така оваа ја зедов.
- „Момче“-Достоевски (Табернакул)
Книгите на Достоевски се можеби со премногу мал фонт и се стари изданија (1993 година), но се исплати за ептен ниската цена.
-„Записи од мртвиот дом“-Достоевски (Табернакул)
Конкретно оваа беше 100 денари.
-„Америка“-Кафка (Темплум)
-„Роман со кокаин“-Агеев (Темплум)
Од Темплум сакав да ја земам „Преобразба“, а не „Америка“, но и таа била распродадена.
Надвор од саемот имаше една тезга каде се продаваа книги 3 за 100 денари. Тоа се оние од Македонска книга и мисла, едиција-Светска книжевност.
Од овде ги зедов: „Херој на нашето време“ од Лермонтов, „Двобој“ од Чехов и „Хаџи Мурат“ од Толстој.
Преобрзаба миљарда посто ја видов денес на нивниот штанд. Два пати ја имаат Темплум изадено, еднаш само како Преобразба и уште еднаш Преобразба и други раскази. Таа првата ја имаше сигурно.
Од тој штандот 3 за 100 можеше да ги земеш и останатите, добри книги се и двете на Бруно Травен, особено Даблинци на Џејмс Џојс е книга што не се пропушта и покрај тоа што во оргиналот се 15 раскази a во македонското издание само 7, а и Островот на пингвините од нобеловецот Анатол Франс е одлична книга,
Genesis ако ти фалат страни можеш да си ја купиш на тој штанд ќе те фати 30тина денари. Бронзената птица е интересна приказна повеќе е детска литература со соцреалистички СССР бекграунд ама е добра за мозок пасење и ако сте љубите на Том Соер и Хаклбери Фин, би требало да ви се допадне. Иначe таа едиција на светска книжевност е првата моја комплетирана колекција на книги и иако не е најквалитетна ни по кориците и страните, нити по печатените букви, нити по многуте печатни грешки, сепак ми е омилена колекција. Само небо зна со колку мака, труд, и магии сум ја комплетирал. Прво дур да дознаам колку вкупно наслови се, па да ги најдам во добро сочувано издание, па некои беа невозможно да се најдат, па таман ја комплетирав, не знам ни сам како едната книга ја изгубив, па дур да ми текне кој е тој наслов што ми фали, па дур го најдов. Цело патешествие. Моментално таа едиција и ја читам, ми останаа уште од прилика 10 недочитани. Уште еднаш, топла препорака од мене да ги земете сите книги од таа едиција на штандот, и така се по 30 денари, дефинитвно вреди, а ако имате прилка комплетирајте ја цела збирка, има одличен избор.