Работата е во тоа што никој од оние луѓе кои реставрираат некои коли, или други старудии НЕ САКА како што велиш, бабата од 90 години да изгледа како 20 годишна девојка, туку сака она што го реставрира да изгледа онака како што изгледало некогаш кога било ново, и е горд со тоа што го постигнал.
Тоа е застарена технологија и годините и се тие што се. Во ред се тоа.
АМА!
Некои луѓе уживаат во тоа.
Уживаат во хромирани браници... во чувството кога во некое ладно утро го подигнеш саухот, нашприцаш бензин во карбурот, и ја палиш...па полека спушташ... церемонии...
Се навраќаш лично и интимно во времето кога колите беа коли, а не компјутерско механички мутанти.
Економска страна... да, се согласувам дека реставрацијата, или барем озбилна поправка е скапо хоби. Но се живее за ќефои. Животот е краток.
Новата кола ја имам како превоз од точка А до точка Б. Чисто да ме служи. Најверојатно за година- две ќе ја продадам и пак ќе земам кола, нова... за од точка А до точка Б.
Ама... немам мерак по неа.
Меракот е по нешта постари од мене.
Нема поубаво чувство кога враќаш нешто од мртвите, или барем го будиш од кома, а после седнуваш во него и крстосуваш.
Ако е за тебе тоа губење време и пари, во ред. Твое право твој избор.
Но, тоа не ти дава за право да им се мешаш на другите во изборот или да го омаловажуваш тој избор.
Џиш, одлично оди тоа твое мече
Очекуваме да видиме некое пресно сликиче... И, сепак, јас би ставил Барок 14-ки.