Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Немаше A song of ice and fire ( GoT ) сет у академска книга па некако ми пропадна планот ама ипак добро испадна бидејќи зедов 10 книги.. ( ќе земев 5-6 да ги земев GoT али јебига, нека има за читање ).


Во академска книга имаше комплет од 4 книги, а ја имаа и петтата. Петтата беше 500, а комплетот од 4 или 1200 или 1400.
А на друг штанд сите 5 беа 3000.
 
Во академска книга имаше комплет од 4 книги, а ја имаа и петтата. Петтата беше 500, а комплетот од 4 или 1200 или 1400.
А на друг штанд сите 5 беа 3000.

Имало, сам кажа, отидов прво кај нив ( среќа ги најдов брзо ) и ми рекоја дека вчера по цена од 1500 имало комплет од 4 книги плус и книга гратис и тоа бргу отишло бидејќи биле само малку.... Пред тоа биле 1360.
 
Мојот улов годинава:

Реј Бредбери - „Фаренхајт 451“ (Темплум)

Имаше две изданија на Фаренхајт 451 на штандот од Темплум и тоа едно џебно и едно полуксузно со тврда корица.
Кое го купи ти, односно колку му беше цената на полуксузното издание на книгата?
 
Имаше две изданија на Фаренхајт 451 на штандот од Темплум и тоа едно џебно и едно полуксузно со тврда корица.
Кое го купи ти, односно колку му беше цената на полуксузното издание на книгата?

Ова го зедов, 200 денари беше. Не знам за полуксузно издание, не забележав.
 
Ова го зедов, 200 денари беше. Не знам за полуксузно издание, не забележав.
Тоа е џебното издание на сликата. Ова беше со тврди корици повезано со бела корица и со мали букви го пишуваше насловот на книгата.
 
Оваа година ги купив:

-„Херои и гробови“ од Ернесто Сабато (Табернакул)
-„Фикции“ од Хорхе Луис Борхес (Табернакул)
-„Бесмртност“ од Милан Кундера (Табернакул)
Намерата ми беше да ја земам „Неподнослива леснотија на постоењето“, но книгата била распродадена. А сакав уште некоја после „Книга за смеата и заборавот“ да прочитам и така оваа ја зедов.
- „Момче“-Достоевски (Табернакул)
Книгите на Достоевски се можеби со премногу мал фонт и се стари изданија (1993 година), но се исплати за ептен ниската цена.
-„Записи од мртвиот дом“-Достоевски (Табернакул)
Конкретно оваа беше 100 денари.
-„Америка“-Кафка (Темплум)
-„Роман со кокаин“-Агеев (Темплум)
Од Темплум сакав да ја земам „Преобразба“, а не „Америка“, но и таа била распродадена.

Надвор од саемот имаше една тезга каде се продаваа книги 3 за 100 денари. Тоа се оние од Македонска книга и мисла, едиција-Светска книжевност.
Од овде ги зедов: „Херој на нашето време“ од Лермонтов, „Двобој“ од Чехов и „Хаџи Мурат“ од Толстој.
Преобрзаба миљарда посто ја видов денес на нивниот штанд. Два пати ја имаат Темплум изадено, еднаш само како Преобразба и уште еднаш Преобразба и други раскази. Таа првата ја имаше сигурно.

Од тој штандот 3 за 100 можеше да ги земеш и останатите, добри книги се и двете на Бруно Травен, особено Даблинци на Џејмс Џојс е книга што не се пропушта и покрај тоа што во оргиналот се 15 раскази a во македонското издание само 7, а и Островот на пингвините од нобеловецот Анатол Франс е одлична книга, Genesis ако ти фалат страни можеш да си ја купиш на тој штанд ќе те фати 30тина денари. Бронзената птица е интересна приказна повеќе е детска литература со соцреалистички СССР бекграунд ама е добра за мозок пасење и ако сте љубите на Том Соер и Хаклбери Фин, би требало да ви се допадне. Иначe таа едиција на светска книжевност е првата моја комплетирана колекција на книги и иако не е најквалитетна ни по кориците и страните, нити по печатените букви, нити по многуте печатни грешки, сепак ми е омилена колекција. Само небо зна со колку мака, труд, и магии сум ја комплетирал. Прво дур да дознаам колку вкупно наслови се, па да ги најдам во добро сочувано издание, па некои беа невозможно да се најдат, па таман ја комплетирав, не знам ни сам како едната книга ја изгубив, па дур да ми текне кој е тој наслов што ми фали, па дур го најдов. Цело патешествие. Моментално таа едиција и ја читам, ми останаа уште од прилика 10 недочитани. Уште еднаш, топла препорака од мене да ги земете сите книги од таа едиција на штандот, и така се по 30 денари, дефинитвно вреди, а ако имате прилка комплетирајте ја цела збирка, има одличен избор.
 
Островот на пингвините од нобеловецот Анатол Франс е одлична книга, Genesis ако ти фалат страни можеш да си ја купиш на тој штанд ќе те фати 30тина денари.

Штета што не можам да дојдам до Скопје за овој саем. Здравје следната година.
 
Утре обавезно идам да го посетам саемот, доста веќе одолговлекував.

пс дали некој знае колку пари е новата книга на Игор Џамбазов? И дали на саемот ја има најновата книга од Ник Вујичиќ - Limitless ?
 
Утре обавезно идам да го посетам саемот, доста веќе одолговлекував.

пс дали некој знае колку пари е новата книга на Игор Џамбазов? И дали на саемот ја има најновата книга од Ник Вујичиќ - Limitless ?

Од Џамбазов е 300 денари.
 
Имало, сам кажа, отидов прво кај нив ( среќа ги најдов брзо ) и ми рекоја дека вчера по цена од 1500 имало комплет од 4 книги плус и книга гратис и тоа бргу отишло бидејќи биле само малку.... Пред тоа биле 1360.

Добив информација дека ќе ги има во Академска книга после саемот :)
 
дали некој ја примети “уметноста на војувањето“ од сун цу? али не адаптиранта верзија од 40-ина страници, него целосната од 200 страници? и нормално на кој штанд?
 
Мислењата се избришани. Задржете се на дискусија за саемот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom