Ојлески и Георгиевски не играат на исти позиции. Едниот е десно крило, другиот лево.
Алушот е единствено лево крило, а со пензионирањето на Макалоски не ни имаме некое друго квалитетно...
Е во поново време Ојлески бајаги се истакнува на таа позиција. Претходно не го ни играа многу, ама оваа година е доста солиден, особено на последнава утакмица каде што беше најдобар играч на натпреварот со Металопластика. Мислам дека заслужува да се најде во составот, а мислам дека и во иднина ќе биде замена за Алушевски...
Манасков јуниор незнам баш дали е класично лево крило. Колку што знам он е лев бек, ама игра и лево крило... Нека ме поправи некој ако грешам
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Е сега да го земеш Златко Мојсоски за десно крило, а да не го земеш младиот Георгиевски треба да си ненормален...
Па попрво и Левов би го земал наместо него, мада тука е и Темелков кој досега беше неприкословен на таа позиција, но со заминувањето во Луксембург незнам баш...
Несакам веќе да гледам во составот играчи од типот на Мите Стоилов и Филип Лазаров...
Ми се присерува кога ќе видам дека се земени они, а Раде не е земен...
Али тоа е тоа, знаеме дека Кирца го прави составот...
Клучна алка е триото Мојсоски-Миркуловски-Лазаров...
Во каква форма се сите, ќе имаме страшна бековска тројка.
Лазаров гази, Наумче погодува од кај сака, Миркуловски напреднал милион пати од СП во Хрватска...
Ама тенки сме во замените...
Да се земат Раде и Ангеловски ќе кажам дека сме солидни, мада искрено незнам во каква форма се, ама ете и Манасков е тука...
За одбрана го имаме Велко Маркоски, а мора да признаам дека одбраната на Вардар во последно време се базира доста на Кукоски. Но сепак мислам дека еб далеку од репрезентацијата.
Никола Маркоски е надежен пивот, Стоилов е солиден, а Ванчо Димовски сеуште е предводник на оваа позиција, па околу пикериве нема да има двоумици, пошто тие се тие тројца кои би патвале.
На голманскта позиција, Борко, Диви па може да го земат и Митревски или па искусниот Мисовски кој брани во врвна форма. Може и Петковски да го реактивираат и така пола гол го зафаќа сега