Ова е тимот што сезонава се надеваме дека ќе биде најуспешен:
ФК Вардар, есенски дел 2011та.
Единствено мислам дека има грешка на оваа фотографија со тоа што Лико не е вметнат овде во првиот состав.
За утрешниот меч со Брегалница, најверојатно вака и ќе изгледа составот
Со мали промени со оглед на тоа што нема да настапи Оса, веќе нагласивме Лико треба да биде прв состав, иако тоа не е така погоре на оваа имровизирана идеја, згрешиле тие што ја демонстрирале оваа идеја. И веројатно Остоја Степановиќ ќе игра доколку се е во ред со документите.
Инаку за понатамошниот дел, кога ќе се врати Оса, гледам дека ќе има проблем да играат во прв тим и Оса и Степановиќ одеднаш. Односно доколку тие играат, тогаш во средината ќе треба да отпадне некој друг од досегашните стартни 11 луѓе.
На змискиот преоден рок, треба да земеме барем според мене најмалку 3 квалитетни засилувања, односно еден играч во одбраната, еден играч во средина и еден играч во нападот. Во средниот ред сега за сега располагаме со супер играчи дури и реално еве сега кога ги имаме Грозданоски и Остоја на слатки маки е тренерот бидејќи има преголем фонд на играчи за во средината, но сепак треба да се мисли и за понатаму, впрочем треба да се има и клупа, со квалитетни играчи, ќе има битка за титулата со Металург, Работнички и Шкендија, така да треба да се мисли за понатаму дека ќе има периоди со казнети, повреди играчи итн.
Значи се е како што треба, останува вака да продолжат играчите како до сега, со неколку засилувања во зимскиот преоден рок, да стигнеме до крајот на ова првенство и да ја прославиме 6тата титула а веднаш потоа и во Европа да им покажеме на сите како се игра !
МОЖЕМЕ СО ОВИ МОМЦИ, МОЖЕМЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ТОА !