Не очекував дека ќе биде вака лесна победава, посебно коа го видов составот
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Одлична игра во одбрана, во пресрет на утакмицата со манчестер, тоа посебно ме радува. За Торес секоја пофалба би била само повторување, ама мора да кажам дека само се покажа во вистинско светло, ѕверот кој и неверојатните голови прави да изгледаат како да е нешто најлесно (Видич нека му ја мисли :-P). Мило ми е што гледам дека и Стиви почна да се враќа во форма, ова затоа што секогаш кога он игра добро ми изглеа како цел тим да функционира како што треба. Иако се разочарав коа го видов у први 11мина, мора да го пофалам Лукас дека изигра добро.
Иако до вчера мислев дека утакмицата со манчестер ќе биде очајна, после овие две победи (иако не можат да се споредуваат Портсмут и Лил со Манчестер) мислам дека тимот е во добра форма и се спремни за да им подготвиме изненадување, посебно ако Аква се врати у прв состав.
Во врска со расправиите на Риера со Рафа, некои од играчите најверојатно ќе останеа анонимни ако Рафа не ги донесеше во тимот, сеа се понашаат како ѕвезди со поголем авторитет од тренерот. И покрај тоа што мислам дека е време за нов тренер во Ливерпул (посебно се надевам на Гус Хидинк, а нешто глеам се пуштаат трачеви и за Мурињо), се додека е Рафа тренер во тимот играчите треба да го почитуваат како авторитет кој е над нив, а не да ја влошуваат уште повеќе атмосферата во тимот со јадење гомна наоколу.
YNWA!