A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Мислењето на Сабазиј е сосема на место. Ама пренствено мислам дека трговска досетливост е баш тоа што им фали на издавачите. Ке ги земам еве Три за пример. Пред неколку години го издадоа серијалот Самрак (нека ми простат фановите, ама е срање во споредба со Песна за мразот и огнот) во исто време кога излезе филмот. Им беше полн погодок. А не верувам дека Стефани Мајер е поефтина од Џорџ Р.Р. Мартин (да не зборувам за Николас Спаркс, Коељо и разна белетристика). Значи финансиска моќ има, желба нема. Или гледаат финансиски аспект т.е. се плашат дали ке им продаде. Сигурен сум дека доколку ете утре се издаде макар една книга од серијалов ке има поголем интерес за неа бидејќи е актуелна, отколку после 5-10 години кога ке замре секаков интерес и за серијата и за книгите.
 
Cenata na site 4 knigi e okolu 1200 so se dostava od amazon?
 
Ако воопшто кај нас им текне да ги преведат, јас не сакам да се нафатам ни да пробам да ги читам на македонски со оглед на тоа досега како преведувале, ЛОТР беше ужас, Хари Потер полошо од претходното, Автостоперскиот водич низ галаксијата се трпеше горе-долу... Инаку, ме изненади преводот на книгата Хобит, некој седнал и си ја завршил работата како што треба, на почеток малку сумливо ама понатака се поправа.

Икану колку што читав последно, писателот знае како ќе ја заврши книгата пошто им кажал на режисерите на серијата, во случај нешто да му се случи на писателот.
 
Астростоперски беше катастрофа ако се однесува за изданието на Три, успеа да го преведат Трилиан како Трилијана.
 
Сепак колку толку се трпеше за разлика од Веселко и Змијојазиковски и сличните на нив. Од автостоперскиот водич, хрватскиот превод рулз (нормално англиската верзија е феноменална, ама мсилев за преводите)
 
Астростоперски беше катастрофа ако се однесува за изданието на Три, успеа да го преведат Трилиан како Трилијана.
и небула како небулоза :facepalm:
 
Јас ја имам 5тата книга, ама не сум почнала да ја читам. чекам да заврши втората сезона од серијата па ќе почнам. Другите книги ги имам читано пред години, па треба да земам да се потсетам убаво на се, а не сакам да си ја расипувам серијата. Барем оваа сезона.
Ама после се фрлам на работа, кратко разлистување на претходните книги и почнувам со читање.:D
 
Каде би можеле да се купат книгиве на англиски ако ги нема на македонски ?
Или мора да се порачува на нет?
 
За 6-7 сати првите 5 дела че ги имам враце :D по 300 денари од книга ме фати
 
Не можам да читам на српски ме нервира, ако имате англиски извести ме :)

Секако дека може да ги набавиме книгите на англиски јазик доколку сте заинтересирани. Би Ве замолил да не контактирате на info@kupikniga.mk за да ги прецизираме деталите.
 
Што нема во светот на ASOIAF?

a) еднорог
б) базилиск
в) мамут
г) пегаз
 
Почнав да ја читам,
65% имам прочитано од Game of thrones.
Ќе ги прочитам сите книги, ама морам да кажам дека ептен во детали одел авторот.
Некој на темата за серијата имаше искоментирано дека ради тоа што во серијата секоја глава претставува поглед врз едно лице, тоа не може да се долови во серија. Епа нема врска. Баш тоа е убаво да се долови во серија. Авторот не пишува за секој од нив во прво лице. Туку на почетокот на главата става име и после као тоа е за него. Малце тоа ми е бесмислено. Главата во која Тирион бара судење со борба, комотно Кејтлин може да се стави како наслов.
Не приметив некои големи разлики меѓу серијата и книгата.
Серијата повеќе ми се допаѓа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom