Со мирна глава малку да дадам некој коментар пред натпреваров. Предчуствував дека ова ќе се случи уште по мечот со Евертон и се случи...
Сезонава беше долга и динамична за нас, со многу подвизи и падови во формата, со нови играчи и успех е што сеуште сме во битка за титулата, а секако дека поголемо ќе беше задоволството ако бевме во пол позиција на 2 меча пред крајот, но и со ваков епилог сум задоволен од сезоната.Започнавме перфектно во првите кола, го јадовме од Сити, испаднавме од ЛШ, па полека се враќавме во ритам со доста неконстантни игри, испаднавме и од ЛЕ, дојдовме до можност да се доближиме до Сити, го искористивме тоа, дојдовме до пол позиција, дури и 8 поени предност на 5-6 кола пред крај и покрај тоа што оваа сезона е една од тие што ќе следат во следниот период со промена на играчи (рачунајте Гигс, Сколс, Евра, Рио, Вида, Керик во наредниот период ќе им се бројат минутите на терен) доаѓа повторно тој пад на форма и резултира со ова сега што се случи вечерва...Искрено секоја чест за САФ за тоа што го направи оваа сезона, успеа да го вгради тој менталитет на младите што дебитираа оваа сезона и да ги поткова на вакви моменти во нивните кариери во иднина, но да бидеме реални во одредени натпревари ја пос*а, а еден од нив беше тој и вечерва...
Значи во клучен натпревари со својот конкурент кој ја одлучува титулата, каде со пораз се губат поголемите шанси за тронот, пристапува кукавички и уште од сам старт диктира игра за 0-0, со статични крила, средина која не креира апсолутно ништо и со пола нова одбрана која нема играно заедно од пред некој месец. По овој меч сигурно му е јасно на стариот дека Парк е веќе потрошен матрејал и колку да се труди далеку е од тоа што беше во минатото и се надевам дека летово ќе добие шанса да си замине во друг клуб. Ако играше Џонс во средината сигурно повеќе ќе ја умртвеше играта и ќе придонесеше повеќе за тие 0-0 него Парк. Смолинг не е директно виновен за погодокот и не го окривувам за овој меч зошто стартува меч по некое време, за Џонс исто по десна страна беше солиден, но ЕВРА стана автобуска станица за противниците по неговата страна, кој стигна си замина покрај него со топката и мора да се купи лев бек вгодина и никако Еванс да се уништи по таа страна. Сите го критикувате Руни гледам...Па Руни беше отсечен цел меч, мораше да се враќа да покрива за другите, да прими топка сам да организира нешто, но со Парк не може тоа да го направи. Живна малце играта откако влезе Велбек, но фалеше брзина по крилата, Гигс лево тешко му одеше со Забалета, Нани исто со Клиши. Фалеа реално и Јанг и Валенсија да ораат лево и десно и да добиваа повеќе топки Руни, но сепак што би било кога би било. Со овој состав и со некој друг тим ќе се мачевме, него ли со Сити во моментов кој има поединци кои можат за секунда да го решат мечот. Не можам да го оправдам ова што се случи во последните натпревари и наивното губење на поени со Виган и Евертон, за да сега да се крстиме во Њукасл и КПР. Останува да веруваме дека ќе се случи чудо, но искрен да бидам песимистички гледам кон крајот на сезоната зошто според најблагото лошо сценарио (Сити да ги тепа и двете со 1-0 ќе имаме -10 гол разлика која ќе треба да се надокнади во 2 меча) ќе биде доста тешко да дојдеме до тронот.
Ова лето очекувам од тимот да си заминат неколку фудбалери и да пристигнат соодветни замени за нив (нема сигурно да се купува само плеј во средината).
Сепак, тоа е тоа, што и да се случи на крајот треба да се подржат момците и да веруваме дека следната сезона ќе биде далеку подобра од оваа.