Топче
Арсенал во последниве неколку години е како академија за големите клубови и не е конкурентен на пазарот на играчи.
Титули во ПЛ се освојуваат со пари, доволно е да се видат остварувањата на Челзи и Манчестер Сити па да се види реалната ситуација на фудбалот во денешно време.
И да ги гледав Арсенал годинава со Ливерпул и Стоук и ми се допаднаа, посебно ми се допадна фактот што одбраната функционираше одлично за разлика од претходните години.
Не можеме да споредуваме поединци од еден тим со поединци од друг тим па со тоа да оцениме дали е некој поконкурентен или не за титулата.
Заклучокот го извадив од тоа дека Арсенал во последниве неколку сезони каде што имаше и подобар костур на тимот од моменталниов со Перси и Фабрегаш не беше конкурентен за титулата, па според мене ниту годинава нема да биде.
Плус сега го имаш и моќен Сити како конкурент. Инаку не се согласувам дека заминувањето на Сонг не е некоја голема загуба на тимот, лани ако не се лажам беше и во тимот на годината и се работи за супер квалитетен деструктивец.