Стварно греота за жената,глупо е сега на нејзина сметка овде да се препукуваме кој бил крив.Иако верувам А1 се среќни што ова се случи за да имаат што да јадат гомна.
Друго ме интересира кој е модератор во овој подфорум,да прашам смее ли да се отвори тема за Велија.Не политичка ами правна.Веќе кога има ваква тема која некои ја користат за (не) политичко поентирање.
Може да се отвори
секаква тема која е поврзана со правото, со неговото функционирање, спроведување и сл. Нормално, секое мислење кое содржи макар грам политичка зајадливост, оцрнување на било која личност, како човек, како индивидуа, со навреди, клевети, погрдни зборови, ќе биде избришана а
авторот ќе биде санкциониран.
Отварање на тема за некаков вид криминал, да, но
однапред осудување на лица (па макар биле тоа познати личности), нивно омаловажување, независно од политичката или социјалната определба,
нема да биде толерирано.
Затоа,
може да се отвори тема за Рамковски, но доколку уште на почетокот се почне со навредување, моментално ќе биде заклучена. Благодарам.
И уште една реченица во врска со правото, луѓе кои се во притвор се невини ,се додека...си знаете веќе...