Шампионееее, шампионееее аеоеаеоаеоооооо

Одлична утакмица денеска. Само доказ колку сме помоќни од лани, и одраз на тоа колкава е разликата меѓу екипите од прва и втора лига.
Ладич утакмица. Прво полувреме бев на запад, второ отидов да погледам малку од јужна

Убаво навивање во цел меч, иако имаше едвај 150-тина Комити (мада на вакви мечеви и тоа е доста добро). Особено во вториот дел многу убаво звучеше кога се пееше Шампионе, шанпионееее

Којзнае како грмиме кога сме по 500 души, чим ова на јужна ми се слушаше како 1 000 луѓе да го пеат

Мора да го пофалам тапанот. Осдличен тапан сме земале...

Инаку на цел стадион имаше околу 300 гледачи...
Што да секаже... ВАРДАР-тиквеш 6-1 (4-1)...
Враќање со камата

Каснев 15 минути и не ги видов првите три гола. Бев на 200 метри од стадион кога скушам, Вардар води 1-0. Таман се приближив слушам 1-1 (израмниле од слободен), таман да влерзам одново радост кај нас и 2-1...
Ако добро разбрав првите два гола беа дело на Филип Петров, а негово дело беа и следните два гола

Така да, ако е вистина дека он ги дал првите два гола (а ми потврсдија бајаги луѓе), Петров денес даде 4 гола

Настапивме во доста солиден состав.
Захов на голот, Мичка, Бојовиќ, Вајс и Вељановски во одбрана, Пандо, Ранѓеловиќ, Лико, Петров и незнам уште кој беше во средина и во нападот Филип Ивановски

Петров овој пат не беше крило, туку мислам играше одма зад Ивановски.
При третиот гол Лико нафрли, Петров погоди со глава.
При четвртиот гол, имавме убава акција од десно, добра топка во празно кон Петров и овој стрелаше за 4-1.
Петиот гол го дадовме од пенал, откако Али дсаде топка во празно за Петров овој беше соборен во шеснаесдетникот и Фичо лесно погоди...
При пеналот, гостите ќе го потепаа судијата. Незнам што се бунеа кога онака беше се гоптово. Еден од гостинските играчи дури одглумки дека е мавнат од судијата и падна како покосен. Драми...
Одма стана...
Незнаев дали да плачам или да се смеам

Потоа Лико дојде до својот заслужен пшогодок. Уживаше во мечот./ Си правеше што сака со противничките играчи. Овој гол за чудо го намести Али, кој продре од страна врати на пет метри а Лико сигурно реализираше.
Во вториот дел Али влезе место Ивановски, Ацевски место Ранѓеловиќ, и извесен Ален Мургиќ наместо Пандо.
Што утна младиов Мургиќ не е свесен. Од три метра беше сам и успеа да го погоди само паднатиот гостински голман. Имавме уште многу шанси за да постигнеме и двоцифрен број погосдоци, ама гостинскиот голман беше на ниво.
И они имаа две прилики во вториот дел, но Захов одлично спаси.
ТОРПЕДИРАЊЕ

Десетки за Петров и Лико
