Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Дечко, те читам и на претходните страни каде си коментирал, и не сакам да ти реплицирам, бидејќи се гледа дека си незналица, дека не ги сфаќаш работите, а и дека правописот слабо некако, па тешки разбирливи ти се постовите без интерпукциски знаци...

Не сакам да се замараш со мене, еве ќе ти одговорам и тука нека остане, може? Не треба на никој да честитате лично, туку тука да се честита на целото мнозинство... Најпросто, кога некој ќе напише "честито титула", значи дека честита титула на сите навивачи на Јунајтед, така?... Ајт
Тоа е све станвте експерти по фудбал
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Види се ова ок ама стварно не видов каде згреши Џонс. Еднаш не го пројде Агуеро, се од таа десна страна кај Евра не напаѓаа. Џонс ќе биде одличен играч, доволен факт е тоа што Џонс на Ричардс му држи место во репрезентација.

Тие што ги спомна одлично изиграа, друго заебаа.

Не ме фаќај за збор де.. онака реков за Џонс, а за овие 2цава колку и да се јаки играчи, не се за во прв тим веќе (мое мислење). Било шо било ама нивното време е поминато, незнам оти Ферги упорно ги става, треба да земите млади и свежи играчи на нивно место, некако ко да не можи Јунајтед да се помири со тој факт. Сакаат со играч вратен од пензија да освојат премиер лига, епа неможи така. Можи да влегуваат во 75та ако има некоја потреба, неможиш и не смејш да очекуваш тие да ти ја држат средината и да се надтрчуваат со играчите од Сити 90мин. Нема никаква логика.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.722
Поени од реакции
9.446
Со мирна глава малку да дадам некој коментар пред натпреваров. Предчуствував дека ова ќе се случи уште по мечот со Евертон и се случи...

Сезонава беше долга и динамична за нас, со многу подвизи и падови во формата, со нови играчи и успех е што сеуште сме во битка за титулата, а секако дека поголемо ќе беше задоволството ако бевме во пол позиција на 2 меча пред крајот, но и со ваков епилог сум задоволен од сезоната.Започнавме перфектно во првите кола, го јадовме од Сити, испаднавме од ЛШ, па полека се враќавме во ритам со доста неконстантни игри, испаднавме и од ЛЕ, дојдовме до можност да се доближиме до Сити, го искористивме тоа, дојдовме до пол позиција, дури и 8 поени предност на 5-6 кола пред крај и покрај тоа што оваа сезона е една од тие што ќе следат во следниот период со промена на играчи (рачунајте Гигс, Сколс, Евра, Рио, Вида, Керик во наредниот период ќе им се бројат минутите на терен) доаѓа повторно тој пад на форма и резултира со ова сега што се случи вечерва...Искрено секоја чест за САФ за тоа што го направи оваа сезона, успеа да го вгради тој менталитет на младите што дебитираа оваа сезона и да ги поткова на вакви моменти во нивните кариери во иднина, но да бидеме реални во одредени натпревари ја пос*а, а еден од нив беше тој и вечерва...

Значи во клучен натпревари со својот конкурент кој ја одлучува титулата, каде со пораз се губат поголемите шанси за тронот, пристапува кукавички и уште од сам старт диктира игра за 0-0, со статични крила, средина која не креира апсолутно ништо и со пола нова одбрана која нема играно заедно од пред некој месец. По овој меч сигурно му е јасно на стариот дека Парк е веќе потрошен матрејал и колку да се труди далеку е од тоа што беше во минатото и се надевам дека летово ќе добие шанса да си замине во друг клуб. Ако играше Џонс во средината сигурно повеќе ќе ја умртвеше играта и ќе придонесеше повеќе за тие 0-0 него Парк. Смолинг не е директно виновен за погодокот и не го окривувам за овој меч зошто стартува меч по некое време, за Џонс исто по десна страна беше солиден, но ЕВРА стана автобуска станица за противниците по неговата страна, кој стигна си замина покрај него со топката и мора да се купи лев бек вгодина и никако Еванс да се уништи по таа страна. Сите го критикувате Руни гледам...Па Руни беше отсечен цел меч, мораше да се враќа да покрива за другите, да прими топка сам да организира нешто, но со Парк не може тоа да го направи. Живна малце играта откако влезе Велбек, но фалеше брзина по крилата, Гигс лево тешко му одеше со Забалета, Нани исто со Клиши. Фалеа реално и Јанг и Валенсија да ораат лево и десно и да добиваа повеќе топки Руни, но сепак што би било кога би било. Со овој состав и со некој друг тим ќе се мачевме, него ли со Сити во моментов кој има поединци кои можат за секунда да го решат мечот. Не можам да го оправдам ова што се случи во последните натпревари и наивното губење на поени со Виган и Евертон, за да сега да се крстиме во Њукасл и КПР. Останува да веруваме дека ќе се случи чудо, но искрен да бидам песимистички гледам кон крајот на сезоната зошто според најблагото лошо сценарио (Сити да ги тепа и двете со 1-0 ќе имаме -10 гол разлика која ќе треба да се надокнади во 2 меча) ќе биде доста тешко да дојдеме до тронот.

Ова лето очекувам од тимот да си заминат неколку фудбалери и да пристигнат соодветни замени за нив (нема сигурно да се купува само плеј во средината).

Сепак, тоа е тоа, што и да се случи на крајот треба да се подржат момците и да веруваме дека следната сезона ќе биде далеку подобра од оваа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не ме фаќај за збор де.. онака реков за Џонс, а за овие 2цава колку и да се јаки играчи, не се за во прв тим веќе (мое мислење). Било шо било ама нивното време е поминато, незнам оти Ферги упорно ги става, треба да земите млади и свежи играчи на нивно место, некако ко да не можи Јунајтед да се помири со тој факт. Сакаат со играч вратен од пензија да освојат премиер лига, епа неможи така. Можи да влегуваат во 75та ако има некоја потреба, неможиш и не смејш да очекуваш тие да ти ја држат средината и да се надтрчуваат со играчите од Сити 90мин. Нема никаква логика.
Се надевам летово ќе биде тоа, никој не претпоставуваше Андерсон и Клеверли дека ќе бидат оптоварени со повреди, додека играа тие во средина нерешено немавме камоли пораз. .. :):)
--- надополнето: 1 мај 2012 во 02:10 ---
ziak92 се согласувам со тебе, Џонс не смее да биде трошен како стопер или како бек. Детето е родено за во средина, ептен се ограничени тие позиции за неговите квалитети.
--- надополнето: 1 мај 2012 во 02:13 ---
Пази што си рекол, ќе се покаеш! ;)
Како сте во Тајнсајд таму, добри? :D:D:D:D:D:D:D:D:D
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
И со кое право ќе ги реметиме после Сити кога еднаш не понижија 1-6, а сега не не оставија да мрднеме на теренот и пак не тепаја 1-0
Нема кој да реметите, не се секирај. Нема навивачи :P
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Welbeck left the Etihad with his injured ankle in a protective plastic cast.

Супер.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Вистина е ова?
Manchester United midfielder Darren Fletcher has reportedly retired.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Вистина е ова?
Manchester United midfielder Darren Fletcher has reportedly retired.
Хм, некој новинар го прашал дали ќе биде спремен за наредната сезона и тој му потврдил со главата. Огромна штета ако е ова точно и ако го чуваат за кога ќе заврши сезоната :(
--- надополнето: 1 мај 2012 во 03:12 ---
Шит, очигледно стварно е лоша работата со Флечер. Страшно, премногу ми е жал :place:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Хм, некој новинар го прашал дали ќе биде спремен за наредната сезона и тој му потврдил со главата. Огромна штета ако е ова точно и ако го чуваат за кога ќе заврши сезоната :(
--- надополнето: 1 мај 2012 во 03:12 ---
Шит, очигледно стварно е лоша работата со Флечер. Страшно, премногу ми е жал :place:
Штета, ако е вистина. Не беше многу омилен кај противниците, ама тоа беше само поради борбеноста и пожртвуваноста за својата екипа, што го правеше омилен кај своите. Штета и што баш ова му доаѓа после ланската сезона каде што беше еден од најдобрите кај вас.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Пошто сеа се враќам и сум многу уморен да пишам нешто подолго, само ќе кажам НАША Е! ;)
 
A

apidrone

Гостин
Зошто доаѓаат фанови од други клубови и кажуваат дека Сколс не го бива? Ај разгледајте резултатите на Манчестер во ПЛ откако тој се врати (хинт: после поразот од Њукасл).
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Ајде и јас да постирам мислење за вчерашниот натпревар
како прво сосема добра тактика али со погрешни играчи веројатно обидот беше бункер да се игра али со Гигс и Парк кои можеби порано ја вршеле оваа работа многу солидно
сепак се во години и многу јасно дека контри со нив тешко.

Друга работа јасно е дека се потребни засилувања во средниот ред ова го велам 2 години и во јуни би требало да се опамети Фергусон и да донесе некој плеј.

Уште нешто за крај како беше тоа што го велеа тука одредени членовите секогаш по потешкиот пат интересно тоа го велеа за Лига на Шампиони али сме ги потцениле на крај искочи потоа Лига на Европа ке сме освоеле али не ни се играло и Премиер Лигата секогаш по потешкиот начин ке сме освоеле сепак не сум детенце да ги постирам нивните таканаречени "паметни" мислења и да се потсмевам али некои и тоа го заслужуваат и останете смирени глори хантери ништо не е втор пораз од сити испаѓањето од лига на шампиони и лига европа се е океј само вие ќутете си и лижете им го газот толку од мене утре ке се вклучам поздрав.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Зошто доаѓаат фанови од други клубови и кажуваат дека Сколс не го бива? Ај разгледајте резултатите на Манчестер во ПЛ откако тој се врати (хинт: после поразот од Њукасл).
па демек стар бил. Не знам како да им се објасни дека и на 36 години е кока кола за другите испувани фаци. И тие да го имаа во екипа ќе го играа.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Немој да ве читам сеа, као задоволни сте од сезоната, на 6 кола до крај да имаш 8 бодови предност, а сеа да се надеваш дека некој друг ќе ти помогне и не е баш за задоволство.Не сум од тие што плачат и очајуваат за титула, би сакал да ја освоиме, па макар и Сити кикснале дома со КПР, не во гости со Њукасл, не ми е битно тоа.Но треба некогаш и реален да се биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom