ОК, знам дека е глупо прашањето, а и јас не бев доволно јасна. Еве, конкретно, идам повеќе години на аеробик/фитнес онака, рекреативно, повеќе ради кондиција. Е, ама после толку години вежбање на нозете ко да ми се издефинира подругачија форма, не се незнам какви мускули, ама има разлика од предходно. Иако стриктно аеробни вежби само терам, па и на фитнес кога идев повеќе бев на орбитрек, степер и сл. сепак нозеве ми се зацврстија, знам дека тоа на скоро сите им е целта што сакаат да ја постигнат, но мене не ми се свиѓа. Но, очигледно нема враќање.