Жално е шо кај нас ( или барем околината во која сум опкружен ) за пријатели се рачунаат оние со кои чекаш Нова Година или 1- мај. Имам неколку вистински пријатели... За мене вистински пријател е оној со кој не си се видел милион години а кога ќе се видете ви се чини дека прошло само миг.
Само така малку цитати ( со кои потполно се сложувам) ...
" 1. Пријател е некој кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и денес те прифаќа онаков каков што си.
2. Пријателите ги создава среќата, а несреќата ги проверува.
3. Немој да одиш пред мене, можеби нема да можам да те следам. Немој да одиш позади мене, можеби нема да успеам да те водам. Само оди до мене и биди ми пријател.
4. Пријателството е една душа што живее во две тела.
5. Пријател е оној кој знае се за тебе, а сепак те сака.
6. При изборот на пријателот биди бавен, при промена уште побавен.
7. Дружи се со оние кои ќе те направат уште подобар човек.
8. Судбината нам ни ги дала родителите, пријателите сами си ги бираме.
9. Многу луѓе ќе поминат низ твојот живот, но само вистинските пријатели ќе те сакаат и ќе остават трага во срцето.
10. Колку и да е ретка вистинската љубов, уште е поретко вистинското пријателство.
11. Пријателството е како парите, полесно се стекнува, потешко е да се сочува.
12. Животот без пријатели е ништо.
13. Пријателот се сака онаков каков што е, а не онаков каков би требал да биде.
14. На цветот му е потребно сонце, а на човекот љубов и пријателство."
[кот љубов и пријателство."