Еве што гледаме на македонските телевизии

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
ЗАМЕНУВАМ ПОД ИТНО; Телевизор SAMSUNG LED 104 sm - 2012 god,
за транзистор (џебен-мал) на батерии,маде ин од било каде.
офтопик

Менувам транзистор мал џебен (FM, AM, MW, SW) на батерии за твојот телевизор (под услов да има VGA порт) плус литро домашна ракија гратис од мене.

онтопик

Плаќаме радиодифузна такса....а што добиваме за возврат???? индиско-турско-бугарски детергент за мозок и владини пропаганди (човек да помисли дека швајцарците ги пакуваат куферите и чекаат во редици на аеродром за да дојдат да живеат во Македонија - зошто според рекламите ние сме барем едно 10 светлосни години пред Швајцарија)

Реалноста е сосема друга....надвор од волшебната кутија наречена телевизор

Под образовна програма подразбирам нешто вакво

наспроти
http://www.youtube.com/watch?v=4ykYInsZ4Vo
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Кој ви е крив кога не гледате HBO ---- ЕДО :)

Таму имаш и најдобри филмови, документарци за романови, светиот грал, кој е исус, рокфелер, циа, мосад, до кога ќе трае времето

Музика на нашиве тв имам само приметено на Наша Тв онаа емисијата што ја води Рубенс на друга тв нема М од музика

Единствено нешто што приметувам, т.е не е можно да не се примети на тв кога и да пуштам се милион реклами и тоа за автомобили.
 
Г

Гучи

Гостин
Кој ви е крив кога не гледате HBO ---- ЕДО :)

Таму имаш и најдобри филмови, документарци за романови, светиот грал, кој е исус, рокфелер, циа, мосад, до кога ќе трае времето
Само ЕДО знаат да направат од игран-сериски. По 3 пати дневно даваат еден филм, случајно ако си ја пропуштил премиерата :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Гледаме на македонските телевизии,знаете шо глеаме ? ГЛУПОСТИ !
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Нека се угледаат малце на HRT нашиве, а не ми праат некои закони за радиодифузија како на нив ќе им прдне. Впрочем, законот е тоа - како на нив ќе им одговара, така ќе си го формираат...
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 15:47 ---
Ама не стварно, едо навистина ги бива...Еве ја и преку локална ги следам, немаат баш којзнае каков квалитет има доста мравки, али сепак се топ...Симнуваат филмови, ако, битно добри филмови и со превод...Навистина се единствена телевизија за такви работи...
Да имаа повеќе финансии, ќе беа најдобра телевизија у МК...А искрено, според вас а и според поустот, најдобра телевизија е Едо..

In fact, i'm watching it right now..
Ем ми е имењачка телвизија :P
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ретко и да го уклучувам ТВ-то ......... т.е. ТВ-ата по дома ......... преку тасета ми е од Турски и Индиски сапуници(порано беа Латино-Американски), а сега се нешто Азијатски ги пуштаат, исто така ми е преку тасета од иселенички џубокси, народњаци, турбо-фолкерај, Вучиќо-визии, Бек-стејџови, Ексклузиви, исто така ми е преку тасета од разно-разна клошараана, фолиранти, политиканти ѓоа Јанко-Бурекчијата, Миленко-Недоделканиот, Мирко-Велиновски, докторот Латас, Ивонката, а исто ми е преку тасета и од Борјановци, Чомовци, Најчиња и остали нивни компањероси ............ со еден збор кажано Телевизијата ни е шуте-дупе ! :D
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
турски серии фул, образовни незнам дали се нафаќа да прави некој!
Трагедија во македонското патетично општество (n)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Плаќаме радиодифузна такса....а што добиваме за возврат???? индиско-турско-бугарски детергент за мозок и владини пропаганди (човек да помисли дека швајцарците ги пакуваат куферите и чекаат во редици на аеродром за да дојдат да живеат во Македонија - зошто според рекламите ние сме барем едно 10 светлосни години пред Швајцарија)
Пфффффффффф Швајцарците можат вода да ни носат ........ само мене ми е страв од потенцијалните мигранти од запад, не за друго туку каде ќе ги сместиме ..... многу се цела ЕУ тука ќе дојде ......... со-се гашти ! :cautious::icon_mrgr:
Но и не е се така црно ........... пушти си Сител и свиркај си ......... се е розово ............ потпис д-р. Латасовиќ ! (n)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Нашите телевизии сите во пакет (можеби со исклучок на Алфа и делумно Телма и канал 5) се ширачи на политичка пропаганда, турски , индиски и што ти јас знам какви серии, потоа крадени реалити шоуа нечесто и без превод , ептен аматерска сопствена продукција , неинвентивност што резултира со бледи копии. Нашите телевизии се еден од виновниците за колективната депресија и исполитизираност на македонското општество , притоа место да го образуват народот , да ги анимират и мотивират младите тие уште повеќе не затупуват. Јас мислам дека треба да се постават построги критериуми за тоа на кого треба да му се даде концесија за државна телевизија.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Не знам дали има тема за Канал 5... ама сега гледам вести и пред рекламите се појавува оваа Тајчи што е од вестите и вика... ја прекинуваме програмата, авионска несреќа, авионот паднал одма по полетувањето и тоа два пати го кажува... и после тоа покажуваат Крај, наскоро на Канал 5... Абе овие нормални ли се, најлошо е што ова не им е прв пат.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Нашите телевизии сите во пакет (можеби со исклучок на Алфа и делумно Телма и канал 5) се ширачи на политичка пропаганда, турски , индиски и што ти јас знам какви серии, потоа крадени реалити шоуа нечесто и без превод , ептен аматерска сопствена продукција , неинвентивност што резултира со бледи копии. Нашите телевизии се еден од виновниците за колективната депресија и исполитизираност на македонското општество , притоа место да го образуват народот , да ги анимират и мотивират младите тие уште повеќе не затупуват. Јас мислам дека треба да се постават построги критериуми за тоа на кого треба да му се даде концесија за државна телевизија.
Нашиве Телевизии ај што воопшто не се ни обидуваат да делуваат позитивно врз народот, да даваат повеќе научна програма, документарни емисии и сл. они уште толку работат на глобалното затупување на ионака затупениов народ(и старо и младо) ............ поготово Индиските серии мислам дека се шлагот на тортата ........ затупувачка !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom