Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.734
Поени од реакции
49.265
Од сите банални ситуации кога Муџахедините од А1 и СДС реагирале ко да имаат добиено, ова е случајов кога стварно треба да се реагира и да се дига галама.

Вие сфаќате дека смртта на дечконо е “помалиот’’ проблем овде. Тоа може да се случи и случајно, милион убиства се случиле и од немарност по светов.
Ама тоа, да криеш ти леш, да лажеш јавност, да замајуваш луѓе, да замачкуваш фамилија е нешто што ни Штази ни Удба во најбоље дани не го правеле. Тоа го правеа во минатио систем, 20 години во овој новиов, вакво нешто не смее ни да се помисли, камо ли да се деси.

Мене искрено, родителите на дечконо не ме убедија баш многу дека се на место( како сака нека ви звучи ова) поготово татко му. Мислам дека беа спремни да го преќутат ова, и да учествуваат во “тровањето’’ ако не дојдеше ептен на очи на сите.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.664
И денешниот протест помина во најдобар можен ред. Од Мајка тереза се отиде пред собрание, каде со пароли го изразивме незадоволството према полициската бруталност. Протестот продолжи накај плоштад, каде што на местото на настанот сите запаливме по некоја свеќа. Потоа се отиде кај Рекорд па тука поминаа (ваљда другари на Мартин) со сликата во раце, што наиде на голем аплауз, и пораки дека протестите ќе продолжат секој ден. Имам само едно да кажам, дека во петок има да биде лудило!
На крајот се одржа говор одб страна на водачите по што беше поздравена оваа НЕПОЛИТИЧКА иницијатива која требаше да се случи многу години наназад, како резултатот на општиот хаос кој владее во државата!
Денес бевме над 1000 луѓе, можеби и 1500...
Да не беше дождот ќе бевме повеќе сигурно, вака ние што бевме наврнавме до гола кожа :)
Не се даваме, ДОСТА БЕШЕ МОЛК!!!
 
I

Intex

Гостин
Хм... Хм хм хм. Јас стварно не знам како да почнам со тебе. Значи, синоќа се избацуваш во темава, тотално неинформирана за случајов. Те цитираат неколкунаесет луѓе, и наместо да одебеш од тука, ти загазуваш во гомна сè повеќе и повеќе, со секој влегуваш во дискусија, и ставаш лајкчиња на секој пост во кој нема да биде спомнато твоето куче. И немој да ми реплицираш нешто во стил како на заратустра, пошто е лејм да си мислиш дека си ни опсесија или нешто.
Се плашиш да не му се слоши на грујо од протестиве? Протестиве се заради тоа што Котевски (кој инаку ми е најсекси тип во државава) се потруди да го затаи случајот. Претставници од МВР утрото присуствувале додека траела обдукцијата и била испитувана причината за смртта на Мартин, а Котевски неколку часа потоа вели дека немало пријавен таков случај. No shit, Evo. Па после како: еј да, имаме тело на 22 годишен тип, но нема траги на насилство и си починал од природна смрт, за на крај колку-толку да ја дознаеме вистината.
Смрди. Затоа се протестите.
Е тоа е тоа за кое јадам лајна од вчера.
Настанот е со политичка заднина.
И не ми кажувајте дека не е, немало плакати, немало ова, немало она.
Протестите за тутунарите кои ги организираше Рамковски у две и која и да беше не беа со политичка заднина иако немаше знамиња и плакати со политички натписи?
Ами штрајкот пред Влада на млекари, несубвенционирани?
Ако нема партиски етикети одма не е партиски?

Целата поента е јасна, некој глуми слеп и наивен.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
Жално е што постојат луѓе што сакаат да ја оправдаат крволочната акција.
Светот ќе беше убаво место за живеење ако немаше такви амеби. Сепак, нашето општество е изградено од ебени амеби. Од нив страдаме. Сето се случува од таквите.

А за случката конкретно, жал ми е за момчето. За друго не, оти ова не е удар на демократијата, оти не можеш да удриш нешто што не постои. Само скапоцен живот е изгубен.

Имам мислење (кое изгледа параноично), ама надлежните можат да одат толку далеку со случајот (што не ме чуди) па тој, осомничениот, да не е правиот убиец. Не е тешко: вадиш затвореник на 10 год. казна, го судиш на 8 за друго дело, и го ставаш внатре пак. Кој би знаел?

Се останато не е вредно да го искоментирам.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Е тоа е тоа за кое јадам лајна од вчера.
Настанот е со политичка заднина.
Продолжи си, па сподели искуства со нас...вкус,мирис,најадува не најадува...
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
За вас непрофитирање од смртта е да седите дома и да ќутите? Да Молчите како Иво? Да лажете? Тоа не е профитирање? Абе заспани едни убо ни праат.
Незнам за тебе, јас и вчера и денес бев присутен на протестот, си дојдов дома жива вода, сакам да се направат промени т.е. да се укинат т.н. специјални единици кои се без грам мозок, но како што реков премногу нечовечки муабети се изнаслушав од страна на одредени луге на протестот, па затоа повеќе не планирам да сум дел од истите. Се надевам правдата ке биде задоволена.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Жално е што постојат луѓе што сакаат да ја оправдаат крволочната акција.
Светот ќе беше убаво место за живеење ако немаше такви амеби. Сепак, нашето општество е изградено од ебени амеби. Од нив страдаме. Сето се случува од таквите.

А за случката конкретно, жал ми е за момчето. За друго не, оти ова не е удар на демократијата, оти не можеш да удриш нешто што не постои. Само скапоцен живот е изгубен.

Имам мислење (кое изгледа параноично), ама надлежните можат да одат толку далеку со случајот (што не ме чуди) па тој, осомничениот, да не е правиот убиец. Не е тешко: вадиш затвореник на 10 год. казна, го судиш на 8 за друго дело, и го ставаш внатре пак. Кој би знаел?

Се останато не е вредно да го искоментирам.
Вакви случаи има низ цел свет.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.974
Поени од реакции
45.266
Премногу се исполитизира работата, веќе нема да сум дел од ниеден протест. Незнам зошто се бара оставка од министерката...па ќе дојде друг министер и исти курац ништо не мења тоа...работата е да се натера да се направат некои промени во полицијата без разлика на тоа кој е министер, но како и да е премногу партиски војничиња гледав, премногу глупави муабети се изнаслушав.

На крај, почивај во мир Мартине , а оние кои сакаат да профитираат од твојата смрт, да ги снајде три пати полошо од тоа што те снајде тебе...
Објаснето е многу убаво зашто се бара оставка, основа за тоа има, негледањето на истата и тврдењето упорно дека истата не постои без притоа да се аргументира тоа тврдење е всушност политизирање и фаќање на страна, во случајов партија ...
Не барам ништо од тебе, само да ги погледнеш сите факти пред да излезеш со ставот дека ова е исполитизирана работа поради фактот што се бара Оставка, многу глупо звучи ова за некој кој гледа СЕ, а не она што му одговара само за да оправда одредена гарнитура.

После она што го направија овие два дена, и она и Иво го изгубија цел кредибилитет за да бидат дел од МВР, незнам дали си свесен ама прикривањето на криминално дело се казнува со закон, а Иво во Понеделникот токму тоа го правеше.
Сакаш да живееш во демократска држава, епа горенаведените личности мочаат врз таа демократија која ја бара народот и упорно манипулираат и вреѓаат интелигенција на истиот.

Ја немам ништо против оние кои размислуваат поинакво, ама ајде бре луѓе, аргументирајте си ги вашите ставови, а не само да се истрола на празно, ова е политизиран настан зашто се бара оставка. Ептен лејм обид за да токму вие всушност го исполитизирате сево ова, инаку реков и поназад, сакал некој или не, политички профитери ќе го користат ова али на протестиве ти тврдам дека нивниот број е минорен, да, ги има, неизбежни се, потенцирано е тоа, ама нивниот број е минорен, жалам, но не е можно они целосно да бидат искоренети, од било кој протест, за било која цел, ко муви на гомно се лепат, соочи се со тоа.

И сега што ? Зашто истиве се неизбежни ајде да не протестираме, ајде да бидеме World of Warcraft дебили пред компјутер и да бараме промени преку тастатурата и маусот ...
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Продолжи си, па сподели искуства со нас...вкус,мирис,најадува не најадува...
Хахахаха, абе партииве праат магии, луѓево со задоволство се хранат со лајна :LOL:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Момци смирено, не не принудувајте да ве смириме.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Антивласт протест е суштината на протест! Кажи ми еден пример во светот каде опресираниот протестира против опресираниот, работникот против работникот, сиромашниот против сиромашниот, студент против студент. Сите протестираат против АВТОРИТЕТ=Власт.
А онаа твоја поента болдираната, мојот одговор е НЕ! Освен оние бисерите кај нас што протестираа како студенти против опозицијата. Боже сачувај!
Не протестираат оти не оправдуваат туку попради стравот, полициската држава, пресметка со неистомисленици на било кој начин. Се плашат луѓето. И на крај протестите се организирани од оние најзафатените-младината. Тие самите ја осетиле бруталноста на полицијата врз себе. Зошто? Затоа што така се однесуваат кон нив. Тие се обично младите=копиљи, џанаци, навивачи, клошари со долги коси, широки фармерки, хеви металци дрогираши. А овие од единиците на мвр ги третираат како што сакаат. Зошто некој им наложил. КОЈ? Се разбира дека е власта.
Си изнатрупал многу глупости на едно место, а искрено мислам и дека и тоа ти е целта. Си се регистрирал пред 2 дена претпоставувам по партиска директива и само на оваа тема тролаш.
1. Како прво првата реченица е тотална утка. Заради такви како тебе и овој оправдан протест добива погрешна конотација. Не се протестира против власта секогаш, треба да се протестира против неправдата секогаш.
2. Која црна власт наредила да се однесуваат поедини полицајци така кон навивачи, хеви металци...

Верувај ми ја како навивач сум ја осетил полициската бруталност на свој грб и овде и у странство (Словачка) и тоа во двата случаи не бев крив, ама ја никогаш нема да генерализирам и да бидам против цела полиција туку против некои поединци, затоа што тоа им го должам. Бидејќи знам дека 2001 година се колнев да дојдат тие исти Тигри кај мене во Тетово на појачување и да ме заштитат и мене и мојата фамилија. За некој глупак што е сега убиец од Тигрите не можам и несакам да ги оцрнувам сите Тигри и да го избришам поменот за загинатите нивни припадници у Вејце кога плачев како мало дете. Ама можам да барам да биде фатен, да одговара убиецот и да биде осуден со соодветна максимална казна. А ти продолжи да тролаш понатаму по партиска директива, И на крај искрено сочуство до фамилијата, за која сигурен сум дека ништо не може да и го надокнади изгубениот син. Се надевам дека никој нема да го искуси нивното горко искуство.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.306
ми е мака да читам 113 страни, ама зошто го нападнал дечкото уствари.сигурно не отишол да го тепа за џабе, нешто имало сигурно.
знае некој ??
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
ми е мака да читам 113 страни, ама зошто го нападнал дечкото уствари.сигурно не отишол да го тепа за џабе, нешто имало сигурно.
знае некој ??
И нас ни е мака да ти одговориме, читај наназад.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom