- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Wow , orange post ....iljadnici kilometri daleku od vistinataФрапантно е што некој се обидува да го пренасочи вниманието од криминалот на Велија Рамковски и да ќари политички поени заради нечиј спонтан абортус.
Во сите законодавства се притвораат и се затвараат бремени жени. Ова се практикува без разлика дали бремената состојба е во поодмината фаза или од само неколку недели. Бремените жени се пораѓаат во затвор, а секојдневно илјадници жени го губат својот пород од ред причини, објективни или субјективни во затвор.
Судството не треба да се обвинува за оваа лична трагедија. Бремена жена не е изземена од законот и не ужива имунитет.
Поентата е дека жената се наоѓа на место каде што според законот мора да биде, по налог на надлежна институција. За нејзиниот сегашен статус во притвор морала да мисли порано, пред да се впушти во активности заради кои била приведена. За тоа никој не може да ги окривува надлежните институции т.е. судот.
Секое политизирање на спонтаниов абортус -- какво што промовира А1 односно опозицијата во Македонија -- е најгнасно подигрување се личната трагедија на жената. Крадачите за кои што работела сигурно не ја жалат женава, како што сега се обидуваат да му наметнат обичниот свет да ја сожалува, односно да ја напаѓа владата.