Вистинско другарство, постои ли?

Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Според мене, да стане некој вистински пријател, (или како што си викаме најдобар другар/ка), не е доволно само да ти помогне кога ти е тешко. Побитно е и вистински да се радува на твојот успех и среќа, а тоа е мнооооогу ретко да го најдеш. Секогаш се меша зависта, која што ќе ти покаже дека не станува збор за вистински пријател.
Значи да сумирам, секако дека треба да ти помага кога имаш проблем, ама има луѓе тоа што го прават за да добијат контра услуга, затоа мислам дека ако Искрено се радува на твој успех, исто како и ти, тогаш стварно станува збор за вистински пријател. Јас такви имам 2ца во животов :) и доволни ми се.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Јас имам еден.

Не се знаеме којзнае колку долго, но засега пријателството ни е искрено и вистинско. Се надевам дека така ќе остане.
 
T

Tetro

Гостин
Имам двајца, и третиот е под истрага од пред некое време. Дали ќе остане достоен за верување, ќе видиме. ;)
 
Член од
4 јули 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Вистински пријатели ги има.... ама малку, а и тешко е да ги најдеш. Вистинското пријателство нема вредност = непроценливо е. Со вистинскиот пријател би ме насмеал дури и кога ми е најтешко. :)
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Имам една, покрај мајка ми која всушност ми е единствениот пријател без корист.Куче до сега за жал сум немала... Порано често размислував што би се случило доколку мојот живот биде во опасност? Уствари сите треба да стават прст на чело и да размислат што би се случило во случај кога еве на пример висат од некоја карпа на планина и единствениот начин да бидат спасени е некој да го ризикува својот живот за да стигне до тебе и да ти пружи рака...можда е безвеза примеров али само преку такви примери може да се стигне до вистинската слика на нештата и да се разбере како стојат работите. Стигнав до одговор дека ЕДИНСТВЕНО МАМА би го ризикувала својот живот за мене и би ризикувала да падне од карпа за да го спаси мојот живот. Ни роднини, ни другари, ни колеги, никој никој друг. Никој не те сака повеќе од родената мајка, а според мене некому да му бидеш пријател значи да го сакаш повеќе од себе или барем приближно колку што се сакаш себе си. Мене никој така не ме сака, а рака на срце ни јас не сакам никој до толку.Не сум видела такво пријателство освен на филм.Можеби воопшто не ни постои? хмм
Ма тоа другари, друуугарки ти реков ми рече...купишта....сите се тука кога им требаш - сите тие ќе ти го завртат грбот кога најмалку очекуваш, затоа јас веќе не очекувам ништо од никого.Имам само една другарка со која сум ептен блиска, си помагаме, секогаш сме тука една за друга - убоо си живееме што би рекле старите:D Не очекувам од неа, а ни она од мене дека би скокале од карпа една за друга да се спасиме, ама пак за тоа во однос на сите останати во наш видокруг солидно ни е другарството.
Задоволна сум и со толку.
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
A friend in need's a friend indeed, a friend with weed is better. True story.
 

tienly

Robbie, one and only!
Член од
6 октомври 2007
Мислења
60
Поени од реакции
5
Од моите 20 години постоење, 19 години, сум неразделен другар со една личност. 19 години во кои ни еднаш не сме се скарале за девојка, за позајмени пари, за извисување за на кафе и др. 19 години заедно, двајцата сме си згрешиле многу пати, многу пати сме си опростиле и уште многу малку ќе си простуваме, бидејќи после ова живеење заедно, живееме 2 тела како една личност!!!
 
S

Shimamoto-San

Гостин
Реткост.
Вистински пријател е оној кој што ќе ти ги отвори очите и пред најболната вистина за да ти помогне. Вистински пријател е оној кој освен што ќе биде со тебе во најтемните моменти ќе биде и во најсветлите.
И вистински пријател не е оној со кој што се гледате секој ден, туку оној со кој безразлика колку време се немате видено, се чуствувате како одсекогаш да сте биле заедно.
Можам да се пофалам со неколку такви.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Можам да се пофалам со две вистински пријателки кои ми имат помогнато во неволја (а и јас сум секогаш овде за нив).Другите се онака , за муабет.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Имам неколку пријатели....со кои до сега сме биле заедно во добро и во лошо.
Со двајца од нив сум заедно веќе 20 години, а со третиот се знам веќе 13 години...
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Зарем има уште вистински пријатели по светов? :unsure:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
Вистински пријател?
еве тест....
затворете го вашиот најдобар пријател и вашето куче во подрум на еден ден
тој што ќе се радува кога ќе ве види ... ТОЈ Е ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Тешко е да најдеш вистински пријател со чисто срце. Најчесто ќе бидеш опкружен со лицемери и себични особи кој ќе сакаат да искористат и да е понижат. Ова го напишав пред неколку месеци :
Цитирам
Цел живот бев во потрага за искрејно другарство, но наместо тоа во најтешките моменти до мене беа дволични, и користољубиви личности, кој јас ги сметав за најдобри другари ...Но времето ја симна маската и сите си го покажаа своето вистинско лице!!!
Секој ден си го поставувам прашањето: "Дали има вистински другари, и дали воопшто постои нешто такво, или е само мит"?!?!??!?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom