Barclays Premier League Season 2012-2013

Кој ќе се пакува за у Европа?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
BARCLAYS PREMIER LEAGUE

Прегледај го приврзокот 45934

Нова тема, нови фудбалски возбудувања од најдобрата лига на светот ПРЕМИЕР ЛИГАТА, на СпортКлуб телевизија, и на стримови.....


Премиер Лига е професионална фудбалска лига, и нејзиното постоење датира од 20 Февруари 1992 Година....Главни "виновници" за креирањето на Премиер Лигата беа најмноќните клубови во тоа време и тоа : Liverpool, Man.United, Arsenal, Tottenham, Everton кои ја дале идејата за да се оформи ваква лига, претходно екипи играле во т.н. Прва Дивизија....

Инаку лигата е составена од 20 екипи во која последно пласираните 3 екипи се селат во понизок ранг на натпреварување т.н. Championship, а пак од таму првите две првопласирани и победникот во Плејофот се качуваат едно скалило погоре т.е. во Премиер Лигата. Лани тоа им успеа на Reading, Southampton, West Ham....Првите три пласирани екипи одат директно во Лигата на Шампионите лани тоа беа Man.City, Man.United, Arsenal, а четврто пласираната екипа игра квалификации за Лига на Шампиони со напомена дека ако некој ја освои лигата на шампионите а не се наоѓа во првите 4ри првопласирани екипи на табелата, тој како победник обезбедува учество во Лигата на Шампиони за следната сезона, а четврто пласираниот го губи правото за игра во Лига на Шампиони...5то пласираниот игра Лига Европа, и во зависност од победниците во куповите може да играат уште две екпи во Лига Европа.....

Вгодина ќе се натпреваруваат 20 екипи и тоа:
Арсенал
Астон Вила
Виган
ВБА
Вест Хем
Евертон
КПР
Ливерпул
Манчестер Јунајтед
Манчестер Сити
Норич Сити
Њукасл Јунајтед
Рединг
Стоук
Свонси
Сандерленд
Саутемптон
Тотенхем
Фулам
Челси


Досега на само 5 екипи им успеало да ја освојат Премиер Лигата и тоа: Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Блекбурн Роверс и Манчерстер Сити (минатогодишен шампион)


ОСТАНУВА ДА ВИДИМЕ ЗА ОДПРИЛИКА 10 МЕСЕЦИ КОЈ ЌЕ ГО ПОДИГНИ ОВОЈ ПЕХАР

premier-league-trophy1.jpg




Системот на бодување во Англија е следен: Прво се подовите, па гол-разлика и на крај меѓусебните средби....


Па со среќа нека ви е дечки за кој и клуб да навивате, нека биди првак најдобриот, нека испадни најслабиот.....

СО СРЕЌА!!!!!!!
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Пошто веќе е очигледно дека сезонава е наша, ќе гласам дека мојот Ливерпул ќе го подигне овој пехар. Мислам дека за ова се слагаме сите :P

Шала на страна, нека освои тој што ќе заслужи највеќе, да гледаме возбудливи натпревари, без многу контроверзии и конфликти на терените и надвор од нив :)
--- надополнето: 9 јули 2012 во 00:52 ---
П.с: Ако може Топче да ми потврди тука дека ја прифаќа кладбата која ја договоривме од пред некој ден... и да се изјасни дали ги разбира и прифаќа наведените услови :)
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Прво сакам да ви се извинам за тоа што првата слика не се отвора.....
Инаку годинава очекувам пак Сити да биде прв (ако не тој Јунајтед), Арсенал, Челси, Тотенхем и Ливерпул да се борат за Лигата на Шампиони, а најмногу очекувам да потфрли Норич Сити...Вест Хем е назад каде што припаѓа и очекувам нити еден противник кој ќе игра против нив особено на Boylin Ground нема лесно да ги победат.....
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Пошто веќе е очигледно дека сезонава е наша, ќе гласам дека мојот Ливерпул ќе го подигне овој пехар. Мислам дека за ова се слагаме сите :P

Шала на страна, нека освои тој што ќе заслужи највеќе, да гледаме возбудливи натпревари, без многу контроверзии и конфликти на терените и надвор од нив :)
--- надополнето: 9 јули 2012 во 00:52 ---
П.с: Ако може Топче да ми потврди тука дека ја прифаќа кладбата која ја договоривме од пред некој ден... и да се изјасни дали ги прифаќа наведените услови :)
Прифаќам
--- надополнето: 9 јули 2012 во 00:56 ---
Прво сакам да ви се извинам за тоа што првата слика не се отвора.....
.
Напрај да се отвара де :D
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
795
Поени од реакции
375
Арсенал ќе ја освои после толку години чекање! Редно е веќе,а и направија тим само Џеки да се опорави и лом ќе прават!
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Newcastle za 4 mesto bez somnez,,,Taylor se vrati,Debushi e na cekor do transfer,...samo da uspeeme da gi zadrzime Ba,Tiote i Cabaye ni nema raven za taa pozicija....Liverpool?! hahahaha get the f**k out of here...1 Man Utd,2 City,3 Chelsea,4 Newcastle,5 Arsenal,6 Liverpool
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Arsenal gi otpishuem ushe od start, zaedno so Totenhem i Liverpool koi kje se borat za vo top 4, bitka kje se bie kako po obichaj megju chelsea, united i city.. City mislam deka kje bide prvak. Chelsea so Harzard i ako se zeme Hulk sega kje bide dosta poopasen. I nekoj + ako se zeme u sredina kje bide topovi. Za drugo ne znam..
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Тотенхем освојува годинава, тоа ваљда на сите им е јасно.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Инаку моите реални очекувања од оваа сезона се битката за титула да се води главно помеѓу Сити и Јунајтед, и како еден поголем потенцијален фаворит Челзи. Солидни трансфери направија и како што гледам продолжуваат со истите. Од нив највеќе ќе зависи како ќе се справи Ди Матео со играчите кои ќе ги има на располагање. Од Арсенал очекувам да имаат мешана форма, пад и пораст, но од пресудно значење за нивниот перформанс ќе биде начинот на кој ќе го средат случајот наречен Робин Ван Перси. Од Тотенхем некако не очекувам премногу. Мислам дека ќе кружат околу петтото место, некогаш погоре, некогаш подолу. Њукасл ќе играат исто како и претходната сезона и можат да бидат потенцијална закана за местото кое води во Лигата на Шампионите. Очекувам Евертон, предводен главно од Јелавич, да има солидна игра и со малку среќа и точна поставена игра од искусниот Мојес да направат некое вознемирување. Се надевам дека и оваа сезона ќе добиеме некое пријатно изненадување како што лани беше Њукасл. Повеќето типуваат на Вест Хем, но јас типувам на Фулам. Неколку добри трансфери ги делат од тоа да бидат многу покомпетентен тим. Исто така, како и претходната сезона, не очекувам некој од новодојдените клубови веднаш да паднат во Чемпиошнип. Рединг направија одлични трансфери досега, а Вест Хем и Саутемптон имаат многу квалитетни играчи во својот состав. Искрено не очекувам многу од Норич и Свонси оваа година, па тие две и Вила би ги направил најголеми фаворити за испаѓање. Нејќам да кажам Виган пошто тие ќе си се повампират ко по обично на крај на сезона :D И за крај, од мојот Ливерпул искрено очекувам битка за место во Лигата на Шампините. Ќе биде тешка битка, конкуренцијата е голема, но се надевам дека на крајот на сезоната кога ќе погледнеме како се одвивале работите ќе бидеме задоволни од крајниот износ :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Ај краток предикшн и од мене:

Борба за титула-Сити,Јунајтед,Челзи
Борба за ЛШ-Арсенал,Њу Касл,Евертон,Ливерпул
Борба за ЛЕ-Вест Хем,Фулам,Стоук,Тотенхем
 
S

Stivie G

Гостин
Од навивачи аспект ќе гласам за Ливерпул иако не очекувам оваа сезона многу од тимот.
Главни фаворити за титулата се Сити и Јунајтед. Одлично склопени тимови имаат и 2 екипи но предноста би им ја дал на Сити.Челзи има одличен тим но голем проблем ќе им биде одењето на тој купот во Јапонија а баш тогаш е најзгуснат распоредот во ПЛ па поради тоа сметам дека нема да бидат толку конкурентни на првите 2 тима. Борбата за 4 место ќе се води помеѓу Ливерпул, Тотенхем, Арсенал и Њукасл. Очекувам Арсенал да го загуби тоа 4 место а нивните навивачи да се спуштат малку и да престанат да зборуваат за Ливерпул кога и тие се во слична ситуација. Очекувам и мојот Ливерпул после 4 сезони да го видам пак во ЛШ. Се на се, мој тип за шампион е Сити.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ај краток предикшн и од мене:

Борба за титула-Сити,Јунајтед,Челзи
Борба за ЛШ-Арсенал,Њу Касл,Евертон,Ливерпул
Борба за ЛЕ-Вест Хем,Фулам,Стоук,
Толку сметаш оти Тотенхем нема да биди конкурент за ЛШ или ЛЕ или го заборави? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom