Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нема што да се средува, поголем дел од играчите се знаат одлично од Металург, имаме солидна прва екипа проблем се замени. И мислам дека тие "проблеми во федерација" не се толку големи колку што се шпекулира и сигурен сум дека нема да влијаат на Европско. Мојсовски си ја покажа својата класа во ЛШ како најдобар стрелец, овојпат ќе биде различно од СП 2009 имаме многу поискусни и поподготвени играчи... Уште една замена за Филип Лазаров и ете сме во втор круг. А со баскет не бара никој и не ни треба да се прават некакви споредби ниту притисоци и очекувања тука не реално не може да се прави споредба.
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
различно од СП 2009 имаме многу поискусни и поподготвени играчи... Уште една замена за Филип Лазаров и ете сме во втор круг. А со баскет не бара никој и не ни треба да се прават некакви споредби ниту притисоци и очекувања тука не реално не може да се прави споредба.
Кој? не пробувам да бидам саркастичен или да те напаѓам тебе,но јас не гледам кој би можел да влезе од клупа и да има голем ефект,во спорт каде што замените се од големо значење заради напорот кој се бара од играчите.

И раздорот во федерацијата е голем меѓу луѓето таму,но загрижува и во првиот тим ситуацијата. Гоце Георгиевски да не добива шанса заради Козла е криминално. Во крилата ни е најголемиот проблем. На лево го имаме Стефче кој има 39 години а на десно Козла кој really sucks. На лев бек го имаме Лазаров,кој јас го гледав на сите домашни на Вардар и беше затворан од Борац,Сутјеска,Извиџач и многу ментално е слаб. Замисли го против цврсти одбрани.

И на пикер треба да им се даде шанса на дуото од Вардар а не на Димовски. Човекот пуши пакла ипол дневно, стомак до земја и не може да се бори. Стоилов и Марковски FTW!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Нема шо да се мисли овде...
Нема Раде да биди викнат,иако е во поодминати години сепак можи да биди корисен....
Но од друга страна и нема играно во јака екипа скоро 2 години,маки мачи со повреди,до некаде и е разбирлив потегот на селекторот...но факт е дека..... и со една нога е подобар од Филипче...
За Лазаров мали е се кажано,нема потреба да се повторвам....
Треба Мојсо да оди на лев бек,Миркуловски среден и Лазаров десно...
Системот на Металург......
Со избивањето во преден план на Миркулувски оваа сезона репката доби многу...неочекуван подарок во вистинско време...:)
Јас мислам дека на пикер ќе бидиме НАЈОТЕПАНИ од сите...
Ванчо даде-зеде....толку од него....
Марковски нема искуство за вакви натпревари,Стоиле слично како Марковски...
За другите позиции..
Да се молиме да не се повреди Аљушо....
Темелков стагнира во кариерата...којзнае дали ќе биди спремен во јануари,и него го стигнаа годините....
Голманите се можеби најважниот фактор во нашиот евентаулен пласман во наредната фаза..
Борко е добар голман,иако знае да заспие и топка да не фати,сепак мора да се смета на него..
Дивиот слично како и Борко....
Горе долу израмнети се по квалитет....да се надеваме дека барем еден ќе има свои моменти на ЕП....
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Ја не би се сложил дека сме толку лоши на пикерска позиција, Димовски каков-таков добро игра за Металург иако е втор пикер. А Столе, па со негов гол го освоивме 11 место на СП, кога тогаш имаше храброст за таков потег, зашто да нема сега. Мене ми се допаѓа како игра, штета што од Металург кренаа раце од него.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Многу песимисти сте се собрале на темава, истото беше и за кошаркарите... И гледам сте се фатиле за замениве. Филип покажа со Унгарија дека може да направи нешто, па видете и Чековски го пцуевме сите, па тој ја решаваше утакмица со нашиот јужен сосед. Тоа да, дека до сеа Филип добил премногу шанси и скоро и да се нема докажано, но верувајте дека може да се верува у него. Ако памтите како изигра со Унгарија и тоа без да игра Кирил, беше најдобар стрелец на тие два дуели. Сеа на Загреб им зачукал 7 гола, а Загреб загубија еден гол разлика од европскиот шампион. Да бидеме реални, друга замена на таа позиција скоро и да нема. Стојановиќ може и не би бил право решение, не за џабе немаше клуб едно време, веруам дека Вардар и Металург (посебно овие кои форсираат репрезентативци) би го зеле у екипа да можеше да се извлече нешто од него. Голманиве многу пати до сеа се докажале. Посебно Диви ако го прифатат тие неговите :icon_mrgr::icon_mrgr:. Димовски одличен играч е уште, многу ќе ни треба тоа искуство, ретко промашува од 6 метри, и назачки да шутне гол ќе даде. Тоа е предноста на ваков играч. Бековите се у доста добра форма, крилата стандарт. Затоа ајде малку оптимизам, имаме доста добра репрезентација, плус додадете го домашниот терен. И верувам сите навивачи, а не семкари. Тоа е многу важно посебно у ракометов. Знаеме сите како им се треселе рацете на противниците при нивни напад на наши свирежи, и како сме давале голови со ветер во грб на играчите од страна на нас навивачите. Затоа (y) и малку позитивна енергија.
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Многу песимисти сте се собрале на темава, истото беше и за кошаркарите... И гледам сте се фатиле за замениве. ...
Тетекс-фан, не сум песимист само сум реален. Да бев песимист и да бев неареален немаше да жртвувам јас и мојата фамилија преку 600евра за до Хрватска и сега 300 евра само за карти за Ниш.Повеќе од се посакувам да направиме добар поход во Србија. И ќе бидам со момците на сите утакмици. Но да се погледнеме во огледало и да ги видиме и лошите страни во нашата репка.
За Филипче Лазаров неможе никој да ме разубеди. Сум го гледам на секоја поважна утакмица на Металург и на секоја утакмица која ја има изиграно за Македонија и сега за Вардар.Дечкото едноставно го нема тоа што е потребно. Томасино може да каже како играл мината полусезона за пелистер. Таа утакмица со Унгарија беше one-off и мислам дека 3-4 гола даде од пенал. Ментално е слаб типот а и лимитиран е играчки. Едино има добри физички предизпозиции,но само тоа не е доволно.

@Naum За тоа зошто Столе го напушти Металург,се зборуваше дека Столе не го трпи многу многу медоЛино. Што е добра работа зошто сега игра во мојот клуб:) И Димовски не треба да има стартно место,туку треба да се ротираат Стоилов и Маркоски.
--- надополнето: Oct 25, 2011 11:37 PM ---
Темелков стагнира во кариерата...којзнае дали ќе биди спремен во јануари,и него го стигнаа годините....
.
Досега не сум сретнал мислење на томасино со кое не сум се согласил. Да Темелков е уште една од грижите на тимот. Според мене направи огромна грешка што премина во АМАТЕРСКАТА лига на Лихтенштајн.Разбирам дека појде од финансиски причини,но во таква лига не може да добива сериозни утакмици со кој би ја одржувал формата. И пак доаѓаме до тоа дека морално беше да го земат Гоце Георгиески а не Козла со врските. и се вртиме во круг со ммуабетиве за таа ситуација:)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Да не ја вртиме пак истата приказна....
Тие се маубетите....
Значи...
За Филип.ете Chains побара мислење како изигра Филипче ланската сезона во Пелистер...
Даде неколку утакмици со слаби екипи.....и со Вардар во Битола едно полувреме...му тргна шутот,голманите на Вардар муви фаќаа на таа утакмица и даде некој ефектен гол..
И толку беше.....со Металург во финалето се изгуби(во играта,не во преводот):Dкутриот се подмочна од страв од Ракчевиќ....:)
Ами на тренинг утакмици кај шо не се игра одбрана,или обратно да кажам...кај шо се игра ЖЕНСКА ОДБРАНА:X3: како во нашето првенство и јас ќе играм:)
Кога ќе дојдат екипите со МАЖИ во одбрана,тогаш на сцена стапува правиот играч...
Тука нема лесни голови,за секој гол треба да се намачиш..да примиш удари од двометрашите во одбрана кои нема да бираат средства како да те задржат....
Не е ракометот кошарка.....барем оној европскиот,не нашиот....каде шо секој старт судиите го карактеризираат со две минути.....
На запад тие стартови не ни ги гледаат...
Затоа секој не можи да игра во една Бундес Лига,таму успеваат само ГЛАДИЈАТОРИТЕ....
А филипче бега од дуел со противниќки дефанзивец како мачка од вода...:pos:
Се виде на СП во Хрватска.....
Сега во Србија ќе играме со репрезентации со високи одбрани,Шведска,Германија...кај ќе оди кутриот со овие не знам....
Одбрана воопшто не ни знај да игра...:D
Да скратам да не должам...
Нема МУДА дечкото едноставно кажано,за разлика од Миркуловски кој е една глава понизок,и 15 ина килограми полесен...има СРЦЕ И ЈАЈЦА за речиси пола репрезентација.....
Отсекогаш сум го сметал за храбар играч,кој не се штеди,ама не беше нешто посебно,ама оваа сезона дечкото ме демантира и едноставно експлодира....
Срце треба за ракомет,не е само висината и шутот...
Од се срце се андевам дека ќе ме демантира дечкото во Србија,и дека ќе допринеси за репката.....:)
П.С.Chains....
Темелков ака МРКИ не игра во Лихтејнштајн,туку во некоја екипа од Луксембург,ако не се лажам мислам дека е Башараж....
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Многу песимисти сте се собрале на темава, истото беше и за кошаркарите... И гледам сте се фатиле за замениве. Филип покажа со Унгарија дека може да направи нешто, па видете и Чековски го пцуевме сите, па тој ја решаваше утакмица со нашиот јужен сосед. Тоа да, дека до сеа Филип добил премногу шанси и скоро и да се нема докажано, но верувајте дека може да се верува у него. Ако памтите како изигра со Унгарија и тоа без да игра Кирил, беше најдобар стрелец на тие два дуели. Сеа на Загреб им зачукал 7 гола, а Загреб загубија еден гол разлика од европскиот шампион. Да бидеме реални, друга замена на таа позиција скоро и да нема. Стојановиќ може и не би бил право решение, не за џабе немаше клуб едно време, веруам дека Вардар и Металург (посебно овие кои форсираат репрезентативци) би го зеле у екипа да можеше да се извлече нешто од него. Голманиве многу пати до сеа се докажале. Посебно Диви ако го прифатат тие неговите :icon_mrgr::icon_mrgr:. Димовски одличен играч е уште, многу ќе ни треба тоа искуство, ретко промашува од 6 метри, и назачки да шутне гол ќе даде. Тоа е предноста на ваков играч. Бековите се у доста добра форма, крилата стандарт. Затоа ајде малку оптимизам, имаме доста добра репрезентација, плус додадете го домашниот терен. И верувам сите навивачи, а не семкари. Тоа е многу важно посебно у ракометов. Знаеме сите како им се треселе рацете на противниците при нивни напад на наши свирежи, и како сме давале голови со ветер во грб на играчите од страна на нас навивачите. Затоа (y) и малку позитивна енергија.
Реалност,не песимизам.Да бев песимист ќе кажев дека немаме тероија за втор круг,јас напротив верувам дека дечките можат да стигнат во втор круг,но за понатаму треба нешто повеќе.Треба поголем квалитет и барем јака стартна постава.Нешто што во кошарка имаме,немавме имиња,но имаме доста добри,а потценети играчи.
Го спомнуваш Филип Лазаров дека му тргнало.Против Унгарија пола од головите и повеќе ги даде од пенал, сега со Загреб неам појма колку дал од пенал.Па и ги дал сите од игра,тоа се кај него повремени блесоци. Едноставно Филип не е добар играч.
Тимот е горе-доле ок,една просечна репрезентација која ако има свој ден може да победи и доста подобри. Реално можеме да се надеваме на втор круг,али ни испаѓање со сите порази не е трагедија,бидејќи не за џабе сме ние во 4ти шешир и не за џабе сме повремени учесници на големите првенства.
 
М

Мартин`

Гостин
Иначе јас да прашам додека стојам со пари добро, има карти некакви или буквално сите се продадени за нашите 3 натпревари ?
Немора од најефтинтие важно ме интересира дали има и од кај можам да земам ..
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
Нели и Мисовски ке биде голман.. во списокот го немаше..
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.986
Поени од реакции
16.425
На првата прозивка во Скопје денеска се појавија голманите Ристовски, Ангелов и Митревски, крилата Алушевски, Темелков, Мојсовски и Манасков, кружните напаѓачи Димовски, Стоилов и Марковски, и бековите К. Лазаров, Митков, Мојсовски, Миркуловски, Стоилов, Ангеловски, Ф. Лазаров, Марковски и Кукоски.
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Иначе јас да прашам додека стојам со пари добро, има карти некакви или буквално сите се продадени за нашите 3 натпревари ?
Немора од најефтинтие важно ме интересира дали има и од кај можам да земам ..
Види си во Папилон, таму требаше да им стигнат.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Во Македонски Спорт има напис дека Миркуловски нема да игра на турнирот во Норвешка. Така ли е?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom