Зошто очекував уште еден хипстер од вампир кој не пие човечка крв и е похуман од самите луѓе? Знам, реков ќе ја гледам зимава оваа, ама ѕвездите се наредија, другарка
ми ја даде на уесбе, интернетот минав и изгледав 5 епизоди.
Јас се лутам кога True Blood ја именуваат како твајлајт срање и се надевам нема вие мене да ми се лутите кога ќе кажам дека оваа е далеку, далеку поблиску. Клише почеток. Емо вампир, друг awesome кој сака да го натера да живее како монструмот кој е. Девојка која ќе се најде во средина, или нашла во случајов, either way, како и споредните карактери. Младиот Joaquin Phoenix-lookalike ми е океј засега, дека не е многу тешко да се глуми loner, мистериозен dot dot dot, Брат му пак, уште од Lost ми се допаѓа како глуми, а овде совршено се совпаѓа со улогата. Не дека паѓам на bad boys (ерик од true blood anyone?) и онака, дека е кул лик, самошто баш ја доловува онаа нијанса, разлика која треба во компарација со брат му. Освен што нема дебела девојка во серијава, дури и мажите се убави, да кажам која ми остави најголем впечаток, глума-wise. Каролина. Не ја глуми онака, површно наивната и глупава плавуша, туку осеќам некоја посветеност и дека е баш обратно од тоа што глуми irl.
Ќе продолжам да ја гледам, ми фали тaa supernatural тензија, после true blood, ама единствено ме држи заинтригиран е приказната позади браќата. Драмата е леејм. Океј, и убаво е да се гледа помалата слатка верзија од Sloan oд Entourage, Eлена.