Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
ке можеш ли на напишеш нешто повеќе за кленбутеролот ако не те мрзи,што содржи,саид ефектс(ако има),препорачана доза и каде може да се најде и по која цена ....
кленбутеролот е познат во животот на славните личности, го користат за да смалат тежина во краток период, не е токсичен, а лоши страни се што може да ти ја накајчи температурата до 1 степен макс првите 2 дена и што ти се тресат рацете додека го користиш. не е препорачан да се зема за луѓе што имаат проблеми со тируидната жлезда. неможам да пишам кај можеш да го најдеш ако те интересира ПП.
 
Колку време после тренинг треба да се јаде и што ? :)
Иначе јас сум почетник, нецели 3 недели одам.
 
Дечки ако може некој совет да ми дадете како да се здебелам најбрзо ?
 
Како изгледаат вашите рутини на вежбање.. каква филозофија имате во однос на тренингот? Малце смена пошто само за суплементи се збори на темава :D
 
Бројот на отчукувања на срцето за 10 секунди ги множиш со 6.

Пример: 25 отчукувања за 25 секунди*6 = 150. Е сега може да е плус/минус неколку отчукувања али мислам дека тоа не ти е од многу големо значење. Мислам дека безпотребно би било да фрлаш пари за мерач на пулс :D

па неможам ја додека трчам/вежбам да си мерам пулс :D . башка ми треба за регулирање на гранции и зони на пулс...
--- надополнето: Nov 21, 2011 9:12 PM ---
Знам дека има во продавниците за велосипеди (барај попуст)
http://bikestop.com.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=10&Itemid=106
Еве на пример Поларис се позната марка и се 4100 ден нагоре. А како што видов се продаваат СИГМА на пазар3 за 2200ден и на Youtube
]

земав пулсар од Conrard од трговски, 1600 живо џабе :D
 
да не знае некој каде може да се најде, и колку пари е мерач за пулс?
Мислам дека видов во lining поранешна орка во Веро Центар. Да проверам утре, задутре па да ти кажам за сигурно за да не се малтретираш да проверуваш.
Убава работа ама не до толку неопходна, ако има тинта цепај.
 
билдери... ако сака некој креатин, 300грама од Optimum Nutrition по поволна цена нека пиши. од Битола сум. купен е 700ден пред 1 недела, а го давам 500. се имам напиено само 2 лајчина од по 5 грама и толку. не ми се вежба зато го давам :sleep:
02573_CreatinePowder_150g.jpg
 
Колку време после тренинг треба да се јаде и што ? :)
Иначе јас сум почетник, нецели 3 недели одам.
Можеш да јадеш :

Путер од кикирики и овошје

Друга ужина која може да се внесе после теретана е путерот од кикирики, кој обично содржи 15% од препорачаната доза на протеини во диета која се содржи од 2000 калории дневно. Некои овошја, како што се јаболката и бананите може да се внесат со путерот од кикирики, и да ја вратат енергијата на организмот.

Немасно месо и леб

Немасното месо е здрава храна која може да се внесува после напорниот тренинг во теретана, бидејќи содржи голема количина на протеини, а мала на масти. Лебот пак, ги содржи потребните јаглехидрати, кои му се потребни на телото да го нормализира енергетскиот статус.

Јогурт со ниска масленост

Јогуртот е одлична ужина која може да се внесе после вежбањето, затоа што го ревитализира организмот, го снабдува со протеини и ја враќа изгубената енергија.
а за време веднаш штом ќе си дојдеш мислам дека треба ако не е така нека ме поправи некој, исто така и во денот треба да јадеш 6 оброци и да пиеш повеќе од 2-3 литри вода
штом си почетник еве ти еден сајт со совети за почетници како за нас
 
Колку време после тренинг треба да се јаде и што ? :)
Иначе јас сум почетник, нецели 3 недели одам.
Треба 2 главни цели да запазиш: брзо апсорбирачки протеин + прости шеќери, масти што помалку затоа што ја успоруваат апсорбцијата.

Тоа би значело во најдобар случај веј декстроза и креатин. Ако не си на суплементи би ти препорачал бел леб со туна/јајца/стек и чаша сок.
--- надополнето: Nov 22, 2011 11:21 PM ---
Дечки ако може некој совет да ми дадете како да се здебелам најбрзо ?
Тоа што јадеш + додади 500 калории дневно.
500 калории ти се 100 грама лупен сончоглед што лесно можеш плус да го изедеш на дневна база
--- надополнето: Nov 22, 2011 11:36 PM ---
Можеш да јадеш :

Друга ужина која може да се внесе после теретана е путерот од кикирики, кој обично содржи 15% од препорачаната доза на протеини во диета
Џабе што содржи кога нема добар амино-профил.
--- надополнето: Nov 22, 2011 11:56 PM ---
Како изгледаат вашите рутини на вежбање.. каква филозофија имате во однос на тренингот? Малце смена пошто само за суплементи се збори на темава :D

Мојата филозофија е дека треба да се тренира целото тело, не само мускулите кои можеш да си ги видиш во огледало и на некое време ги менувам вежбите. Кога некој дел од телото не сака да напредува подолго време го менувам начинот на вежбање. Пример одам на повеќе повторувања-помали паузи наместо голема килажа-подолги паузи. Секогаш тренингот го почнувам со сложени вежби чучњеви за нозе, згиб за грб, бенч за гради. Мускулните групи што ги вежбам ги групирам во зависност од тоа колку обврски имам и колку сум одморен. Деловите од телото што сакам да ги унапредам ги вежбам први и со повеќе интензитет. Никогаш не тренирам подолго од 75 минути и во еден тренинг правам околу 30 серии.
 
Треба 2 главни цели да запазиш: брзо апсорбирачки протеин + прости шеќери, масти што помалку затоа што ја успоруваат апсорбцијата.

Тоа би значело во најдобар случај веј декстроза и креатин. Ако не си на суплементи би ти препорачал бел леб со туна/јајца/стек и чаша сок.
.

Да те прашам поради конкретново, јас Креатин во loading фаза го пиев 4 пати по 5 грама, сеа во maintenance еднаш по 5 грама дневно, ама го пијам пред тренинг и во рок од 1 месец качив околу 10-12 кила маса.
Дали е подобро да го пијам после тренинг или ако ми работи до сега како што работи да си продолжам за пред тренинг ?
Исто така, дали е добро да се меша мед со креатинот ?
 
Може да го пиеш пред тренинг, но избегнувај непосредно пред тренинг туку гледај да е барем 45 минути пред вежбање. Најубаво е да можеш со декстроза да го пиеш, ама ако немаш декстроза сок од боровница е исто така добар избор или мед/шеќер, т.е. нешто што ќе го дигне инсулинот. Можеш да ја појачаш дозата со уште 5 грама по тренинг со првиот оброк кој треба да е обилен.
 
Ај кажете некој совет како може да се изгубат мускули, може е глупо прашањево, но ме интересира ако некој знае дали е можен таков обратен процес.
 
Ај кажете некој совет како може да се изгубат мускули, може е глупо прашањево, но ме интересира ако некој знае дали е можен таков обратен процес.

Чек, што? Те молам кажи дека се зезаш :D
 
Чек, што? Те молам кажи дека се зезаш :D
ОК, знам дека е глупо прашањето, а и јас не бев доволно јасна. Еве, конкретно, идам повеќе години на аеробик/фитнес онака, рекреативно, повеќе ради кондиција. Е, ама после толку години вежбање на нозете ко да ми се издефинира подругачија форма, не се незнам какви мускули, ама има разлика од предходно. Иако стриктно аеробни вежби само терам, па и на фитнес кога идев повеќе бев на орбитрек, степер и сл. сепак нозеве ми се зацврстија, знам дека тоа на скоро сите им е целта што сакаат да ја постигнат, но мене не ми се свиѓа. Но, очигледно нема враќање.:oops:
 
Воопшто не вежбај и јади како свиња :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom