Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Кога имаш успех во еден спорт логично е да се инвестира во истиот. Треба многу повеќе да се инвестира зошто токму спортот е оној кој го подига националното чуство и ја сплотува нација. Навистина после еуфоријата што се случи после и за време на турнирот во Литванија мислев дека работите ќе тргнат на подобро а најмалку што ми паѓаше на памет е дека на некој ќе му текне да штеди. А што се случи прво го испуштија Докузовски после дојде до онаа несреќна изјава на Антиќ и се тргна некако надоле.
Факт е дека треба некој да превземе одговорност ама не Лазовски туку оние кои што го поставија.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Voditi 20 razlike nakon 15tak minuta, igrati odličnu i poketljivu obranu, primiti 28 koševa za jedno poluvrijeme i onda totalni pad. Igrači su ostali bez zraka, fizička sprema igrača nije bila dobra. Nisam siguran bi li 58 koševa za jedno poluvrijeme primila i U15 košarkaška reprezentacija Makedonije protiv sinoćnje Dominikanske Republike. Razloge poraza treba tražiti i u tome.
Ако е ова точно значи сме паднале на кондиција исто како ракометарите на европското, нема нешто поглупо од тоа да изгубиш од послаб зашто не си кондиционо спремен а за тоа некој треба да сноси одговорност.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.471
Па кажи тогаш твоја верзија, една мора да е точна.
Докузовски јасно даде до знаење дека по ЕП се повлекува од функцијата, и дека НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ.
Остана да бара екипа, мислеше ќе го земе некоја подобра, ама на крај заврши во Бугарија...
Кратко и јасно се исплаши дека нема да го повтори успехот од ЕП на овие квалификации и да не звучам злобно али како да се подисплаши дека со таков евентуален неуспех ќе му падне цената на пазарот ;)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.919
Поени од реакции
16.189

Јака цена, нек си ебе мајката, да водиш екипа од Бугарија (Лукоил може вложува во тимот, ама брате сепак се работи за Бугарија).
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Кога имаш успех во еден спорт логично е да се инвестира во истиот. Треба многу повеќе да се инвестира зошто токму спортот е оној кој го подига националното чуство и ја сплотува нација. Навистина после еуфоријата што се случи после и за време на турнирот во Литванија мислев дека работите ќе тргнат на подобро а најмалку што ми паѓаше на памет е дека на некој ќе му текне да штеди. А што се случи прво го испуштија Докузовски после дојде до онаа несреќна изјава на Антиќ и се тргна некако надоле.
Факт е дека треба некој да превземе одговорност ама не Лазовски туку оние кои што го поставија.
Аман со таа изјава на Антич, па баш менталитетот македонски и рајата заедно со медиумите го зголемија притисокот. Преку такво со патриотите, пола од нив на чело ќе си тетовираат име за да отидат до Грција. И за неуспехот не може да биде крива КФМ, туку индиректно Лазовски тој е селектор и во негови раце беше се. Не може Докузовски со стап да го тераат да се врати на селекторското место, кога и тој самиот си замина за пари во Бугарија, доволно паметен знаејќи дека нема шанса да тера на иста линија во репрезентацијата после Литванија, што само на крајот ќе му го нарушеше успехот. Негово право а подобра опција немавме со оглед на тоа дека Лазовски ги знаеше играчите, беше дел од тој тим во Литванија.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Докузовски јасно даде до знаење дека по ЕП се повлекува од функцијата, и дека НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ.
Остана да бара екипа, мислеше ќе го земе некоја подобра, ама на крај заврши во Бугарија...
Кратко и јасно се исплаши дека нема да го повтори успехот од ЕП на овие квалификации и да не звучам злобно али како да се подисплаши дека со таков евентуален неуспех ќе му падне цената на пазарот ;)
Во ред, но и сам знаеш дека кога е бизнис во прашање (него му е тоа работно место по договор) се даваат секакви изјави за да си ја зајакнеш преговарачката позиција така да тоа што рекол ништо не значи. Верувам дека сакал да продолжи ама под подобри финансиски услови и најверојатно тука не нашле заеднички јазик. Во секој случај штета.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако е ова точно значи сме паднале на кондиција исто како ракометарите на европското, нема нешто поглупо од тоа да изгубиш од послаб зашто не си кондиционо спремен а за тоа некој треба да сноси одговорност.
Кондициски се очекуваше да паднеме, во однос на она што го презентиравме на ЕП, поради долгите сезони на нашите клучни играчи во Италија и Грција.

Но и самите изјавуваа дека се спремни да одиграат барем 2 натпревари у топ форма, мислејќи на 1/4 и 1/2 финалето.

Го знаеше то аи ЛАзовски, и затоа така играше со Ангола, малтене како тренинг утакмица, за да се штедат силите.

Е сега што и како во второто полувреме се случуваше со ДОминикана, би требало да кажат кога ќе се вратат, за да сепак во иднина с еизбегнат ваквите моменти.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.471
Во ред, но и сам знаеш дека кога е бизнис во прашање (него му е тоа работно место по договор) се даваат секакви изјави за да си ја зајакнеш преговарачката позиција така да тоа што рекол ништо не значи. Верувам дека сакал да продолжи ама под подобри финансиски услови и најверојатно тука не нашле заеднички јазик. Во секој случај штета.
Значи ова е проверена информација али нема да го кажам изворот ;)
Не се работеше за парите, па колку пари се фрлаат за Меккелеб и тој Италијанецот, колку пари им фрлија за 4-тото место па не се договориле за платата.
Едноставно Докузовски си стана легенда со успехот од Еп и очекуваше да биде земен од некој многу подобар тим, ама на крај заврши во Бугарија. Мада и таму зема многу пари...
Знаеше и сам дека очекувањата на јавноста се големи, дека ако не успее да се квалификува на ОИ ќе му падне во вода успехот во ЕП пошто ние сме таква нација, ако има успеси се велича, ако нема се плука.

Успехот на ЕП беше МОМЕНТАЛНА МОТИВАЦИЈА. Едноставно такво нешто нема никогаш да се повтори, тоа е факт. Се кладам дека ни самиот Докузовски не очекуваше такво нешто, и самиот беше изненаден од крајниот епилог...
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Кондициски се очекуваше да паднеме, во однос на она што го презентиравме на ЕП, поради долгите сезони на нашите клучни играчи во Италија и Грција.

Но и самите изјавуваа дека се спремни да одиграат барем 2 натпревари у топ форма, мислејќи на 1/4 и 1/2 финалето.

Го знаеше то аи ЛАзовски, и затоа така играше со Ангола, малтене како тренинг утакмица, за да се штедат силите.

Е сега што и како во второто полувреме се случуваше со ДОминикана, би требало да кажат кога ќе се вратат, за да сепак во иднина с еизбегнат ваквите моменти.
Не знам дали тренираш ама не е така работата со кондиција, или ја имаш или ја немаш. Долги сезони имаат сите не се нешто нашите екстра пооптеретени од другите ама вака да се паѓа на кондиција само во македонски репрезентации сум видел што значи некој е или многу мрзлив или нема еден нормален тренер па да направи кондициона програма што ќе важи од денес за стално.

Шампион да е ќе загуби од просечен тим ако нема кондиција а плус и тој победничкиот германски менталитет што го покажавме на европското го снема (да добиваме во последна минута иако губиме), сега сме сенка на тој тим а играчите се исти.

Да лупаш со глава од ѕид од мака, тоа е состојбата.
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Со ладна глава денес би го коментирал вчерашниот натпревар. Игравме добро во прва четвртина додека на Лазовски не му текна да го пушти Гечевски. Секоја чест за се што има направено до сега но време е да ги стави патиките на клинец. Помина неговото. Повторно не ми е јасно зошто не играше Николовски. Дефинитивно повеке можеше да помогне од Гечевски. Иако Чековски е премногу пцуен од мене вчера одигра одлично. Владо и Бо вчера беа најдобри. Владо имаше неколку фантастични поени, потоа неколку асистенции до Бо и Самарџиски па и до Гечевски. Бо фантастичен мислам дека треба да му се понуди да биде капитен на оваа репрезентација, доколку сака сеуште да игра за Македонија. Тој е моторот на тимот одигра како роден Македонец...БРАВО БО... Самарџиски ме изненадува играч кој има најмногу напреднато и можам да кажам дека беше и еден од најдобрите три центри на турнирот... Перо бргу го скротија судиите... Не му дозволија да игра, а во прва четвртина играше фантастична одбрана против Хорфорд. Војдан и Дамјан вчера потфрлија. Му дозволија на Гарсија да се разигра кој заедно со судиите нормално ја доби утакмицата... Судиите катастрофа, судењето нула посебно во трета четвртина кога не поткастрија таму каде што најмногу болеше. Кај центрите... Лазовски катастрофа. Играше со 7 играчи вчера недавајки им одмор ни на Бо ни на Владо. Катастрофа. Одбрана никаква, тајм аут ненавремен, недисциплина во играта и толку...
Сум задоволен од тоа што го прикажаа момците, можеа многу повеке доколку имаше подобар тренер (читај Марин) и подобро судење олимпијадата не ни бегаше....
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Можеби факт е дека Марин беше изненаден од четвртото место како и ние самите што бевме изненадени. Не верувам и нема да поверувам во муабетот дека Марин си отишол затоа што му било страв дека нема да успее а ќе биде исплукан. Тоа за мене е најголема глупост која сум ја слушнал и не знам од каде искочи тоа. Човекот е тренер како и секој има свој подем и пад. Марин беше тој кој ја створи таа хемија го изгради тој колектив да биде како едно. Лазовски едноставно не му е дораснат да го продолжи тоа што Марин го постигна. Факт е дека во турниров не влеговме спремни. Ниту кондиционо ниту психолошки. Одредени играчи доаѓаат со плус килажа, психата ни е најслабо нешто за кое сите знаат. Едноставно кога ние ќе паднеме ни Господ не не крева пак.
Федерација портфрли со тоа што после успехот не седна со Марин да го праша што сака кој му се условите. Два месеци се пишуваше по медиуми и се шпекулираше. Марин си оди, Марин останува, нема договор со Марин а некои упорно тврдеа се е ок. Епа се виде дека не е.
Едноставно овој пат кокците не се поклопија. Селекторот ја билдаше формата и играта на турнирот. Што ли правеше во подготовките ни сам тој не знае.....
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Аман со таа изјава на Антич, па баш менталитетот македонски и рајата заедно со медиумите го зголемија притисокот. Преку такво со патриотите, пола од нив на чело ќе си тетовираат име за да отидат до Грција. И за неуспехот не може да биде крива КФМ, туку индиректно Лазовски тој е селектор и во негови раце беше се. Не може Докузовски со стап да го тераат да се врати на селекторското место, кога и тој самиот си замина за пари во Бугарија, доволно паметен знаејќи дека нема шанса да тера на иста линија во репрезентацијата после Литванија, што само на крајот ќе му го нарушеше успехот. Негово право а подобра опција немавме со оглед на тоа дека Лазовски ги знаеше играчите, беше дел од тој тим во Литванија.
А кој го фрли Лазовски во огинот, кој не седна веднаш по првенството, да разговара со Докузовски. Тоа се клучни грешки. А Лазовски сум сигурен дека направил се што е во неговата моќ ама очигледно толку може човекот. Изгубивме две средби од Порторико кој игра иста кошарка а тој не успеа ништо да смени и да се спротистави на ваквиот стил на игра.
--- надополнето: 7 јули 2012 во 16:52 ---
Горе доле сите 4 точки ги спомнавме и ние. Инаку какво ДНО ни се медиумите се гледа и во овој случај , ниту еден медиум не излезе до сега со асална анализа на синоќешниот пораз. Ги бива само за растурање на атмосфера и за дигање на тензии, никаква корист од нив подобро и да ги нема.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.958
Поени од реакции
45.163
Докузовски јасно даде до знаење дека по ЕП се повлекува од функцијата, и дека НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ.
Остана да бара екипа, мислеше ќе го земе некоја подобра, ама на крај заврши во Бугарија...
Кратко и јасно се исплаши дека нема да го повтори успехот од ЕП на овие квалификации и да не звучам злобно али како да се подисплаши дека со таков евентуален неуспех ќе му падне цената на пазарот ;)
Dokuzovski uste pred EP razmisluvase da se povlece, zasto ... za zal nema da doznaeme a rekov vcera zasto, bidejki napravija fenomenalen rezultat vo Litvanija inaku mnogu raboti ke izlezea na povrsina, ne zboram za incidentot so navivacite na MZT, drugi problemi imase on so federacijata, ne bese zadovolen od bajagi raboti i smetase deka timot ne zasluzuva takov tretman od federacijata vo faza na podgotovki za EP, mal milion problemi imase sto ne smeat da bidat slucaj za zemja vlezena u 21vi vek koja saka da ima progres vo sportot .... arno ama, se desi 4to mesto vo Litvarnija i mnogu raboti ostanaa nedokazani, i po EP se gledase deka ima nesto sto saka da kaze tipot, ama si go prekjuti, prasanje e i kolku e moken on nekoi raboti vo toj kontekst da promeni koga kaj nas politikata e navlezena dlaboko i vo sportot pa i tamu ima nekolku zastiteni beli mecki koi muva ne gi lazi. .

Taka da ima golema slika zasto on ne ostana, i treba vinata da se bara i vo rakovodstvoto na KFM. Na krajot sepak zavrsi vo Bugarija, on e vise heroj na zemjava, ja licno nemase da mu zameram za eventualen neuspeh sega ali vaka ostanuva da ne jade muabetot, sto bi bilo kad bi bilo dokolku on sega gi predvodese, ali vo edno sum siguren, 20 razlika so nego nikad nemase da izgubat, nitu pak da primat 58 kosha u edno poluvreme, nope, no can do.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.662
Поени од реакции
11.804
Марин си замина што си замина. Горе долу паметен потег. Со овие нашите никогаш не се знај па колку и да градиш нешто и да се прославиш така можиш и да падниш во провалија. Не е ни прв ни последен Марин. И Марчело Липи така постапи по освојувањето на титулата со Италија ама тој беше доволно глупав за после да се врати и се да упропасти. Тоа е тоа, Марин тешко дека можат да го вратат сега а за поквалитетен поима немам кој би можел да биди
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom