Во ред, не е толку битно втор жолт, дали прв жолт или црвен.Битно е што Пандев нема да биде на терен следниот натпревар, а тоа се случува поради еден приговор? Поентата ми беше дека Пандев е Капитен на Македонската репрезентација, најдобар играч на Македонија, и како таков тој треба да биде пример за однесување и играње. Што да си помисли сега некој млад играч кој е првпат во Репрезентација, кога ќе види дека Капитенот на тимот, поради приговор нема да игра следниот натпревар, со цел да се одмори за своите клубски обврски?
Проблемот е кај репрезентациите што зависат од некои играчи и им дозволуваат да мислат дека се незаменливи.
Потребен е цврст тренер кој ако смета дека Пандев си се лади со репрезентацијата да му ја покажи излезната врата. Добрата работа во Јуве е шо Конте е таков играч и има на клоци да го истера некое вакво шмизле.
Ама во репрезентацијата наша Пандев го сметаат за бог и ни на крај памет нема да му текни на селекторот да го избрка. Нормално ова си повлеква проблеми со авторитет како например марионетата Звонко Шундовски и Лазаров и сл.
Ајде да не се замарам премногу околу ова. Го тераме муабетов ко Пандев да е некој битен фактор за мечот во сабота. Со него или без него наполитанките ќе си ги примат неколку парчиња.
-------
ЗА КРАЈ
Ај сериозно да прекиниме околу аферата жолти картони на Пандев. Ова е фан клуб Јуве и нека остани таков, муабетите за овај нека си продолжат во посебната тема.
Ова е поголем дисциплински проблем на репрезентацијата на Македонија отколку на Јуве.
--- надополнето: 14 октомври 2012 во 17:09 ---
Пошо пиша на официјален натпревар па затоа ти спомнав...
Иначе неможеш да речеш дека Пандев е пичка зашо добил жолт, ако е за тоа и Видал доби црвен па ај сеа пичка да го викаме. Нема везе фудбал е ова, се дешава, ти не си неврон во главата на Пандев па да знаеш дали намерно или ненамерно добил жолт. Башка до толку ли си му се уплашил на Пандев бе?
Не туку тропај зелени, ми ги споредваш Македонија и Чиле ?
Ми е гајле дали Чиле има проблеми околу пласман или не, нема шо да ме боли глата за нив.
Е сега бидејќи збораме за Македонија, секој нормален селектор не смеј да дозволи онакво понашање на Пандев. Ако толку е неспособен да збора со судиите нека му ја префрлат капитенската трака на некој поспособен.
А за Пандев , ми е гајле дали ќе игра против Јуве или не.