Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Епа ако е точно ова дали е реално да очекуваме успех во ниш?
НЕ, освена ако за успех се смета 7-8 место...

Историска шанса иаме според формата и квалитетот на играчите за полуфинале (Сеа место Влатко Илиевски, Игорче ќе може да вика „Влатко Темелков за полуфинале“ :pos:), НО со ваков несериозен пристап од федерацијата, ништо...

А и Кире нели беше у добри односи со Червар, колку што знам се немаа искарано, он замина заради финансиите од Загреб...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.068
Поени од реакции
74.740
Епа ако е точно ова дали е реално да очекуваме успех во ниш?
Неможам да тврдам дека ради Кире не е Лино селектор, ама дефинитивно има некоја задкулисна игра поради која он не станува селектор.
Што би го спречило да биде?
Има желба и од него, и од цела Макдонска јавнот, скоро и да беше постигнат договор по заминувањето на Савески, и излезе дека неможеле за плата да се договорат (n)
Тоа други да лажат:sneaky:
Реално во моментов, нашиве играат во ненормално добра форма, само треба да се изберат правите играчи.
Ќе кажам дека нашата бековска линија е сигурно меѓу првите пет на првенствиото:)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Мојсо-Миркуловски-Лазаров, за мене се една од петте најдобри :)
Прво фалат уште минимум двајца квалитетни бекови посебно такви што ќе доминираат со висината и ќе имаат одраз скок-шут и да не заборавиме на такво силно првенство тешко е и цела утакмица да играш на исто ниво а да не збориме за повеќе мечеви теретот да биде на овие тројца. Далеку сме ние уште од први пет токму поради тоа што немаме солидни замени..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.068
Поени од реакции
74.740
Прво фалат уште минимум двајца квалитетни бекови посебно такви што ќе доминираат со висината и ќе имаат одраз скок-шут и да не заборавиме на такво силно првенство тешко е и цела утакмица да играш на исто ниво а да не збориме за повеќе мечеви теретот да биде на овие тројца. Далеку сме ние уште од први пет токму поради тоа што немаме солидни замени..
Мислев на првата бековска линија, а дека немаме солидни замени и тоа е чиста вистина. Замените се едно две класи полоши од првава бековска тројка...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.620
Поени од реакции
14.497
Еј, ама стварно го потековте со Раде СтојановиЧ. Ни јас не би го повикал, а верувам и секој нормален селектор не би го повикал.
А дрва како Филип Лазаров би повикал ? :D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Мислев на првата бековска линија, а дека немаме солидни замени и тоа е чиста вистина. Замените се едно две класи полоши од првава бековска тројка...
Малце реалност........... Нит имаме една од најдобрите 5 бековски линии во Европа,ниту имаме играчи за полуфинале. Јест да кошаркарите покажаа дека изненадувања се можни,но тоа што тие го направија се случува еднаш во 10-15 години.
Башка во кошарка со добра одбрана, 1-2 добри играчи и помошници за нив е можно да се стигне подалеку со малце среќа.Во ракомет треба повеќе од еден играч,а ние само еден имаме.Мојсовски и Миркуловски се добри играчи,но не се светска класа,далеку далеку се од тоа.
Данска,Франција,Шпанија,Шведска,Хрватска,Полска, Унгарија, Србија, Германија имаат подобри стартни бековски линии,да не збориме за резерви.Па тука се и Норвешка и Исланд,Чешка со Јиха, кои се послаби од првите набројани,а се доста јаки репрезентации.
Реално Унгарија ни покажа колку сме јаки без Кире...........Премногу е зависна оваа екипа од него.Дури и Мојсоски кој е добар играч прво гледа на Кире да му подаде,па после тоа ако може нешто да направи.Се му се дава на Кире,а на крајот од краиштата и он е човек.Не е машина.Плус што Кире нема појма како се игра во одбрана.
Можеби малце Металург те занесе со досегашните победи,па ги имаш малце преценето нивните играчи.Металург е едвај просечна екипа во ЛЕ.Металург имаше среќа да се падне во најслабата група извлечена години уназад,оносно сите освен ХСВ се тука некаде или малце послаби од Металург.А репрезентативниот ракомет е појак од клубскиот.
Да не зборам за односите внатре во тимот кога дел од играчите се форсирани од своите браќа и кога еден од играчите го има главниот збор......... Кошаркарите гинеа едни за други и внатре во екипата ја имаа можеби најдобрата атосфера од сите екипи на ЕП.
Втор круг е голем успех за нас.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
А од кај знаеш дали Стојановиќ игра добро во моментов? Кога речиси нема натпревар три години.
ТРИ ГОДИНИ???!
Вардар еднаш го победи Металург оломнани за единствен пат ко играше Раде и можиш слободно да го видиш клипчето колку гола му даде и од колку далечина
Така да да правите споредби помеѓу него и Ф. Лазаров нема смисла
И дете од 5 години да гледа 1 месец ракомет ќе свати дали има смисла да се прави споредба
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
ТРИ ГОДИНИ???!
Вардар еднаш го победи Металург оломнани за единствен пат ко играше Раде и можиш слободно да го видиш клипчето колку гола му даде и од колку далечина
Така да да правите споредби помеѓу него и Ф. Лазаров нема смисла
И дете од 5 години да гледа 1 месец ракомет ќе свати дали има смисла да се прави споредба
Не го споредувам со Филип Лазаров... Стојановиќ нема изиграно повеќе од 10 мечеви во последниве три години... Бил некаде во Азија, па каде се статистиките, ја цела година го гледав низ Скопје, ама ок, ене кај е Азија или Африка, појма неам во која земја беше.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Малце реалност........... Нит имаме една од најдобрите 5 бековски линии во Европа,ниту имаме играчи за полуфинале. Јест да кошаркарите покажаа дека изненадувања се можни,но тоа што тие го направија се случува еднаш во 10-15 години.
Башка во кошарка со добра одбрана, 1-2 добри играчи и помошници за нив е можно да се стигне подалеку со малце среќа.Во ракомет треба повеќе од еден играч,а ние само еден имаме.Мојсовски и Миркуловски се добри играчи,но не се светска класа,далеку далеку се од тоа.
Данска,Франција,Шпанија,Шведска,Хрватска,Полска, Унгарија, Србија, Германија имаат подобри стартни бековски линии,да не збориме за резерви.Па тука се и Норвешка и Исланд,Чешка со Јиха, кои се послаби од првите набројани,а се доста јаки репрезентации.
Реално Унгарија ни покажа колку сме јаки без Кире...........Премногу е зависна оваа екипа од него.Дури и Мојсоски кој е добар играч прво гледа на Кире да му подаде,па после тоа ако може нешто да направи.Се му се дава на Кире,а на крајот од краиштата и он е човек.Не е машина.Плус што Кире нема појма како се игра во одбрана.
Можеби малце Металург те занесе со досегашните победи,па ги имаш малце преценето нивните играчи.Металург е едвај просечна екипа во ЛЕ.Металург имаше среќа да се падне во најслабата група извлечена години уназад,оносно сите освен ХСВ се тука некаде или малце послаби од Металург.А репрезентативниот ракомет е појак од клубскиот.
Да не зборам за односите внатре во тимот кога дел од играчите се форсирани од своите браќа и кога еден од играчите го има главниот збор......... Кошаркарите гинеа едни за други и внатре во екипата ја имаа можеби најдобрата атосфера од сите екипи на ЕП.
Втор круг е голем успех за нас.
Иако се делумно се согласувам со ова за ракометов... али ИСТИ вакви коментари имаше и за кошарката, исти... :D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Иако се делумно се согласувам со ова за ракометов... али ИСТИ вакви коментари имаше и за кошарката, исти... :D
Дај боже да успеат како кошаркарите,веруј никој посреќен од мене.Го обожавам ракометот и едно полуфинале на ЕП во ракомет ми значи лично како 5 златни во кошарка,али тоа што го направија тие се случува еднаш во 10-15 години така да изненади некој аутсајдер.Објаснив во постот која е разликата помеѓу ракомет и кошарка.
Во кошарката имавме еден играч кој го носеше целиот напад (Бошко) и во ракометот реално имаме еден таков (Кире).Е сега разликата меѓу нив двајца е што Кире врска си нема од играње во одбрана.Имаме уште двајца солидни играчи во ракометот и еден ветеран кој сеуште е одличен и во двете екипи.Тоа се кај ракометарите Мојсовски и според моменталната форма Миркуловски (за него немам појма како ќе изиграна ЕП,сепак е тоа најјако натпреварување,а ова му е прва сезона кај што покаува што може) и ветеранот Алушевски.Тоа се по 4 играчи,кошаркарите уште го имаа и Илиевски,а ракометарите реално немаат некој друг играч.Кошаркарите имаа една цела прва постава + повампирениот Чековски кој ја изигра најдобрата кошарка во својот живот:D,а овие имаат пола права екипа.Кај немаме цела прва постава,ракометот бара и многу ротирање.Доста контактен спорт е,секој удар и фаул уморува,повредите се почести,напад-одбрана смени има многу.........
Реално голманите ни се просечни,али во добар ден можат да имаат по 10-15 одбрани.Ако имаме среќа бар еден од нив од време на време да му е денот ќе биде нешто од нив.
Алушевски е одлично крило и на 39 години,али не е спиди гонзалес,а другиот на негова позиција е 19 годишник кој има само 5-6 јаки утакмици позади себе.На другата страна ќе играат најверојатно Темелков и Мојсоски.Едниот никогаш не бил нешто предобар играч,а старее и карирерата му иде надоле,а другиот е врскаџија и си нема појма.Ако го стават Георгиевки ќе биде подобро.
Пикерите се тројца просечно,не се лоши,ама се далеку од некое врвно ниво.
Останатите бекови не се ни просечни и не се на ниво на ЕП кое во ракометот е најјако можно натпреварување.Филипче ќе го изедат на ЕП,едни Сутјеска и Босна го затвараа,а не Чешка,Шведска или Германија.
Реално за успехот од кошарката треба многу работи да е поклопат.
Сепак забораваш дека 90% од репрезентаците тука се редовни учесници,имаат по 7-8 играчи на врвно ниво и од ЕХФ не го намалија квалитетот на првенството проширувајќи го.
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Дај боже да успеат како кошаркарите,веруј никој посреќен од мене.Го обожавам ракометот и едно полуфинале на ЕП во ракомет ми значи лично како 5 златни во кошарка,али тоа што го направија тие се случува еднаш во 10-15 години така да изненади некој аутсајдер.Објаснив во постот која е разликата помеѓу ракомет и кошарка.
Конечно voice of reason. По фантасичниот успех на кошаркарите претерано многу се кренаа амбициите за успех со ракометарите. Забораваме дека ова е ЕП каде што е најдобриот ракомет на светот и нема лесна утакмица. Да,групата можеше да биде и потешка,и се надевам да голем жар од нашите. Но сепак мора да ги согледаме реално работите.Филип Јиха најдобриот ракометар мината сезона и според многу познавачи поопасен и од Карабатиќ,ке игра против нас. Германците се стандардно цврста и компактна репрезентација и ќе треба многу да играат на нашите момци на високо ниво за да можеме да изненадиме.

и јас сум голем љубител на ракометот,бев и во Хрватска и сега ќе одам во Ниш.но мора да ги согледаме нашите можности и да бидеме реални дека втора фаза е супер успех. Дечки нашето стартно крило,Стефче,ако се сеќавате се откажа од репрезентација по неуспехот на квалификациите за СП,а сега е повторно во прва постава. а неговата замена Манасков,за жал го нема потребното искуство и ќе биде изеден од искусни одбранбени играчи. Малку се крена фама за дечково по неколку чисти контри и 3-4 добри игри со Металург. За Георгиевски се слагам, и смртен грев е тоа што Златко Козла Мојсоски игра пред него. Тука доаѓаме до вториот битен момент. Атмосферата во репката е сомнителна. Кире и Наум ги форсираат своите браќа иако се гледа дека обајцата се лимитирани,а има алтернативи за нивните позиции. Селектор имаме, а исто ко да немаме кога Кире ги кажува советите,Кире ги прави стратегиите и дава мотивација. тоа не е добро. Тука лежи причината зошто Червар не се нафати да биде селектор. Премногу суети имаме

за тоа како играме без Лазаров убаво напиша Трупер.

Исто така одбраната малку шкрипи и добар показател за тоа е утакмицата на Металург со ХСВ. бидејки во металург играат голем процент на репрезентативци. Се гледаше како германците лесно доаѓаа до позиција за шут од пикер и како Паскал Хенс без проблеми решеташе мрежи од 9. а дечкото е стартен лев бек на Германија.

Голманите се посебен дел. Борко игра топло ладно,а диви се помала минутажа има.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Се разбираме...

Мене акцентот ми беше на она: „Ех, имаме среќа ни се падна лесна група. После групава тие од другите групи ќе ни е*ат мамето...“ „Пласман во втор круг ни е максимумот“ Е такви коментари за кошарката имаше мноооооооооогу.

Знам дека она најважното, дисциплината не е иста у ракометов, знам дека атмосферата не е иста, дека работите у федерацијата не се исти како у баскетот.

Плус, дополнителниот притисок кој им се наметна после успехот на кошаркарите ќе им биде од голем минус на ракометариве, не плус, зошто знаеме како играме ние под притисок.

Но, да се надеваме дека до јануари ќе се среди нешто, иако времето минува...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom