Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.662
Поени од реакции
35.300
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) Михајло Михајловски на денешната прес-конференција побара да се извлечат поуки од турнирот во Шведска, да не се шират шпекулации за промена на селекторското место и репрезентацијата да се фокусира на следниот бараж натпревар со Австрија за Светското првенство.
- Да бидеме оптимисти дека ќе се пласираме на Мундијалот во Шпанија 2013 година. На Олимписките квалификации отидовме можеби со преголем оптимизам дека ќе ги победиме Унгарија, Шведска и Бразил, но ги загубивме натпреварите. Одигравме послабо од ЕП во Србија, но во Гетеборг никој не не надигра. Сепак во Гетеборг потфрлија клучните играчи, Кире Лазаров, Борко Ристовски, Веле Марковски... Таков е спортот. Секогаш не се победува. Некогаш има подеми, некогаш падови, истакна Михајловски.
Селекторот Ѕвонко Шундовски категоричен во одговорот на новинарско прашање околу негова оставка поради слабиот резултат во Шведска.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B0E59346B5BF1A4A8289B7931E0F4B85

А до тогаш треба да се молиме да не доживееме дебакл и во Австрија:свиркам:па тогаш може ќе им текне на ‘‘стручниот штаб‘‘ дека тие се единствените виновници за состојбите во македонскиот машки ракомет.:tapp:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
освен стојанович раде друг лев бек имаме ли што би можел а биде подобар од филип?
Пецаковски... доколку уште игра и има желба да си ја врати формата. Или некој од помладиве да се фрли во оган. Или Велко да почне да игра и во напад, тоа би било најдобитна комбинација :D
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Или пак да се трае Филип уште 2 години, па да се убаци тој малиот што го има на клипче како голем талент што го постираше МКДХЕНДБОЛ :icon_mrgr:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Или пак да се трае Филип уште 2 години, па да се убаци тој малиот што го има на клипче како голем талент што го постираше МКДХЕНДБОЛ :icon_mrgr:
Мислиш тој ќе заигра место Филип? Нема шанси, тогаш ќе се вадат на "искуството" на Филип. :D
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Пецаковски... доколку уште игра и има желба да си ја врати формата. Или некој од помладиве да се фрли во оган. Или Велко да почне да игра и во напад, тоа би било најдобитна комбинација :D
Значи сепак најдобро решение е да се земе квалитетен странец. Јас не гелдам никава срамота да игра за мкд репрезентација, освен дека ќе го земе е мстото на филип и тоа е причината изгледа зашто не се зима.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.280
Поени од реакции
8.446
:pos:Ме изнасмеа сега. Работам јас, ако седам со вас :)

Абе ич не ја искоментиравме убавата страна на Гетеборг :vozbud:

Оваа ако е таа што мислам ... тогаш живее во Стокхлом :) и е солза девојчето :))
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Или пак да се трае Филип уште 2 години, па да се убаци тој малиот што го има на клипче како голем талент што го постираше МКДХЕНДБОЛ :icon_mrgr:

Многу е мал тој, пред него има уште еден Борјан Маџовски, таа позиција за во иднина има ветувања.За сега е проблемот. Ваљда и по другите клубови има талентирани деца.

Инаку било кој нов играч да се стави таму би бил покорисен од Ф.Лазаров, нема репрезентацијата скоро никаква корист од него.Нит напад нит одбрана. Овој Маџовски Лино го пушташе и во ЛШ а и во СЕХА. Експлозивен е брз, добра одбрана игра. А и пропорциите му се слични на Киро и Раде.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Пецаковски... доколку уште игра и има желба да си ја врати формата. Или некој од помладиве да се фрли во оган. Или Велко да почне да игра и во напад, тоа би било најдобитна комбинација :D
Игра негде овој сезонава ?
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
http://www.youtube.com/watch?v=WmjcQOlxtjs
Нема Македонец кој кога ќе ја слушни и види атмосферава нема да му заигра срцето од радост и гордост, јас уште еднаш ќе пишам оти треба да бидеме горди што сме родени во златните години на Македонскиот Спорт, а како што спортот може да го напарви човек среќен и како што спортот може да ја обедини една држава во едно неможи ништо друго нели? Секако има разочарување и кај мене но повеќе во мене преовладува гордоста што сум Македонец, што му се радувам на овие успеси....
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Игра негде овој сезонава ?
Мислам дека играше или требаше да игра за Пелистер... а и повреден беше нешто... Некој од Битола сигурно е подобро информиран.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.546
Не игра никаде Пецаковски..
Има тешка повреда.....
Навистина штета за дечкото,голем потенцијал.....
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Не игра никаде Пецаковски..
Има тешка повреда.....
Навистина штета за дечкото,голем потенцијал.....
Штета...многу добар шут имаше...баш мислев дека конечно ќе ја пополниме таа позиција на лев бек со него...утакмица на кариерата имаше со Кил..
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Значи пак без лев бек :D А зашто не сакаат кузмановски од романија да го пробаат? толку ли е тапа?
Незнам колку ни фали лев бек. Наумче одлично ја врши работата и како среден и како лев бек а најголемата слабост ни се крилата. Имаме одличен пикер -Столе имаме одлични бекови само крилата ни се некако непродорни, успорени слаби. Алушевски е веќе стар и се чувствува тоа а Манасков некако ми е несигурен. Сличен проблем имаме и со десно крило и затоа играта се заснова пред се на бековите со повремени проигрувања на пикер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom