Реставрација : Mercedes Benz w123 240D

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Тоа е тоа друже.За 2000 -3000 евра ќе си нашол иста таква,
То ти така велиш. Јас велам дека ќе земиш авто отпад увезен од германија со минимум 300.000 км, и за 1 година возење ако си среќен на тие 3000 евра ќе дајш 1000 евра за сервис. Недај боже да има 400.000 ти откажи турбо или пумпа за висок притисок.

Ако прајме муабет за наоѓање на ист таков примерок... тие што се зачувани, не се продаваат. А да дам 2000 евра (читај 1700 евра појќе) за исто возило како тоа што го зедов, само бојата му била сјајна и гумите биле сите 4 исти, нема шанса.

а за стара кола или класика не би трошел време и пари а каде е нервозата
Која нервоза? Мене ми е задоволство кога му ја враќам душата на возило кое го изгубило својот сјај со тек на време. А тоа што ти не би трошел пари на класика - стара кола, е индивидуален момент. Никој не те тера, затоа секој си има право на избор. Некој сака класика, некој сака спортско, некој сака спортска класика која испаѓа мотика тјунинг.

Јас побрзо би ги дал за нешто од калибарот на Мерцедесот отколку за некој стајлинг/тјунинг на Калибра (пример).

Со 4000 евра одам у салон ги давам учество 30-40% останатото на рати и земам гланц нова кола и 400.000-500.000 км па ич да не му ја мислам наредните 10-20 години
Според ова шо го кажваш, тие 4000 евра можиш да ги дајш и за учество за стан... ќе си плаќаш рата од 700 евра месечно пример, и готово. Шубо лесна е математиката на лифче и на форум. Ела собери 4000 евра да те видам + плаќај 150-200 евра месечно во наредните 5 години, за возило во кое неможи 5 души од Битола до Скопје да се однесат без некој да не плачи како му е тесно назад.

Мада, да речиме дека е така. Со моменталните конструкции на возилата, ретко која од возилата до 12.000 евра (нова) ќе изоди пола од километражата што ја имаш напишано. Ги гледам, за 4 години почнува вода да им влегува во фаровите/штоповите, траги на корозија јавуваат на 7-8 години. А тоа што ќе возиш малишан, наместо висока класа, не го спомнувам.
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
^ најлоша работа е на лаик да му објасниш зошто возиш според нив "скапаници" а незнаат дека самите се тркалаат во кршови извозени кој во секој момент можат да се распаднат. Не го знаат чуството да се возиш во кола која сам си ја составил и знаеш дека секое делче на нејзе е исправно.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
^ најлоша работа е на лаик да му објасниш зошто возиш според нив "скапаници" а незнаат дека самите се тркалаат во кршови извозени кој во секој момент можат да се распаднат. Не го знаат чуството да се возиш во кола која сам си ја составил и знаеш дека секое делче на нејзе е исправно.
Е шо да му прајме... шо е до мене ќе се потрудам. Негово е да свати, ако можи. Ако не, со инка неможам да му турам :)
 
Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
неможеш, него не сум го видел мерџото низ град, го возиш, до каде си? да те потсетам не ке е лошо да му удриш една фотосесија како што е комплет цел со се лајсни итн. секако доколку ти е готов
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Мерџото нема да го видиш низ град додека не е 100% фит. Моментално работам на проблематиката теписони, и го носам на регистрација (да неречам се маткам, чекам плата, па да го регистрирам).Исто така пред да почнам да го возам ми остана да променам масло во диференцијалот и менувачот и тоа е тоа. Ќе го гледаш низ град, за брзо :)

Лајсните ги немам уште (нажалост) и прва релација по регистрацијата ќе ми биди Битола - Тетово, пошо таму има едно чоече шо има растурени 20 мерцедеси како мојо. Се јавив на телефон, ќе најди се, само треба да се повозам до таму. А резерварот ми е полн со нафта, желба за возење колку сакаш, уште регистрацијата ме кочи :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин

i suma sumarum kolku te fati celava restavracija ?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Според ова шо го кажваш, тие 4000 евра можиш да ги дајш и за учество за стан... ќе си плаќаш рата од 700 евра месечно пример, и готово. Шубо лесна е математиката на лифче и на форум. Ела собери 4000 евра да те видам + плаќај 150-200 евра месечно во наредните 5 години, за возило во кое неможи 5 души од Битола до Скопје да се однесат без некој да не плачи како му е тесно назад.

Мада, да речиме дека е така. Со моменталните конструкции на возилата, ретко која од возилата до 12.000 евра (нова) ќе изоди пола од километражата што ја имаш напишано. Ги гледам, за 4 години почнува вода да им влегува во фаровите/штоповите, траги на корозија јавуваат на 7-8 години. А тоа што ќе возиш малишан, наместо висока класа, не го спомнувам.

Уште 2-3 години не размислувам за ново возило,бидејќи имам цитроен ксантиа од далечната 1995 година купена од салон со поминати 300.000-400.0000.Стара е 16 години плус 2-3години сума сумару 18-19 години.По 1000 евра у банка секоја година тоа се 19000 евра, а за 19000 евра богами имаш доста голем избор во кој моежеш да бираш дали ќе одиш со 30-40%учество или ќе плаќаш у кеш и во кој 5 души нема да се туткаат и кукаат како на пример у Citroen C4,C5,C6,Peugeot 308,3008,407,4007 итн................ Вода у фарови влага ако е удрено,чукнато,скршено стакло исто и каросеријата ако е чукната закачена удрана саглам па крпена китирана и фарбана нормално е оти ке се јави корозија.
Шо мислиш твојата класика направи сам плус китирана крпена фарбана колку ке издржи
Секој има право на избор шо да избере.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.425
Поени од реакции
16.727
Нема поента докажувањево.
Човекот има желба да го реставрира возилото и тоа е тоа. Некој сака модерно, некој сака класично.
За вкусови не се дискутира.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
i suma sumarum kolku te fati celava restavracija ?
Груба математика колу 3500 евра. Без ниту денар за потрошеното мое време, труд и енергија.

Шо мислиш твојата класика китирана крпена фарбана колку ке издржи
Глеј вака... мојата класика издржала од 78 до 2011. Твојата нова, прво тоа треба да го издржи, па да ги споредваме. Мада јас би ти рекол дека ќе испрати една нова Фиеста/Корса/Клио... твој избор.

Од друга страна, на Мерцедесот и немаше којзнае што за китирање... Доби нови врати, нови крила, нови венци, нови прагови. Уште едно 10-15 години ќе се тркала без никаков проблем.

Патем, читни кое возило го држи гинисовиот рекорд во изминати километри, па ќе прајме муабет.

Секој има право на избор шо да избере.
Околу вкусови не се дискутира, по нив се плука.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Нема поента докажувањево.
Човекот има желба да го реставрира возилото и тоа е тоа. Некој сака модерно, некој сака класично.
За вкусови не се дискутира.
Друже ја не реставрирам,давам на поклон на близок или ја фрлам у отпад и остаам на друг да реставрира
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Друже ја не реставрирам,давам на поклон на близок или ја фрлам у отпад и остаам на друг да реставрира
Е арно де... не те натера некој да реставрираш. И цитроенот, фрли го во отпад, купи си нова. Ќе му напрајш на некој ко мене огромна услуга.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.425
Поени од реакции
16.727
Друже ја не реставрирам,давам на поклон на близок или ја фрлам у отпад и остаам на друг да реставрира
Бравос, сакаш да кажеш дека си многу заебан и не ти ги бере парите по џеповите па дојде да ни се пофалиш.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Бравос, сакаш да кажеш дека си многу заебан и не ти ги бере парите по џеповите па дојде да ни се пофалиш.
Да бе,досадно е само да трошиш пари,мора и на друг начин да се троши времето
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Да бе,досадно е само да трошиш пари,мора и на друг начин да се троши времето
Дечко оти бре толку му се запна на економскиот аспект? Нели гледаш дека човекот ужива во работата, како некој шо ужива да чачка по компјутери, некој да црта, друг да дрнка на гитара... дечкото ужива да чачка на коли. Не е ни прв, ни последен а најмалку единствен шо го работи тоа. Друг е филингот да средиш кола, друг е да ти ја нацртаат пред куќа и вози. Јас лично не сум мераклија на таков тип на коли, од старите коли повеќе спортските ги симпатизирам, а сепак повеќе би одел на нова полу-спортска, но тоа сум јас а ова е за поздравување и почит. Сетики ти ќе ја возиш колата па му се запна, цела економија му направи.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Дечко оти бре толку му се запна на економскиот аспект? Нели гледаш дека човекот ужива во работата, како некој шо ужива да чачка по компјутери, некој да црта, друг да дрнка на гитара... дечкото ужива да чачка на коли. Не е ни прв, ни последен а најмалку единствен шо го работи тоа. Друг е филингот да средиш кола, друг е да ти ја нацртаат пред куќа и вози. Јас лично не сум мераклија на таков тип на коли, од старите коли повеќе спортските ги симпатизирам, а сепак повеќе би одел на нова полу-спортска, но тоа сум јас а ова е за поздравување и почит. Сетики ти ќе ја возиш колата па му се запна, цела економија му направи.[/quote

Сето тоа е во ред,само не се раеставрира возило да го употребуваш,туку тоа се чува како уникат у гаража
 
Kajgana Shop

На врв Bottom