Никој не ни е крив, губиме бодови кои мораше да ги освоиме. Против Сиена, Киево, Парма, Каљари итн итн. 12 нерешени ебаго, 12! Па од тие 12 нерешени, 5 да ни се победи, 7 да ни се порази подобро ќе беше. Што дека сме без пораз кога имаме еден тон нерешени кои мораше да ги победиме. Ебате серијата без пораз, а со еден куп нерешени.
За вчерашниот натпревар, најголем дел од вината оди кај Конте. Побогу, против Киево играш човече, зошто при 1-0 се затвораш... Напаѓај бе! Имаш играчи, имаш публика, имаш све! Кој курац се затвораш. И што беше со формацијата? Доста е веќе со Бонучи, Естигарибија, Падоин, Бориело... Касерес, Елиа, Красич, Мароне, Дел Пиеро колку и да немаат искуство, колку и да се тазе, колку и да се млади, колку и да се стари и без кондиција или што и да е изговорот, победни од тие погоре не можат да бидат! Не можат! ФАКТ! Плус тоа, да му се сневиди, кога веќе играш 4-4-2 стај го десно Елиа или Красич, поофанзивни се од Падоин. Против Киево играш ебаго, доволен е Лихштајнер за дефанзива, не треба и Падоин да покрива по таа десна страна. Офанзива треба против такви екипи, плус на домашен терен!
Ја разбирам дека целта беше пласман во ЛШ на почетокот на сезоната, но кога веќе го намирисуваш скудетото, зошто да не се потрудиш да го освоиш? Не е ништо загубено сеуште, не смееме да се откажеме, но мора да се средат некои работи, прво кај Конте во главата, па потоа и кај играчите. Имаме шанси годинава за титула повеќе од било кога после фарсополи!
Против Болоња, би сакал да има промени во формацијата, но знам дека нема да ги има. Јас би играл ова:
Џиџи
Лихштајнер - Барѕаљи - Касерес - Де Чеље
Видал - Пирло - Мароне
Елиа - Матри - Пепе
Маркисио заслужува клупа после лошите настапи изминативе неколку кола, да му се укаже дека не е недопирлив. Исто и Вучинич. За Бонучи муабет да не правам. Ама знам дека ова нема да биде составот. Конте ќе излезе со овие, гарантирам!
Џиџи
Лихштајнер - Барѕаљи - Бонучи - Де Чеље
Видал - Пирло - Маркисио
Пепе - Матри - Вучинич
Како и да е, мора да се победи во среда! Тешко ќе биде, ама мора! Не е ништо изгубено, само храбро и со памет!