A Song of Ice and Fire

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Иако Мартин е длабоко инволвиран во неа, сепак автори на A World of Ice and Fire се Елио Гарсија и Линда Антонсон. Мислам дека они се од Westeros (сајтот де).
Ах не го знаев ова. (y)
Како и да е blind buy ќе биде. :P
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.594
Ах не го знаев ова. (y)
Како и да е blind buy ќе биде. :P
не бе, се знае по нешто веќе, али факт е дека ќе се домогнам до нејзе, како и да е...

Баш Мартин у последните негови интервјуа збори за оваа книга. Имаше интересни нови податоци за Полињата на огнот, битките на Егон, пред околу 300 години, со здружените сили на вестероските кралеви. Иначе кажа дека сепак нема многу да се посвети на прастарата историја (Времето на хероите и сл.), туку на поновата, изглеа со акцент на Таргаријанците. Нормално ќе има и еден куп работи, како географија и тн.

Оваа книга највеќе ми личи дека ќе биде енциклопедична, слична на Толкиновиот Атлас, нема да биде приказна, како Силмарлион.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Добро е барем пишува нешто, јас мислев само NFL гледа по цел ден.. :eek:
Мене ми се чини дека Winds му е на најнизок приоритет. Зафатен е со прифаќање награди за HBO, шета по конвенции, пишува Wildcards, работи на А World of Ice and Fire, прави ASoIaF календари... и да, гледа NFL. :confused:

Hurry up George! I need more Stannis!

Инаку...Златната свадба е снимена и ќе биде дел од 8-та епизода од 3-та сезона. Се надевам дека ќе снимат барем уште една " веселба " за оваа сезона. :P
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Моментално ја читам петтата книга.
Сега засега, третата книга најмногу ми се допадна. Првата половина беше досадна - ама во втората половина која од која поинтересна глава.
Четвртата книга убедливо најдосадна. Ништо не се деси. Ништо.
Арја ми е омилен лик. А од кралевите навивам за Станис, тој е вистинскиот наследник на Роберт.
 
И Dance е спора...

Последниве две служат за да ја спремат сцената за епските битки во Winds што ќе бидат.

А инаку, мене петтата ми беше најдосадна. Приказните на Daenerys и Tyrion беа за вени сечење... барем Feast ги имаше Damphair, Victarion, Arianne и Hotah. Не запознаа со нови култури, места шо ги немавме видено.

А, додека ја читав Dance, го замислував George како ми вели: " Е, ај сега, заборави на Jaime и Sansa. Следи ја лудачката со змејовите. "

Инаку, мене омилен лик ми е Stannis. :cuc:

А омилен POV ми е Jaime.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.594
Јас со тоа име се среќавам на Westeros.org форумот.

Tyrion/Sansa - Gold Wedding
Joffrey/Marg - Purple Wedding
Edmure/Roslin - :confused:
Ах, во базата на љубителите ќе се сретнеш со секакви имиња на разноразни свадби, на кој како му личат.
Таа свадба во огромниот топик во неколку продолжетоци, за Санса (од пиун, до играч) на пример, се сложија да ја наречат Шарена, заради шарената облека на џуџињата кои служеа да забавуваат (и да понижат), свадбата на Џејн и Ремзи - сива (од икс причини)

Оваа на Џофри - љубичаста, заради бојата на смртоносниот драг камен.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Ах, во базата на љубителите ќе се сретнеш со секакви имиња на разноразни свадби, на кој како му личат.
Таа свадба во огромниот топик во неколку продолжетоци, за Санса (од пиун, до играч) на пример, се сложија да ја наречат Шарена, заради шарената облека на џуџињата кои служеа да забавуваат (и да понижат), свадбата на Џејн и Ремзи - сива (од икс причини)

Оваа на Џофри - љубичаста, заради бојата на смртоносниот драг камен.
Таа тема некако многу долга ми беше...осум продолжетоци, не бев заинтересиран да навлезам во дискусија...

Добро, сега шарена нека е...за некој месец ќе се премислат пак. :P

BTW. ти регистриран си на форумот?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.594
BTW. ти регистриран си на форумот?
Не. Али висам тамо, нормално.

Иначе мене Станис ми е втор омилен лик.
Крал е.
и плус крал на комедијата (мада има јака конкуренција у разни фаци, Жалниот Ед, на пример)
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Не. Али висам тамо, нормално.

Иначе мене Станис ми е втор омилен лик.
Крал е.
и плус крал на комедијата (мада има јака конкуренција у разни фаци, Жалниот Ед, на пример)
Да, иако е ненамерно, Станис успева да стане еден од најдобрите комичари...

А, инаку, за глупости тресење, никој не си може со Денерис и Виктарион.

" Where is this Dothraki Sea? I will sail the Iron Fleet across it, and find the Queen, wherever she may be. "
Но, сепак ми е еден од омилените ликови. Ама не мислам дека ќе поживее уште долго...In the words of GRRM, " He's as dumb as a stump. "

А, Денерис...леле...поглупаво суштество немам видено. Скрос е изгубена...
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Неможам да одберам омилен лик, има доста голем избор на квалитетно обработени и комплексни ликови па затоа ќе напишам за кои наjвеќе сакам да читам: Tyrion, Brann, Arya, Littlefinger, Varys, Jon Snow, Sam, Theon, Sandor Clegane, Daenerys и од споредните Wyman Manderly (после Frey Pie ми е најкрш) и Dolorous Edd (секогаш смешен и "мудар").

Четвртата книга не ги следи ликовите на кои сме навикнати туку еден сосем друг дел од Westeros и затоа многу ја сметаат за досадна и слаба. Јас не се согласувам, мислам дека оваа книга не е срање, во целина е доста значајна за серијалот и дава една друга перспектива на настаните кои се одвиваат од перспективата на House Martell. Многу повеќе уживав да ја читам во споредба со Dance, иако Dance не ја сметам за воошто лоша, напротив имав мали очекувања и ме изненади. Но кога ќе ги споредиме 4та и 5та книга со ASOS некако се губат ептен, како да не се напишани од истиот автор. Проблемот е што 3та книга е out of this world!

После нова година правам акција на повторно читање на 3та книга како припрема за серијата на HBO. Би почнал од сега ама ќе заборавам што се случува до април плус треба да ја научам The Hobbit на памет лол. :P
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
А, Денерис...леле...поглупаво суштество немам видено. Скрос е изгубена...
Дајте и шанса и на Шанса. Си има девојката свои моменти :)
Тирион е добар, приказната за Џејми убаво се развива (до каде, до кога?). Многу се ликовите кои се добро разработени, убедливи. Останува само да се надеваме дека и останатите делови ќе го задржат квалитетот и дека завршницата ќе биде задоволителна.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Дајте и шанса и на Шанса. Си има девојката свои моменти :)
Тирион е добар, приказната за Џејми убаво се развива (до каде, до кога?). Многу се ликовите кои се добро разработени, убедливи. Останува само да се надеваме дека и останатите делови ќе го задржат квалитетот и дека завршницата ќе биде задоволителна.
Сите се добро разработени, комплексни ликови. И Daenderys спаѓа таму.

Јас сакав да кажам дека одлуките што ги донесува додека владее во Mereen се...ептен глупи. Првата глупост што ја направи беше заминувањето на запад од Quarth, а не на исток или Ашај како што и рекоа Jorah и Quaithe.

Замина во Astapor да ги ослободи робовите. Ги убиј луѓето што владее со години и ја предаде власта на други идиоти. Само што го напушти градот, Cleon ги убиј и нив и се прогласи за крал. Yunkai го нападна, направија масакр, испоубија се живо... за се тоа таа е виновна.

Не знам како планира да владее со Westeros кога неможе ни Mereen да го стави под контрола. Луѓето и ги убиваат на секој ќош, Drogon јади деца, а неа за ништо не и гајле, мисли само на Daario. Да не беа Barristan и Jorah до сега сто пати ќе беше убиена...

...Wyman Manderly

Проблемот е што 3та книга е out of this world!
" The North Remembers, Lord Davos. The North remembers, and this mummer's farce is almost done. " :cuc:

Се сложувам, третата е нешто неверојатно. Се надевам и Winds дека ќе биде таква. И Мартин рече дека ќе биде полна со битки и разрешување нa " cliffhanger " приказните.

Не можам да ја дочекам 6та книга...аман, нека се заозбили и нека пишува побрзо. Јас мислам ако има повеќе време, квалитетот на книгата опаѓа. Цело време само се премислува...ова овде, ова чини, ова не чини...

Меѓу Game и Clash имаше две години време. Исто меѓу Clash и Storm.

А меѓу Storm и Feast имаше пет години... не беше лоша, но сепак, очекував нешто подобро...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
свадбата на Џејн и Ремзи - сива (од икс причини)
Џејн? и Ремзи :) Ах, форумски колега да не шириме дезинформации... :)

Сите се добро разработени, комплексни ликови. И Daenderys спаѓа таму.

Јас сакав да кажам дека одлуките што ги донесува додека владее во Mereen се...ептен глупи. Првата глупост што ја направи беше заминувањето на запад од Quarth, а не на исток или Ашај како што и рекоа Jorah и Quaithe.

Замина во Astapor да ги ослободи робовите. Ги убиј луѓето што владее со години и ја предаде власта на други идиоти. Само што го напушти градот, Cleon ги убиј и нив и се прогласи за крал. Yunkai го нападна, направија масакр, испоубија се живо... за се тоа таа е виновна.

Не знам како планира да владее со Westeros кога неможе ни Mereen да го стави под контрола. Луѓето и ги убиваат на секој ќош, Drogon јади деца, а неа за ништо не и гајле, мисли само на Daario. Да не беа Barristan и Jorah до сега сто пати ќе беше убиена...
О.К., Калиси не се снаоѓа баш најдобро, да видиме дали ќе се опамети во идните книги, или не :) За се има лек, а Мартин за Таргарјените (ако напишав добро) веќе најде иљач.
Северот и Дорна мене ми се најинтересни, а многу ме интересира и што ќе се случи со Господарот на Преминот и неговата навистина бројна фамилија (пребројна би рекол)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom