Група Х (Шпанија, Швајцарија, Чиле, Хондурас)

Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Еве и тука да го стаам линков.

Интересно, ама судиите не забелажаа, а богами ни никој од нас и од репрезентативците на Шпанија :)
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Најдобро нешто во оваа група е што второ и трето коло ќе мора да се растурат од голови ... Шпанија ќе оди со сите сили , Чиле исто така , Хондурас против Швајцарија ќе ја бара својата шанса а Швајцарците осеќам пак како денеска мирно и претпазливо во одбрана и ќе чекаат контра за да ги демолираат и следните противници!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Еве и тука да го стаам линков.

Интересно, ама судиите не забелажаа, а богами ни никој од нас и од репрезентативците на Шпанија :)
Да го поништеше голот, судијата ќе мораше да суди пенал за Швајцарија, бидејќи стартот без топка на Касиљас врз Дердијок беше пред Фернандес да истрча пред Дердијок и да се стави во офсајд позиција. Судијата всушност почитуваше предност.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Умирам за тој меч ...Шпанија-Бразил..се искинав од нервози кога изгубија од Америка во Купот на Конфедерации, не заради поразот од америка туку заради тоа што нема да ги гледам против Бразил..

Но ако Чиле ги тепа на Швајцарија, можно е сценарио 6 6 6 0 у група каде би одлучувала гол разлика и ке биде зезнато..
Не ми се верува. Некој некаде ќе заебе (или Швајцарија ќе им земе бодови на Чилеанците, или Чилеанците на Шпанците, или па некој ќе се избрука со Хондурас на рандом)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Да го поништеше голот, судијата ќе мораше да суди пенал за Швајцарија, бидејќи стартот без топка на Касиљас врз Дердијок беше пред Фернандес да истрча пред Дердијок и да се стави во офсајд позиција. Судијата всушност почитуваше предност.
А каде си видел да се дава предност во офсајд ситуација!!

Едноставно судиите беа збунети во тој момент :)
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Интересна дискусија се разви овде
Јас пак стојам на ставот дека Шпанија изигра послабо, иако на терен не изгледаше така. Што заради потценување, а најмногу заради тактиката на Отмар. Неколку тренери (зборам и на клубски план) покажаа дека фудбалот е многу повеќе од само трчање и дека тактиката е од огромна важност. Хицфилд на пример би бил одличен шахист :)
Е сеа за Шпанија...па овој пораз може ама и не мора да значи ништо. Колку пати сме имале вакви ситуации...Италија 94 загуби од Ирска во групата па стигна во финале, Аргентина исто (мислам против Камерун беше), во 90 г. и тоа како светски првак го загуби првиот меч во групата, па пак стигна до финале. Значи овој пораз може да делува многу позитивно за Шпанците ако гледаме од тој аспект. Но, тука име еден многу битен момент...Шпанија без разлика колку квалитетен состав има на големи натпревари, посебно на светско никогаш не покажала квалитет, можеби и до менталитетот ќе да е или лош тренер. (Иако сега мислам дека дел Боске заедно со Арагонес претходно се едни од најквалитетните селектори што Шпанија ги имала до сега)...Како и да е, ќе видиме наредните натпревари што ќе се случува, а сигурно ќе биде интересно :)
Сепак, првите натпревари донекаде покажуваат дека на фаворитите и нема да им биде така лесно, посебно против вакви екипи од калибарот на Швајцарија .
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Дел Боске изјави дека не било ништо готово и дека на мечевите против Хондурас и Чиле морале да забележат победа. Сево ова е нормално јасно ама останува прашањето што се случи со Шпанија на мечот со Швајцарија. Такво издание на Шпанија не сме гледале долги години.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Дел Боске изјави дека не било ништо готово и дека на мечевите против Хондурас и Чиле морале да забележат победа. Сево ова е нормално јасно ама останува прашањето што се случи со Шпанија на мечот со Швајцарија. Такво издание на Шпанија не сме гледале долги години.
Од лани, на Купот на Конфедерации кога изгубија прво од САД со 2 0 , а потоа се извлекоа во продолженијата за 3 место против ЈАР
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
:cuc: Алексис Санчез :cuc:

Чиле има секси тимче, уште кога ќе заигра и Чупете има да бидат одлични. Атрактивно играат и можеби по Германија ја пружија ако не најдобрата, тогаш најгледливата партија.

Се надевам и навивам да ја поминат групава.

За Шпанците веројатно е и добро ова, зашто медиумите створија дрим-тим од нив, ова им е за памет у глава.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Шок за Шпанија уште од страртот.Вакви биле-онакви биле,европски шампиони,неверојатна игра,им го дртна Швицарска.Уште еднаш се докажа дека не треба да се потценува противникот.Ќе биде интресно да видиме како ќе одиграат со Хондурас и со Чиле.Во предност е Чиле со Швајцарија заедно иако има 2 кола до крајот и тоа немора ништо да значи ...
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Во наредниве 2 меча Шпанија сигурно победува. 3+
Немаат Хондурас и Чиле тренер што ке ги постави играчите како Хицфилд со Швајцарија што направи :toe:
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Очекувам вечер Шпанија да му шибне најмалку 4 комада.......:)
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Е уште ова да не беше поништено ќе се смееше цел свет!
2:0 до крајот за Чиле... Шпанците ќе се во зезната позиција, Чиле доколку тепаат ќе имаат 6 бода, а во последното коло Швајцарија тепа со Хондурас.
треба да ги растртаат овие вечер.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Шпанија вечерва ќе си напрај гол-разлика добра и со минимална победа над Чиле ќе си биде прва во групата.Па после Бразил и Португалија нека се отепаат да ја избегнат.:)
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Убав натпревар Чиле-Швајцарија. Особено второ полувреме. Мораше Чиле да даде уште еден гол и затоа не се бранеа откако поведоа. Во ваква ситуација, ако Швајцарија го победи Хондурас, а Шпанија го победи Чиле со два разлика, тогаш си оди Чиле дома.

--- надополнето ---

Шпанија вечерва ќе си напрај гол-разлика добра и со минимална победа над Чиле ќе си биде прва во групата.Па после Бразил и Португалија нека се отепаат да ја избегнат.:)
Не мора да прави голема гол разлика против Хондурас. На крај најверојатно по 6 бода ќе имаат сите три, Шпанија, Чиле и Швајцарија. Во тој случај се гледаат само резултатите помеѓу тие три селекции.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom