Па да, јас поднесов за виза пред 4 години, ќе си уплатиш во комерцијална банка за пин, ќе си закажеш, и отприлика за 2 недели ќе ти закажат разговор.. За тоа време треба да си ги пополниш формуларите што ќе ги најдеш на амбасадата на интернет, тие ти се основните за виза, без тие неможе.. секој документ плус што ќе го донесеш ти има плус вредност за да ја добиеш.. јас однесов цела папка, од лични примања, имотна состојба, документи за кола, од школо, курсеви, лекарско, плус ми пратија гаранција од америка дека ќе бидам кај роднини и нема да останам повеќе од 3 месеци.. Бев на разговор, те прашуваат секакви прашања, и доколку ти одобрат ти даваат картонче и утредента идеш си го зимаш пасошот со визата.. Пак ќе ти кажам, колку повеќе документи однесеш толку поголеми шанси имаш, јас добив за 10 години виза
п.с сите документи да ти бидат преведени и на англиски