Интересна дискусија се разви овде
Јас пак стојам на ставот дека Шпанија изигра послабо, иако на терен не изгледаше така. Што заради потценување, а најмногу заради тактиката на Отмар. Неколку тренери (зборам и на клубски план) покажаа дека фудбалот е многу повеќе од само трчање и дека тактиката е од огромна важност. Хицфилд на пример би бил одличен шахист
Е сеа за Шпанија...па овој пораз може ама и не мора да значи ништо. Колку пати сме имале вакви ситуации...Италија 94 загуби од Ирска во групата па стигна во финале, Аргентина исто (мислам против Камерун беше), во 90 г. и тоа како светски првак го загуби првиот меч во групата, па пак стигна до финале. Значи овој пораз може да делува многу позитивно за Шпанците ако гледаме од тој аспект. Но, тука име еден многу битен момент...Шпанија без разлика колку квалитетен состав има на големи натпревари, посебно на светско никогаш не покажала квалитет, можеби и до менталитетот ќе да е или лош тренер. (Иако сега мислам дека дел Боске заедно со Арагонес претходно се едни од најквалитетните селектори што Шпанија ги имала до сега)...Како и да е, ќе видиме наредните натпревари што ќе се случува, а сигурно ќе биде интересно
Сепак, првите натпревари донекаде покажуваат дека на фаворитите и нема да им биде така лесно, посебно против вакви екипи од калибарот на Швајцарија .