Премногу се исполитизира работата, веќе нема да сум дел од ниеден протест. Незнам зошто се бара оставка од министерката...па ќе дојде друг министер и исти курац ништо не мења тоа...работата е да се натера да се направат некои промени во полицијата без разлика на тоа кој е министер, но како и да е премногу партиски војничиња гледав, премногу глупави муабети се изнаслушав.
На крај, почивај во мир Мартине , а оние кои сакаат да профитираат од твојата смрт, да ги снајде три пати полошо од тоа што те снајде тебе...
Ете ова е еден од малкуте постови на место на последните 20 страни..
Протестот треба да се пренасочи кон судскиот процес, а не кон бркање министерски мустаќи бидејќи така ама баш ништо нема да се реши. Сме го гледале тој филм многупати досега.
Единствената недоследност досега од страна на институциите како што е обидот за прикривање на убиство треба да биде главната смисла на понатамошните протести.
1. Да не се дозволи убиецот да се извлече со минимална или условна казна поради некое банално оправдување.
2. Најглавното:
Да се побара одговорност од сите лица (оној кој вршел увид и се потпишал на извештајот од МВР во кој се тврдеше дека немало траги на насилство, лицата кои му помогнале н аубиецот да го преместат телото но не го пријавиле) вмешани во случајот и против нив да бидат преземени соодветни дејствија т.е. да се создаде ефикасен систем на внатрешна контрола поврзана со прекршување на овластувањата во рамките на МВР.
Е тоа е тоа за кое јадам лајна од вчера.
Настанот е со политичка заднина.
И не ми кажувајте дека не е, немало плакати, немало ова, немало она.
Протестите за тутунарите кои ги организираше Рамковски у две и која и да беше не беа со политичка заднина иако немаше знамиња и плакати со политички натписи?
Ами штрајкот пред Влада на млекари, несубвенционирани?
Ако нема партиски етикети одма не е партиски?
За лајна јадење сите сме изгорени.
Ниту еден од протестите кои ти ги наведе не се покрена бидејќи СДСМ ги поддржа. Ниту оној на тутунарите, ниту на млекарите, ниту на студентите. Едноставно политиката (позиција + опозиција) на таков перфиден и лицемерен начин ги уништува граѓанските протестите што претставува вистинско чудо како сеуште има луѓе подготвени да излезат на протест.
Накратко за да се осуети еден граѓански протест треба да помине низ следните фази:
1. Опозицијата јаде .... за се си сешто во државата.
2. Народот започнува протест против одредена негативна појава.
3. Позицијата е во паника, опозицијата размислува како да ќари на грбот на народот.
4. На вториот, третиот собир меѓу оние што протестираат се појавуваат истакнати членови на политичките партии во опозиција, за да ќарат политички поени.
5. Владините партии протестот го окарактеризираат како опозициски, за да ја ослабнат поддршката од страна на народот.
6. Опозицијата го зголемува учеството на свои членови и симпатизери на протестите (протестот навистина преминува во политички).
7. Доколку ова не успее се организира контрапротест од страна на владата на кој излегуваат членовите и симпатизери на владејачките партии и вработени во администрацијата.
Епилог: Протестот е успешно елиминиран од страна на политичките партии.
Доколку некој сака некогаш да организира успешен протест треба најучтиво да ги замоли и да се погрижи истакнати членови на политички партии да не се појавуваат меѓу протестантите. Така вршат контрауслуга на засегнатите и себепромоција. Според се досега овие протести навлегуваат во финалните фази на организација на неуспешен политички обоен протест.