Г
Грејвдигер
Гостин
60 "алфи" и "тигри" паднаа на психотестот
Од средата минатата недела, околу 600 припадници на специјалните единици "Тигри" и "Алфи" и ЕБР на МВР се на редовен систематски преглед. На првиот ден на систематскиот, тестот за психичка стабилност не го поминал ниту еден од 60 специјалци
Шеесетмина припадници на специјалните единици "Тигри" и "Алфи" паднале на психотестот на редовниот систематски преглед во градската болница "8 Септември" во Скопје. На првиот ден на систематскиот, тестот за психичка стабилност не го поминал ниту еден од 60 специјалци што се прегледувале.
Дознаваме дека тоа предизвикало паника меѓу специјалците оти може да го загубат работното место, па поголем број од нив вршеле притисок врз психолозите во болницата да го сменат медицинскиот наод.
Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека во тек се редовни систематски прегледи на припадниците на Министерството и дека немаат информации оти некој паднал на психотестот, бидејќи тие сe уште траат.
- Прегледите течат. Доколку добиеме известување од надлежните кои ги вршат медицинските и психолошките прегледи дека некој припадник на МВР не поминал на прегледот, ќе постапиме по наодите и тие лица ќе бидат отстранети од специјалните единици и ќе бидат распоредени на други работни места според нивните способности - изјави Иво Котевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавност.
Котевски демантира дека од Министерството вршеле притисок врз докторите да ги сменат медицинските наоди.
- Тоа не е точно. МВР ќе постапи по медицинските наоди на докторите. Ако некој од припадниците врши притисок да му се смени наодот, тогаш одговорноста е на докторите, а не на Министерството - потенцираше Котевски.
Специјалците требало да го направат редовниот систематски преглед во април, но поради изборите, тој бил одложен. Дневно се прегледуваат по 60-мина специјалци. Од средата минатата недела, околу 600 припадници на специјалните единици "Тигри" и "Алфи" и ЕБР на Министерството за внатрешни работи се на редовен систематски преглед во градската болница "8 Септември" во Скопје.
На 6 јуни, на плоштадот Македонија во Скопје, специјалец од единицата "Тигри" брутално, пред очите на многумина скопјани, со тупаници и клоци го усмртил 22-годишниот Мартин Нешковски, а случајот не го пријавил во полиција. Ова е последниот од серијата инциденти во кои беа инволвирани припадници на специјалните единици на МВР. Специјалците беа главни актери во случајот "Процес", потоа во убиството во кафеаната "Деспина", во инцидентот во Виница, кога во ноќен клуб петнаесетина "тигри" до смрт претепаа 22-годишно момче, а неколкумина други тешко повредија. Токму овие случаи ја наметнаа и дилемата дали некој ја контролира нивата работа и води грижа за нивната психофизичка состојба.
Тогаш министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека во специјалните единици на полицијата постои стручен тим кој ја контролира психофизичката состојба на припадниците на овие единици.
Двапати годишно МВР, покрај проверката на физичката подготвеност и познавањето на прописите, има и задолжителна специјална проверка за специјалните единици од психолог, околу нивната психолошка состојба. (Д.Д.)
Извор: http://www.vest.com.mk/?ItemID=676BCA8B4B18F44A8F30A6CC59524C8E