Ја почнав и јас „играва“... подобро кажано интерактивнава сложувалка.
И прв коментар досега: мееееееееееххх. Дури и полошо отколку што си мислев.
Значи правиш две работи во играва, си држиш W и таа самата те носи напред и си кликаш со левиот клик за да редиш портали (и со десниот одвреме навреме).
А хуморот... епа тој е споредна работа за игра ама и како таква не е ништо посебно. Она топкана со окото беше жива досадија, а ГлаДОС исто не е интереен/на/но. И/Му помина времето. Па уште ко слушнав некои глупи шеги што немаат смисла (или јас не ги сфатив хаха).