Ја догледав и втората сезона.
Севкупен впечаток - првата далеку повеќе ми се допадна. Првите епизоди од втората сезона исто така беа многу добри, ама потоа малце се заеба работата. Како и да е, продолжувам да ја гледам третата сезона дефинитвно. Првата епизода беше понапната, пострашна. На втората епизода што ли и м требаа вонземјаните??
И друго, најомразен лик од прва сезона: Тејт. Најсакан лик од втора: Кит. Ѕвер е дечкото, секоја чест. После улогата во прва сезона колку ме иритираше, абе на секои две минути го пцуев на глас. Мислев дека нема шанси да го сакам глумецот после таа улога. Али ете, со самото тоа што во втора сезона ми беше омилен, кажува ваљда нешто за талентите на глумецот.