П
Паспарту
Гостин
Кошаркарите за пример!
Влатко Грозданоски
Email: vlatcegrozdanoski7@yahoo.com
Поздрав од мене спортска Македонијо... И веднаш, да Ви го честитам големиот празник, 20 години осамостојување, државата да ни биде вечна и да даде Господ што почесто да се радуваме на успеси, какви што изминативе денови ни приредуваат кошаркарите.
Мора искрено да им се честита, играат храбро, со големо македонско срце, а сето тоа го надополнува и извонредниот Бо Мекејлеб. Можам да кажам едно големо „Браво“ за сите Вас таму во Литванија, а јас одовде, заедно со цела МАКЕДОНИЈА, ќе навивам и ќе ве бодрам до крајот.
Еве ме со колумна во новиот спортски е-весник ЕКИПА, благодарност до редакцијата за поканата што ми ја упати, и се надевам дека ќе се дружиме верно во периодот што следи.
Фудбалот ми е во крвта, ама ова се денови на кошарката и навистина сум импресиониран од досегашниот настап на македонската кошаркарска репрезентација. Немаат комплекс, уверени се во своите квалитети и токму затоа успесите се редат. Треба да ни служат како пример и на нас, фудбалерите. Навистина е така...
Посакувам еден ден Македонија да биде дел од Европско првенство и во мојот спорт. Отидоа шансите за ЕП 2012 во Украина и Полска, ама кошаркарите покажаа дека „Македонија може“...
Можеби ќе биде подобро со новиот селектор Џон Тошак. Да веруваме во тоа, затоа што се работи за искусен стратег, име и презиме и во светски рамки. Ако бил тренер на Реал Мадрид, тогаш дефинитивно треба да ни биде чест да ја води и Македонија. Но, потребна ни е и многу повеќе работа за да успееме во нашата намера.
Мене ми е драго што повторно се вратив во националниот тим. Не заиграв против Русија и Андора, но бев тука, во националниот тим. Го очекувам својот јубилеј, 50-ти настап во дресот со државниот грб. Да се носи дресот на Македонија, тоа е посебно чувство. Ако сите вака размислуваат, можеме да направиме многу повеќе...Треба само да го следиме патот на кошаркарите...
Не можам во првата моја колумна да не го споменам и Вардар. Едвај чекам повторно да заиграм за мојот омилен клуб. Многумина ме прашуваа, посебно новинарите, како одеднаш се решив да се вратам во Вардар, кога неполн месец претходно потпишав за Работнички. Не знам за другите, ама за мене Вардар е посебен, единствен...едноставно не можев да одбијам...
Едвај чекам да заиграм...Тешко беше во изминатиов период, паузирав, тренирав и ги броев деновите...Остана уште малку, до 18 септември. Тогаш добивам право на настап. Подготвен сум да бидам дел од новиот Вардар, да дадам свој максимален придонес во неговата регенерација, воздигнување, враќање на шампионските патеки...Ќе биде Вардар повторно голем, верувајте!
Толку од мене, како за прват. Ќе се дружиме често, а во меѓувреме, навивајте за Македонија, бодрете ги кошаркарите и следете го македонскиот фудбал. Само така можеме да одиме напред!
http://www.ekipa.mk/Article.aspx?articleId=11
--- надополнето: Sep 11, 2011 9:03 PM ---
Само ова успеав да најдам
http://www.soccerway.com/players/igor-trajkov/155378/