Вистинско другарство, постои ли?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276

• Tαммι •

Гостин
Зарем уште постојат вистински пријатели?
Зошто такво мислење, зарем немаш вистински пријател?
Иначе да имам 2ца вистински пријатели. Буквално ние 3ца сме постојано заедно и само тие двајца можат да ја препознаат тагата додека другите веруваат во мојата лажна насмевка. Ја знаат секоја моја реакција и секоја болка заедно ја споделуваме.
Знам дека во денешницава ретко ги има оние вистински пријатели, но ете јас ја имав таа среќа да имам два прекрасни пријатели кои ги сакам како брат и сестра. Подобро неколку вистински пријатели, одколку повеќе лажни. ;)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
А тие што немаат куче? :)

Има, но многу ретко се наоѓаат денес. Сите од тебе гледаат некаква корист и кога ќе бидат исполнети ќе ти забијат нож в грб. Сепак, внимателно треба да ги избираш и на кои ќе им откриеш многу работи за тебе. Имам неколку такви кои буквално сѐ знаат за мене и тоа е круг на луѓе во кој многу е тешко да влезе, барем кај мене. Сѐ друго се обични другари и пријатели кои ги боли уво за тебе и попрво би те собориле на земја и исклоцале.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
.. вистински пријател зависи каква илузија имаш за пријател. Јас од вистинскиот пријател не очекувам многу, доволно е да сме заедно во сите среќни моменти, да ме цени, да не ми работи зад грб и да не ме лаже. Е сеа ако некој сака.. пријателот да гледа за него повеќе од себеси се лаже. Факт е дека секој се сака себеси и гледа за себеси повеќе од другите.
Јас имам повеќе вистински пријатели кои пак се дел од едно друштво кои се дружиме веќе 6 години на никој не сум му замерил нешто повеќе. Е сеа секогаш ќе има различни мислења и љутења, карања ама тоа трае еден ден само, и тоа го прави пријателството уште поцврсто.

Дали имаш вистински пријатели или не зависи од тебе не од другиот, колкава толеранција имаш, колку знаеш да ги прочиташ луѓето и да попушташ. Често пати инатот е причината поради кои најдобри другари со години не контактираат.

Јас сум повеќе од задоволен од моето друштво :)
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Среќна сум што можам да кажам дека сум опкружена со луѓе кој го слушаат моето молчење погласно од било кој. Што ја гледаат тагата во моите очи и покрај насмевката која не може да се промаши на моето лице. Што ме читаат како селски буквар и секоја моја гестикулација и мимика ја препознаваат и знаат што значи. Што точно знаат кога да зборуваат и кога да молчат, кога да ме остават сама и кога да не се одвојат од мене.
Да, имам вистински пријатели и ми значат повеќе од било што на светот, најголемото мое богатство.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Велат: Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите други и веруваат на насмевката на твоето лице!

или пак: Вистински пријател е човекот...Со кого ти е добро дури и кога и двајцата молчите.
Според ова имам само еден вистински пријател.. Подобро со 1 вистински отколку со 100 лажни..
 
M

M del Mar

Гостин
Иначе да имам 2ца вистински пријатели. Буквално ние 3ца сме постојано заедно и само тие двајца можат да ја препознаат тагата додека другите веруваат во мојата лажна насмевка.
Ако пријателите се постојано заедно не значи и дека се секогаш вистински ;)
 

• Tαммι •

Гостин
Ако пријателите се постојано заедно не значи и дека се секогаш вистински ;)
Да во право си..сакав да кажам дека се дружам со нив 5 години и ни еднаш не сме се искарале или да ме навредиле...да ми кажале нешто погрешно. Кога и да ми требаат се тука, кога и да ги побарам знам дека ќе дојдат и ќе ми помогнат. Знаат и да ми кажат кога грешам и да ми дадат совет и слично.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Среќна сум што можам да кажам дека сум опкружена со луѓе кој го слушаат моето молчење погласно од било кој. Што ја гледаат тагата во моите очи и покрај насмевката која не може да се промаши на моето лице. Што ме читаат како селски буквар и секоја моја гестикулација и мимика ја препознаваат и знаат што значи. Што точно знаат кога да зборуваат и кога да молчат, кога да ме остават сама и кога да не се одвојат од мене.
Да, имам вистински пријатели и ми значат повеќе од било што на светот, најголемото мое богатство.
Богатството никогаш не е во парите, туку во пријателите.

Одсекогаш сум имал пријатели на кои да се потпрам, пријатели кои знаат кога да зборат, но побитно кога да ќутат. Имам и од оние “пријатели“ со лажна насмевка, користољубиви паразити, ама шо има везе, јас одлучувам дали тие ќе добијат нешто или не. Побитни се оние што се тука коа треба да бидат.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Жално е шо кај нас ( или барем околината во која сум опкружен ) за пријатели се рачунаат оние со кои чекаш Нова Година или 1- мај. Имам неколку вистински пријатели... За мене вистински пријател е оној со кој не си се видел милион години а кога ќе се видете ви се чини дека прошло само миг.
Само така малку цитати ( со кои потполно се сложувам) ...

" 1. Пријател е некој кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и денес те прифаќа онаков каков што си.
2. Пријателите ги создава среќата, а несреќата ги проверува.
3. Немој да одиш пред мене, можеби нема да можам да те следам. Немој да одиш позади мене, можеби нема да успеам да те водам. Само оди до мене и биди ми пријател.
4. Пријателството е една душа што живее во две тела.
5. Пријател е оној кој знае се за тебе, а сепак те сака.
6. При изборот на пријателот биди бавен, при промена уште побавен.
7. Дружи се со оние кои ќе те направат уште подобар човек.
8. Судбината нам ни ги дала родителите, пријателите сами си ги бираме.
9. Многу луѓе ќе поминат низ твојот живот, но само вистинските пријатели ќе те сакаат и ќе остават трага во срцето.
10. Колку и да е ретка вистинската љубов, уште е поретко вистинското пријателство.
11. Пријателството е како парите, полесно се стекнува, потешко е да се сочува.
12. Животот без пријатели е ништо.
13. Пријателот се сака онаков каков што е, а не онаков каков би требал да биде.
14. На цветот му е потребно сонце, а на човекот љубов и пријателство."
[кот љубов и пријателство."
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Ми се има случувано оние коишто сум ги мислел за најдобри пријатели да ми забијат нож во грбот, па сега ми е малку тешко да го прифатам терминот "вистински пријател". Можеби и да има, не викам не, ама во нашата околина се се сведува на "вечни интереси", a не "вечни пријателства".
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Имав. Сеа се е од корист.
Но сепак имам! Мојата мајка и мојата сестра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom