A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Па добро бе, книгата ја има на англиски (нормално) српски, хрватски, бугарски, германски и уште 100 јазици. Знае ли некој кога и дали воопшто ќе ја има на македонски!? Не заебавај првата книга е излезена пред 20 години, а уште ја нема преведено на македонски... Ептен сме тупи на ова поле значи...
 
Подобро да не се зафатат воопшто, ќе ја направат :гомце:
Не е лесна за преведување, мислам дека нема преведувач кој би бил спремен да ја преведе како што треба. 90% од преводите се УЖАС, а и насловите кои ги преведуваат се некои петпарачки, за заљубени тинејџерчиња, ретко да се најде убаво преведена добра книга.
 
Што е толку посебно тешка за преведување? Прочитана ми е првата книга Game of Thrones на англиски и не е ништо посебно. Нарацијата исто како и вокабуларот е боза, книгата сака малку внимание од причина што има многу карактери, но тоа нема да биде никаков проблем за преведувачот.
 
Треба да се долови начинот на изразување, на нашите преведувачи тоа не им оди од рака. Кога мизерно преведуваат книги со исклучително поедноставни приказни, замисли што ќе биде за оваа. Додека не се појави некој нормален преведувач што си ја знае работата, а не работи само за да дрпне пари, не треба да се преведува книгава.
 
Што е толку посебно тешка за преведување? Прочитана ми е првата книга Game of Thrones на англиски и не е ништо посебно. Нарацијата исто како и вокабуларот е боза, книгата сака малку внимание од причина што има многу карактери, но тоа нема да биде никаков проблем за преведувачот.

Има многу архаични англиски зборови од средновековен англиски, па ако преведувачот сака да го задржи оригиналниот дух на ГоТ треба да се потруди малку.
Кога ќе ми текне само на некои преводи, како например Водичот за автостопери... :facepalm:
 
И географските одредници можат да бидат проблематични за превод. Winterfell кај Србите е Зимоврел, кај Хрватите e Оштрозимље - кај нас како ќе се преведе, или ќе го оставиме како што е?- но тогаш ќе мора да го оставиме и Storm's End (Крајолуј?:)), а тоа би било глупо.
Треба поискусен преведувач, кој освен англискиот, мора многу добро да си го познава мајчиниот јазик. А не некоја издавачка куќа да ангажира 3 студенти од 2-3 година на англиски, кои за 2-3 месеци треба да преведат повеќе стотини страни како знаат и умеат, за релативно скромна сума пари за преводот - оти добрите преведувачи си имаат и добри тарифи.
 
И најдобрите преведувачи да ги најдат книгите ќе изгубат на квалитет. Дијалозите ќе ја немаат таа јачина како што ги замислил авторот, и имињата на ликовите и локациите ќе биде смешна колку и да се трудат. После очајната макекдонска верзија на Lord of the Rings (orcs = орци :LOL:) се одкажав од преведени книги од жарнот фантазија...
 
Мартин моментално пишува пропратна книга која ја опфаќа измислената историја на Вестерос. Ова не е лоша идеа. Повеќе background story околу светот кој толку детално го гради е секогаш добредојдено, но сепак мислам дека сега не е прав момент за тоа и дека треба да ја насочи целата своја креативност и енергија во пишување на шестата книга а тек одпосле да се занимава со бонус материјали. Претпоставувам ќе биде нешто слично на The Histories of Middle-Earth и The Silmarillion на Толкин.

Добро е барем пишува нешто, јас мислев само NFL гледа по цел ден.. :eek:

Инфо од неговиот блог:
http://grrm.livejournal.com/291766.html
 
Иако Мартин е длабоко инволвиран во неа, сепак автори на A World of Ice and Fire се Елио Гарсија и Линда Антонсон. Мислам дека они се од Westeros (сајтот де).
 
Одлична книга одличен серијал .Моментално го читам третото продолжение стварно ме изненади во многу наврати , ама авторот многу ја тупи со тие умрените како што разбрав уште немаат нападнато o_O
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom